Македонија
Иницијатива за приклучување на Параолимпискиот комитет на РС Македонија кон регионалната кошаркарска лига во инвалидска количка „NLB WHEEL”
Денеска во Скопје, на иницијатива на Амбасадата на Република Словенија во РС Македонија и НЛБ Банка се организираше средба помеѓу претставници на словенечкото Здружение на параплегичари, Параолимпискиот комитет на РС Македонија и регионалната кошаркарска лига во инвалидска количка „NLB Wheel”.
Средбата ја отворија амбасадорот на Република Словенија, Милан Предан и претседателот на УО на НЛБ Банка Скопје, Бранко Грегановиќ, кои ја поздравија иницијативата за членство на Параолимпискиот комитет на РС Македонија во регионалната кошаркарска лига „NLB Wheel“ и изразија подготвеност за логистичка и материјална поддршка за реализација на проектот.

„Оваа иницијатива е исклучително значајна за луѓето со инвалидитет, како начин да излезат, од можеби понекогаш и т.н самоизолација. Ние како амбасада сме навистина горди што помогнавме да се реализира денешната средба и што успеавме да ги собереме оние кои можат да дадат поддршка оваа идеја да стане реалност. Имавме исклучително конструктивен состанок и верувам дека сите кои го имаат ова физичко ограничување, ќе сакаат, а од сега и ќе можат да се занимаваат со кошарката“ – изјави амбасадорот на Република Словенија во РС Македонија, Милан Предан.
„Целта на денешниот состанок е да се поддржи кошарката за параплегичари во РС Македонија. Сметам дека ова е една убава иницијатива и навистина сме горди што можеме да бидеме дел од неа. Денес имавме прв состанок за организација на екипа од РС Македонија која понатаму треба да учествува во регионаланата NLB Wheel лига, веќе во сезоната 2023-2024, што всушност претставува и наша цел. НЛБ Групацијата 14 години гордо ја поддржува НЛБ меѓународната кошаркарска лига во инвалидска количка, помагајќи им на кошаркарите да го достигнат својот потенцијал, а тие пак преку тимскиот дух и посветеноста кон резултати покажуваат дека единството е сила. Навистина сум среќен што NLB Wheel ги поврзува организациите во нашиот матичен регион бидејќи овој регион е наш дом и нaм ни е многу важен“ – истакна претедателот на УО на НЛБ Банка, Бранко Грегановиќ.

Грегор Грачер, раководител на регионалната NLB Wheel лига истакна: „Сојузот на параплегичари на Словенија е денес овде со нас како организатор на NLB Wheel да и помогне на РС Македонија да се приклучи кон лигата. Тука сме на покана на Параолимпискиот комитет на РС Македонија која ние со задоволство ја прифативме. Ова е всушност почнување од нула, треба да се набават колички за кошаркарите како основа за да се формира екипа, што очекуваме да се реализира до крајот на оваа година. Благодарност до НЛБ Банка, Триглав осигурување, Агенцијата за млади и спорт, Амбасадата на Словенија и сите останати кои денеска најавија поддршка на овој проект.“
„Отсекогаш кај нашето членство постоела желба за учество во некој екипен спорт, да се обидат и на тоа поле, да покажат некаков интерес и некаков успех. Секако дека разликата помеѓу поединечниот и екипниот спорт е голема. Екипниот спорт дава повеќе колегијалност, дружба, поголема можност за социјализација, а преку тоа и социјална инклузија во општеството, и тоа е еден добар чекор кој еве денеска заедно со нашите колеги од Сојузот на параплегичари на Словенија се обидуваме да го анимираме во нашата држава“ – истакна претседателот на Параолимпискиот комитет на РС Македонија, Бранимир Јовановски.

Осврнувајќи се на општествената одговорност на компаниите, главниот извршен директор на Триглав осигурување, Ѓорѓе Војновиќ најави финансиска помош за проектот и истакна дека сосема е природно компаниите да вратат кон општеството во кое делуваат, особено кон оние групи кои можеби се маргинализирани и потенцираше дека Триглав осигурување како компанија е повеќе насочена кон спортот и луѓето со посебни потреби.
На настанот присуствуваа и претставници од Амбасада на Германија во РС Македонија, Кошаркарскиот сојуз на Македонија, како и претставник од Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија, кои, секој во својот домен, најавија помош и поддршка за што поскора реализација на проектот и официјално членство на Параолимпискиот комитет на РС Македонија во регионалната кошаркарска лига „NLB Wheel“.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силен земојтрес почувствуван во Македонија
Силен земјотрес беше предмалку почувствуван во Македонија.
Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на 15 километри од Тетово, со магнутуда од 4,6 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри.
Засега нема информации за штети.
Македонија
Тополова-Исајловска: Криминалот врз културното наследство остава трајни последици
Јавното обвинителство е една од клучните институции-потписнички на двата меморандуми за разбирање, чија цел е зајакнување на институционалните капацитети за справување со кривични дела против културното наследство и животната средина.
Настанот го означи успешното завршување на твининг проектот помеѓу Италија и Република Северна Македонија,финансиран од Европската Унија со средства од Инструментот за претпристапна помош – ИПА.
“Кривичните дела во овие области се карактеризираат со високо ниво на сложеност. Тие често вклучуваат организирани структури, прекугранични активности, финансиски интереси и значителна материјална штета. Последиците од ваквите дела, за разлика од други форми на криминал, во голем дел се трајни – уништеното културно добро или деградираната животна средина речиси никогаш не можат целосно да се обноват. Затоа, покрај националните механизми, од суштинско значење се и инструментите на меѓународна правна помош, размената на информации и оперативната соработка, како со институциите од регионот, така и со институциите од Европската Унија”, истакна при потпишувањето на меморандумите В.Д. Јавниот обвинител, Анита Тополова Исајловска.
Целта на проектот, во чија реализација беа вклучени италијанските Карабинери со специјална експертиза, беше зајакнување на националните капацитети за спречување, истражување и борба против кривични дела поврзани со културното наследство и животната средина во согласност со стандардите и најдобрите практики на ЕУ.
Меѓуинституционалната соработка беше зајакната преку структурирани механизми за координација, што резултираше со потпишување на двата Меморандуми за разбирање со кои се воспоставуваат национални мултиинституционални платформи за заедничко дејствување против криминалот со културното наследство и животната средина.
Македонија
СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија на ниво на Буркина Фасо и Танзанија според Транспаренси
СДСМ обвини дека корупцијата во Македонија „цвета“, повикувајќи се на Извештајот на Транспаренси за 2025 година, според кој, како што наведуваат, земјата е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија.
Од партијата тврдат дека граѓаните „секој ден гледаат дека во Македонија цвета корупцијата поради криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ“.
Во соопштението се наведува дека „161 тендер се доделени на една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините, 9 милиони евра за фирма само со двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта“.
СДСМ ги споменува и петте тони дрога преку граница, оценувајќи дека се случил „најголемиот нарко-скандал во регионот со дрога од Македонија која била шверцувана во Србија“.
Според партијата, „наместо реформи во правосудството, власта презема целосна контрола врз судството и обвинителството и носи закони кои не се согласно препораките на ЕУ“.
„Нема борба против криминалот и корупцијата туку има обиди за заштита на криминалците од врвот на власта“, наведуваат од СДСМ.
Во соопштението се додава дека „сè тоа ја става Македонија во групата на земји како Буркина Фасо и Танзанија, според Извештајот на Транспаренси за 2025 година“.

„Македонија го има својот Мадуро кој ја води земјата кон намерна изолација од ЕУ за може слободно да се спроведува грабежот зад грбот на граѓаните“, додава СДСМ.

