Европа
Австрискиот канцелар оди во Москва, во нападот на станицата загинале 57 лица
Војната во Украина влезе во својот 45-ти ден. Властите во текот на викендот воведоа полициски час во јужниот пристанишен град Одеса поради заканите за понатамошни ракетни напади.
Клучни податоци:
Сателитските снимки лоцираа воен конвој долг 10 километри во близина на Харков
НАТО најави промена на стратегијата во Источна Европа
ЕУ донира 1 милијарда евра за Украина и за земјите кои примаат бегалци
Борис Џонсон ненадејно дојде во Киев, Британија испраќа ново оружје во Украина
132 тела беа пронајдени во Макарив, на околу 50 километри од Киев
Украинскиот претседател Зеленски го опиша ракетниот напад врз железничката станица Краматорск како уште едно руско воено злосторство
(Од час во час)
21:25 57 загинати во нападот во Краматорск
Бројот на загинати во ракетниот напад на железничка станица во градот Краматорск се искачи на 57, соопшти регионалниот гувернер. Павло Кириленко додаде дека во нападот се повредени 109 лица.
„Оние со полесни повреди се пуштени дома, тешко повредените се пренесени во безбедни подрачја и им е укажана потребната помош“, рече тој.
Нападот се случи додека илјадници Украинци, главно жени и деца, чекале воз да ги однесе на запад, на побезбедно место. Русија ги отфрли обвинувањата дека е одговорна за нападот. Наместо тоа, Русите сугерираат дека ракетите биле украински.
19:25 Австрискиот канцелар прв европски лидер што ќе се сретне со Путин по инвазијата
Австрискиот канцелар в понеделник во Русија ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Карл Нехамер утре ќе отпатува за Русија, изјави за „Ројтерс“ портпаролот на австриската влада.
Така, тој ќе биде првиот европски лидер што ќе се сретне со Путин во Москва од почетокот на руската инвазија на Украина на 24. февруари.
18:10 Украина: Руски проектили го уништија аеродромот во градот Днепар
Руските сили истрелаа ракети врз украинските региони Луганск и Днепар, при што целосно е уништен аеродромот во градот Днепар, а најверојатно има и жртви, соопштија украинските власти.
„Аеродромот е уништен, како и околната инфраструктура. Ракети постојано паѓаат“, посочи Валентин Резниченко, гувернер на централниот украински регион Днепропетровск.
Aгенцијата „Ројтерс“ не можела да ги потврди информациите од независни извори.
Генералот Александар Дворников, еден од најискусните руски воени офицери, наводно ќе ги води Русите во новите напади што се очекуваат во источна Украина.
Дворников има досиеја за бруталност врз цивили во Сирија и други воени зони, изјавил висок американски функционер, кој побарал да остане анонимен.
16:30 Зеленски ќе се сретне со Путин кoга ќе победиме на источниот фронт, вели неговиот советник
Советникот на украинскиот претседател вели дека Володомир Зеленски може да се сретне со Путин, но само откако ќе ја добие војната во источна Украина.
„Украинскиот претседател најверојатно ќе се сретне со рускиот претседател дури по очекуваната голема битка за источниот регион Донбас“, изјави советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак.
16:00 Финска се подготвува за историско пристапување кон НАТО
Финска се подготвува за потенцијално историска одлука за своја кандидатура за членство во НАТО, со цел да ја одврати руската агресија, пишува денеска „Франс прес“ (АФП).
Нордиската држава со 5,5 милиони жители, традиционално се држи настрана во воените прашања, делумно за да не го испровоцира својот источен сосед, Русија, со која дели граница долга 1.300 километри.
Но, руската инвазија на Украина на 24-ти февруари ја удвои поддршката на финските граѓани за членство во НАТО од 30 на 60 отсто, покажа серија на спроведени анкети.
14:40 177 деца загинаа во руските напади врз Украина
Канцеларијата на главниот државен обвинител на Украина објави дека 177 деца во Украина загинале во руските напади, а 336 се ранети, јавуваат агенциите.
13:05 Загрозен животот на Русите кои копале ровови во близина на Чернобил, еден војник починал
Руските војници кои го освоија Чернобил и ископаа ровови во близина на нуклеарната централа ширеле радиоактивен материјал низ централата, а еден војник со голи раце го носел изворот на радијација, пишува британски Телеграф.
11:55 Русите ги гранатирале регионите Луганск и Днепар
Утринава руските сили истрелаа гранати во украинските региони Луганск и Днепар и погодија неколку згради, при што едно лице беше повредено и предизвикано пожар, соопштија властите, пишуваат агенциите.
„Училиштето и станбената зграда беа гранатирани во градот Северен Доњецк во опколената област Луганск“, изјави гувернерот на регионот Серхи Гајдаи.
10:05 Десетици украински цивили пронајдени во гробница во близина на Киев
Нова гробница со десетици украински цивили е пронајдена во саботата во Бузова, ослободено село во близина на главниот град Киев, кое со недели било окупирано од руските сили, изјави локален претставник.
08:41 Столтенберг: НАТО планира постојано воено присуство на своите источни граници
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за британски Телеграф изјави дека НАТО работи на планови за постојано воено присуство на своите источни граници, во контекст на соочување со можна руска агресија.
08:19 Зеленски: Руската агресија е насочена кон цела Европа
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руската агресија никогаш не била ограничена само на Украина и дека таа е насочена кон цела Европа и уште еднаш го повика Западот да воведе целосно ембарго на руските енергетски извори и да и достави на Украина повеќе оружје.
08:10 Во близина на Харков снимен голем руски воен конвој
Сателитските снимки направени и анализирани од „Максар Технолоџис“ покажуваат десет километри долг руски воен конвој источно од Харков.
Фотографиите на „Максар“ се направени на 8 април во близина на градот Велки Бурлук, на десетина километри источно од Харков. Конвојот се движел кон југ, пишува Си-Ен-Ен.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Трагедија во Турција: куп снег падна од покрив и усмрти 21-годишна девојка, несреќата снимена од безбедносни камери
Невидена трагедија се случи во турскиот град Битлис, кога куп снег падна од покрив и уби девојка.
Трагедијата се случи во вторник, 6 јануари, кога снег од покривот падна врз 21-годишната Ајше Идер додека одеше по тротоарот, објавија турските медиуми.
Ајше Идер беше тешко повредена во инцидентот, а снегот се натрупа врз неа двапати, соборувајќи ја на земја. Минувачите веднаш истрчаа да ѝ помогнат, дури и ризикувајќи го сопствениот живот кога снегот падна на земја по трет пат.
📹Bitlis'in Tatvan ilçesinde çatıdan düşen kar ve buz kütlesinin altında kalan 21 yaşındaki Ayşe İder hayatını kaybetti https://t.co/Bcs5z4BaDF pic.twitter.com/4rqQ9yeEvi
— Habertürk (@Haberturk) January 6, 2026
Младата девојка, на која ѝ беше укажана прва помош од медицински екипи испратени на местото на настанот, а потоа однесена во државната болница Татван, не можеше да се спаси. И покрај сите напори им подлегна на повредите.
Инцидентот, кој беше снимен и од безбедносните камери, и смртта на младата девојка, која се подготвуваше за приемен испит на универзитет, предизвикаа голема тага во округот Татван. Телото на Ајше Идер, кое беше преземено од болницата наутро, беше погребано на гробиштата Кучукшу.
Европа
(Видео) Силна бура ги погоди Франција и Велика Британија, објавени се снимки
Силни ветрови ги погодија Франција и Велика Британија денеска, додека бурата Горети ја зафати северна Европа, оставајќи стотици илјади домови без струја. Во Франција, околу 380.000 домови останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија Енедис.
Налети на ветер од над 150 км/ч беа регистрирани преку ноќ во северозападниот француски регион Манш, со рекордни 213 км/ч во Барфлер, а железничкиот оператор SNCF ги прекина железничките услуги помеѓу Париз и регионот Нормандија.
Во Велика Британија, 57.000 домови останаа без струја, според National Grid, откако бурата Горети донесе повеќе снег во земјата по една недела студено време. Се очекува стотици училишта да бидат затворени низ Шкотска и делови од централна Англија, кои беа особено погодени од бурата Горети.
Железничките оператори во тој дел од Англија ги предупредија патниците да не патуваат, а некои услуги се прекинати.
Европа
Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин
Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во текот на ноќта. Во соопштението се вели дека Русија извршила, како што наведува, „високопрецизен удар со долг дострел“ користејќи ја ракетата со среден дострел „Орешник“.
Во соопштението се тврди дека нападот бил одговор на она што Русија го опиша како „терористички напад од страна на режимот во Киев“ врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, за кој Русија тврди дека се случил ноќта на 29 декември 2025 година.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили испукале оружје со долг дострел и висока прецизност од копно и море во текот на ноќта, вклучувајќи го и мобилниот копнено-базиран ракетен систем Орешник, како и дека извеле напади со беспилотни летала врз, како што наведуваат, клучни објекти во Украина.
Украина сè уште не потврдила дека нападот врз западниот град Лавов бил извршен со „Орешник“, но украинската војска потврдила дека ракетата летала со брзина од 13.000 км/ч.

