Македонија
Започнува процесот за креирање нова Национална стратегија на лицата со попреченост
Денеска се одржа иницијалниот состанок за развивање на новата „Национална стратегија за лицата со попреченост на Република Северна Македонија“, со кој претседаваше Спасе Додевски, надворешен советник за унапредување на образованието, здравствената и социјалната заштита, институционалниот систем на лицата со попреченост и претседавач со Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.
На состанокот, на кој присуствуваа претставници на Министерството за труд и социјална политика, германската асоцијација за меѓународна соработка (ГИЗ), претставници на агенциите на Обединетите нации во земјава, беше истакнато дека со овој работен состанок, започнува процесот на креирање на концептот нова „Национална стратегија за лицата со попреченост“ за наредните седум години.
Носител на оваа активност е Министерството за труд и социјална политика, додека Националното координативно ќе биде задолжено за координација и фасилитирање на целиот процес, а ГИЗ и агенциите на ОН ќе бидат техничка и финансиска поддршка на целиот процес.
Новата национална стратегија ќе се изработува низ широк дијалог со претставниците на граѓанските организации на лицата со попреченост и самите лица со попреченост со што ќе се почитува принципот „Ништо за нас без нас“.
Од страна на присутните беше потенцирана заложбата заеднички да се обезбеди мултисекторски, мултидисциплинарен и холистички пристап при што лицата со попреченост и нивните потреби ќе бидат во центарот на вниманието.
Душан Томшиќ, советник во МТСП, истакна дека по прашање на правата на лицата со попреченост отпочнат е процес на големи промени во нашата држава и дека со новата стратегија се очекува да одиме чекор понапред – од видови и категории на попреченост при остварување на правата да се помине кон функционална проценка и индивидуализација на поддршката. Сето ова, како што подвлече, ќе влијае врз форматот и содржината и на легислативата која ги опфаќа лицата со попреченост и сите понатамошни документи што се однесуваат на оваа популација.
На состанокот заеднички беше оценето дека во наредниот период ќе почне широка дебата во која ќе се слеваат сознанијата и експертизата на голем број странски и домашни организации, а во која клучна улога ќе имаат лицата со попреченост, со цел да се добие квалитетен документ од кој најголемиот бенефит ќе го има оваа популација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз
Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија, мандат за состав на Влада добива кандидатот на партијата/ партиите кои имат мнозинство (најмалку 61 пратеник).
„Владата ја избира Парламентот со мнозинство гласови од 120-те пратеници. Мнозинство се 61 пратеник. За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон, ниту пак има таква пракса. Се работи за класична манипулација или непознавање на политичкиот систем и Уставните решенија за избор на Влада“, велат од Демократскиот сојуз.
„Сосема е извесно дека по 20 години на власт, недопирливите од ДУИ, ќе бидат испратени во долгогодишна опозиција и за грабежот што го направија и разнебитување на институциите и државата во целина ќе одговараат.
Наводната проевропска партија „ги отвори вратите на ЕУ“, при што за време на нивното владеење над 800 илјади граѓани од Македонија се иселија во земјите на ЕУ, меѓу нив и над 200 илјади Албанци.
Сите партии се изјаснија дека по изборите нема да коалицираат со ДУИ. Тоа е јасно за сите граѓани, затоа ќе гласаат за промени, а на ДУИ во опозиција ќе им се приклучи и СДСМ“, се додава во соопштението на Демократскиот сојуз.
Скопје
100 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас…“, велат од МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
„Доколку ДПМНЕ добие преголема моќ ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство“, вели СДСМ
„Потребен е силен СДСМ во Собранието, да не се дозволи повторно инсталација на режим од страна на ДПМНЕ и играње со иднината, стабилноста и безбедноста на државата“, вели СДСМ.
„Доколку десничарска партија како ДПМНЕ добие преголема моќ, извесно е дека ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство.
Тоа ќе значи враќање назад повеќе од 20 години.
Поддршка за СДСМ и обединување на сите прогресивни сили во земјата е единствениот начин да се спречи повторно режим“, соопшти СДСМ.