Спорт
Бесниот Роналдо скрши мобилен на навивач на „Гудисон парк“, се извини на Инстаграм
Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо се извини на Инстаграм откако видно изнервиран скрши мобилен телефон на навивач по завршувањето на мечот против Евертон (1:0). Тој удри во раката на младиот човек кој го снимаше, телефонот испадна, а Португалецот продолжил со пешачењето кон соблекувалната.
По ова, тој се извини на социјалната мрежа Инстаграм.
“Никогаш не е лесно да се контролираат емоциите во вакви тешки моменти. Секогаш треба да имаме почит, трпение и да бидеме пример за сите млади луѓе кои ја сакаат оваа игра. Би сакал да се извинам за мојот испад и да го поканам навивачот да биде мој гостин и да гледа натпревар на „Олд Трафорд“ во знак на фер-плеј“, напиша Роналдо на Инстаграм.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хет трик на Довбик – Џирона со седм гола ја испрати Гранада во Сегунда
Во вториот натпревар од последното 38. коло на шпанската Примера, фудбалерите на Џирона ја декласираа Гранада со 7:0.
Џирона во голем стил ја заврши најуспешната сезона во клупската историја. Екипата од Каталонија е трета на табелата и наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.
Три гола постигна Украинецот Артем Довбик, кој сега е прв стрелец во лигата со 24 гола, еден повеќе од Норвежанецот Александар Серлот од Виљареал.
Во победата два гола постигна вториот Украинец Циганков, односно Гарсија и Стуани.
Спорт
Реал го прегази Олимпијакос, ќе ја брани титулата против Панатинаикос
Реал Мадрид ќе ја брани титулата в недела против Панатинаикос, откако во второто полуфинале на завршниот турнир во Берлин го победи Олимпијакос со 87:76 (28:10, 28:27, 15:21, 16:18).
Во второто полуфинале немаше никаква неизвесност. Слично како и во првото полуфинале, работите беа решени во рната фаза од натпреварот. Реал, во првата четвртина со шест тројки го торпедираше кошот на Олимпијакос и во вториот период влезе со предност од 18 поени.
Во ист ритам Реал продолжи и во втората четвртина, во која дојде до највисоката преднотс (54:29).
Олимпијакос се разбуди во второто полувреме, во еден момент, во последната четвртина со доближи на негатива од само осум поени, но Реал лесно го одби тој напад и на крајот заслужено победи.
Џанан Муса го предводеше Реал со 20 поени, Марио Хезоња постигна 12, а Гершон Јабуселе и Винсан Поарије по 11.
Кај Олимпијакос се истакнаа Алек Питерс постигна 23 со 10 скока, Шекил Мекисик 17, а Најџел Вилијамс-Гос 15 поени.
Финалниот натпревар Реал-Панатинаикос ќе се одигра в недела од 20 часот.
Спорт
Пандев во „Тимот на светот“, ќе игра против Романија 1994
Тимот на светот утре во Букурешт ќе одигра ревијален натпревар против „златната генерација“ на романскиот фудбал која остави фантастичен впечаток на СП 1994.
На Светското првенство во 1994 година Романија стигна до четвртфиналето.
Дел од тимот на светот ќе биде и Горан Пандев. Во овој тим се меѓудругите Дида, Маикон, Стоичков, Ривалдо, Панучи, Маркос Сена, Савиола, Карембе…
Во тимот на Романија ќе бидат Попеску, Димитреску, Лакатуш, Прунеа, Лупеску, Мунтеану, Дан Петреску…