Спорт
Волкановски го уништи „Корејскиот зомби“ во најдобрата победа во кариерата
Александер „Велики“ Волкановски по третпат ја одбрани својата УФЦ титула во перо категорија, „уништувајќи“ го Чен Сунг Џунг, фајтерот попознат како „Корејскиот зомби“ на УФЦ 273 во Џексонвил, Флорида.
Со нокаут во четвртата рунда, Австралиецот со македонско потекло ја обезбеди својата 11. последователна победа, која доје по три совршени рунди, покажувајќи дека во моментов е можеби најдобриот УФЦ фајтер. Во првата рунда тој беше недостижен, праќајќи го Кореецот на подот на крајот на петте минути, а слично беше и во следните две рунди, пред да ја обезбеди својата прва победа со прекин од 2018.
„Ви кажував цела недела, дека во моментов сум на поинакво ниво и не можам да бидам сопрен. Тој дури успеа да изддржи повеќе од тоа што го очекував и сакав да завршам предвреме. Почнав да се чувствувам лошо поради казната која ја добиваше, но тоа е спортот во кој сме“, изјави Волкановски по мечот.
Great Stoppage from Herb Dean. Salute to the warrior The Korean Zombie! But Alexander The Great Volkanovski is truly the best. #UFC273
— Totallyblitzed (@Totally_Blitzed) April 10, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хет трик на Довбик – Џирона со седм гола ја испрати Гранада во Сегунда
Во вториот натпревар од последното 38. коло на шпанската Примера, фудбалерите на Џирона ја декласираа Гранада со 7:0.
Џирона во голем стил ја заврши најуспешната сезона во клупската историја. Екипата од Каталонија е трета на табелата и наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.
Три гола постигна Украинецот Артем Довбик, кој сега е прв стрелец во лигата со 24 гола, еден повеќе од Норвежанецот Александар Серлот од Виљареал.
Во победата два гола постигна вториот Украинец Циганков, односно Гарсија и Стуани.
Спорт
Реал го прегази Олимпијакос, ќе ја брани титулата против Панатинаикос
Реал Мадрид ќе ја брани титулата в недела против Панатинаикос, откако во второто полуфинале на завршниот турнир во Берлин го победи Олимпијакос со 87:76 (28:10, 28:27, 15:21, 16:18).
Во второто полуфинале немаше никаква неизвесност. Слично како и во првото полуфинале, работите беа решени во рната фаза од натпреварот. Реал, во првата четвртина со шест тројки го торпедираше кошот на Олимпијакос и во вториот период влезе со предност од 18 поени.
Во ист ритам Реал продолжи и во втората четвртина, во која дојде до највисоката преднотс (54:29).
Олимпијакос се разбуди во второто полувреме, во еден момент, во последната четвртина со доближи на негатива од само осум поени, но Реал лесно го одби тој напад и на крајот заслужено победи.
Џанан Муса го предводеше Реал со 20 поени, Марио Хезоња постигна 12, а Гершон Јабуселе и Винсан Поарије по 11.
Кај Олимпијакос се истакнаа Алек Питерс постигна 23 со 10 скока, Шекил Мекисик 17, а Најџел Вилијамс-Гос 15 поени.
Финалниот натпревар Реал-Панатинаикос ќе се одигра в недела од 20 часот.
Спорт
Пандев во „Тимот на светот“, ќе игра против Романија 1994
Тимот на светот утре во Букурешт ќе одигра ревијален натпревар против „златната генерација“ на романскиот фудбал која остави фантастичен впечаток на СП 1994.
На Светското првенство во 1994 година Романија стигна до четвртфиналето.
Дел од тимот на светот ќе биде и Горан Пандев. Во овој тим се меѓудругите Дида, Маикон, Стоичков, Ривалдо, Панучи, Маркос Сена, Савиола, Карембе…
Во тимот на Романија ќе бидат Попеску, Димитреску, Лакатуш, Прунеа, Лупеску, Мунтеану, Дан Петреску…