Контакт

Свет

(Oд минута во минута) Захарова: Ништо нема да ја спречи нашата цел, повеќе од 100 цивили убиени во Суми

Објавено пред

Од минута во минута ја следиме инвазијата во Украина.

dobivaj vesti na viber

Клучни настани:

  • Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските загуби се поголеми од загубите на Советскиот сојуз во 10 годишната војна против Авганистан
  • Руската амбасада во Вашингтон го отфрли како неосновани тезите на портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс за можноста за руска употреба на хемиско оружје во Украина
  • Америка подготвува нов пакет на воена помош за Украина во вредност од 750 милиони долари
  • Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека рускиот претседател Владимир Путин извршил геноцид во Украина

Најновите вести од минута во минута:

21.10 Русија воведува санкции за членовите на американскиот Конгрес

Русија воведува реципрочни санкции против 398 пратеници на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес и 87 канадски сенатори, пренесе агенцијата Интерфакс, цитирајќи го руското Министерство за надворешни работи

21.00 Бајден и Зеленски разговараа за воена и финансиска помош

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека го продолжил постојаниот дијалог со американскиот претседател Џо Бајден и дека во денешниот телефонски разговор разговарале за руските воени злосторства и дополнителен пакет помош за неговата земја

20.05 Повеќе од 100 цивили биле убиени во регионот Суми

Повеќе од 100 цивили се убиени во североисточниот регион Суми, тврди регионалниот гувернер Дмитро Живицки

20.00 Руски генерал се заканува со напад на Киев

Досега Москва се воздржуваше од напади на украински официјални лица, тврди Конашенков, но тоа ќе се промени доколку Киев продолжи со обиди за саботажа или конвенционални напади на руска територија

19.20 Путин призна дека санкциите и создаваат проблеми на Русија, па му се обрати на Западот

Рускиот претседател Владимир Путин учествуваше на виртуелен состанок за економски и развојни прашања на арктичките територии на Русија и рутата на Северното Море.

18.30 Захарова: Ништо нема да ги спречи целите на специјалната операција на Русија во Украина

Ништо нема да го спречи исполнувањето на целите и задачите на специјалната операција на Руската Федерација во Украина, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

18.10 Зеленски: Конфликтот во Украина ќе стане бескрајно крвопролевање

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави ново видео во кое предупредува дека конфликтот во таа земја ќе стане „бескрајно крвопролевање, ширење беда, страдање и уништување“ и побара дополнително оружје од западните земји.

18.05 Порака од Москва: Испораките на оружје на САД и НАТО ќе бидат легитимни цели за руската војска

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во средата изјави дека испораката на оружје на САД и НАТО за Украина ќе бидат легитимни цели за руската војска.

18.00 Австрискиот канцелар: Путин е јасен, ќе биде крваво

Австрискиот канцелар Карл Нехамер, по повод неговата неодамнешна посета на Москва, истакна дека рускиот претседател Владимир Путин е многу јасен во своите цели

17.30 Британија воведе санкции за уште 206 лица, меѓу кои и сопругата на Сергеј Лавров

Велика Британија денеска воведе санкции за уште 206 лица, вклучително и 178 кои тврдат дека ги поддржуваат самопрогласените републики на територијата на Украина.

16.30 И Швајцарија воведе санкции за ќерките на Путин

Швајцарија го усвои новиот пакет санкции на ЕУ против Русија и Белорусија поради воената операција на Москва во Украина, соопшти денеска владата, додавајќи уште 200 поединци и субјекти на листата на санкционирани, меѓу кои и две ќерки на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува „Ројтерс“

14:14 ЕУ издвојува девет милиони евра за помош на Украинците поради траума

Во Брисел потенцираат дека со овие средства ќе се овозможи Меѓународниот црвен крст и невладините организации да ги поддржат здравствените работници и да даваат услуги во вид на прва помош, тријажа, помош при психичка траума и советување бегалци на нивниот мајчин јазик.

13:52 Финска во рок од неколку недели ќе одлучи дали ќе поднесе барање за влез за НАТО

Финска ќе одлучи дали ќе поднесе барање за влез во НАТО во следните неколку недели, рече премиерката Сана Мартин.

Говорејќи на заедничката прес-конференција со нејзиниот шведски колега, Мартин им рече на новинарите: „Треба многу внимателно да ги анализираме сите аргументи за и против аплицирањето за членство. Но, мислам дека ќе одлучиме за тоа многу брзо, за неколку недели“, додаде таа.

13:00 Путин: Санкциите ни отворија нови можности, инфлацијата во САД и Европа е висока

„Одбивањето на некои западни земји од нормална соработка, вклучувајќи ги и руските енергетски извори веќе погодија милиони Европејци, предизвикаа вистинска енергетска криза и, патем, ги погодија и САД. Цените растат насекаде и инфлацијата е висока. За овие држави тоа е апсолутно невидено“, истакна тој.

12:20 Шведска ќе поднесе барање за влез во НАТО, пишува шведски весник

Шведска ќе поднесе барање за членство во НАТО, објави шведскиот весник Svenska Dagbladet.

Целта на шведската премиерка Магдалена Андерсон е Шведска да стане членка на НАТО во јуни оваа година, велат извори за весникот.

11:39 Британија и Холандија ја презедоа контролата на небото над Романија и Бугарија

Велика Британија и Холандија го презедоа чувањето на небото над Романија и Бугарија, соопшти НАТО.

Ова е дел од одговорот на алијансата на руската инвазија на Украина. Така, британските борбени авиони од типот „еврофајтер тајфун“ ќе ја преземат заштитата на небото над Романија од италијанските „еврофајтерс“, објави „Индекс.хр“.

11:00 Рускиот амбасадор: Околу 200 хрватски платеници се борат на страната на Азов, во Мариупол се вее хрватско знаме

Рускиот амбасадор изјави дека хрватските медиуми наведуваат дека во Мариупол се борат околу 200 хрватски платеници, како што рече, кои дошле таму многу пред „руската специјална операција, како нешто да очекуваат“. Нестеренко наведува и дека Хрватите се борат на страната на единицата „Азов“ и дека потврда за тоа е хрватското знаме кое се веело во Мариупол

10:28 Макрон најави нови разговори со Путин и Зеленски

Во наредните денови повторно ќе разговарам по телефон со украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот руски колега Владимир Путин“, изјави Макрон, кој моментално се кандидира за втор претседателски мандат.

10:15 Конашенков: Над 1000 украински војници се предадоа во Мариупол

1.026 украински војници на 36-та поморска бригада се предадоа во Мариупол, потврди официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

„ Во градот Мариупол, во областа на металуршкиот комбинат Илич, како резултат на успешните офанзивни акции на руските вооружени сили и полициските единици на Народна Република Доњецк, 1.026 украински војници на 36-та поморска бригада доброволно го предале оружјето и се предале“, рече Конашенков.

10:10 Макрон: Не би ја користел реториката на Бајден дека Путин врши геноцид

Францускиот претседател Емануел Макрон одби да ги опише руските злосторства во Украина како геноцид.

Запрашан од новинар на француската јавна телевизија дали би го употребил тој збор за да ги опише руските активности во Украина, како што тоа го направи американскиот претседател Џо Бајден во два наврата, Макрон рече: „Би бил претпазлив со таквите термини бидејќи тие се две братски народа (Русите и Украинците).“

09:50 Лукашенко: Единството на Русија и Белорусија ќе биде модел за другите земји

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, ги демантираше гласините за приклучување на неговата земја кон Русија.

Тој рече дека Русија и Белорусија ќе изградат такво единство на две независни држави што ќе послужи како модел за другите земји.

09:15 Велика Британија и Холандија ќе го чуваат небото над Бугарија и Романија

Обединетото Кралство и Холандија го презедоа чувањето на небото над Романија и Бугарија, најави НАТО.

Станува збор за дел од одговорот на НАТО на руската инвазија на Украина.

08:50 Нови сателитски снимки покажуваат подготовка на Русија за напад во источна Украина

Последните сателитски снимки на Maxar Technologies покажуваат дека руските сили се подготвуваат за нов ангажман во источна Украина.

08:40 Русија: Ние немаме хемиско оружје

Руската амбасада во Вашингтон го отфрли како неосновани тезите на портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс за можноста за руска употреба на хемиско оружје во Украина, објави агенцијата ТАСС.

08:30 Зеленски: Русите претрпеа непоправливи загуби

„Дали се сеќавате како Русија се фалеше дека ќе го освои Киев за 48 часа? Во 48 часа кои станаа 48 дена, руската армија претрпе неповратни загуби, поголеми од загубите на СССР во Авганистан”, рече Зеленски.

08:20 Америка подготвува нов пакет на воена помош за Украина во вредност од 750 милиони долари

Висок американски официјален претставник на Министерството за одбрана потврди дека Америка подготвува нов пакет на воена помош на Украина во вредност од 750 милиони долари, што ќе биде објавено во наредните денови.

08:10 Бајден: Руската инвазија е геноцид

Американскиот претседател Џо Бајден за првпат вчера изјави дека рускиот претседател Владимир Путин извршил геноцид во Украина, додавајќи дека конечната одлука за тоа ќе ја донесат адвокати на меѓународно ниво.

„Да, го нареков геноцид, бидејќи станува се појасно дека Путин се обидува да ја избрише идејата дека е можно да се биде Украинец. Има се повеќе докази. Но, ние ќе ги пуштиме адвокатите на меѓународно ниво да одлучат дали тоа така ќе го квалификуваат или не, но мене така ми изгледа“, изјави Бајден.

08:00 Премиерите на Полска, Литванија, Латвија и Естонија на пат кон Киев

Полскиот претседател Анджеј Дуда и претседателите на Литванија, Латвија и Естонија се на пат кон Киев за да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Велат дека на овој начин покажуваат поддршка за Украина и претседателот Зеленски.

 

Свет

Трамп: Секој Евреин што ќе гласа за Мамдани е глупав човек

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Евреите во Њујорк да не гласаат за кандидатот на левото крило на Демократската партија, Зохран Мамдани, нарекувајќи го „докажан мразител на Евреите“.

dobivaj vesti na viber

„Секој Евреин што ќе гласа за Зохран Мамдани е глупaв човек!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, обвинувајќи го 34-годишниот кандидат дека „ги мрази Евреите“. Мамдани, муслимански демократски социјалист роден во Уганда, е познат поддржувач на палестинската кауза и застапник на кампањата за бојкот и санкции против Израел.

Во обид да ги смири реакциите, Мамдани во последните месеци јавно се изјаснува против антисемитизмот. Тој води во анкетите со 41 отсто поддршка, пред поранешниот гувернер Ендру Куомо, кој има 34 отсто и ја има поддршката на Трамп.

Трамп претходно се закани дека ќе му ги ускрати федералните средства на Њујорк ако Мамдани победи на изборите за градоначалник.

Прикажи повеќе...

Свет

Глобалното затоплување ќе ја надмине границата од 1,5 степени, предупредува ОН

Објавено пред

Светот нема да го исполни климатскиот цел од ограничување на затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови, соопшти Програмата на Обединетите нации за животна средина (UNEP). Според годишниот извештај, поради недоволните мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови, глобалната температура во следната деценија ќе ја надмине целта утврдена со Парискиот договор од 2015 година.

dobivaj vesti na viber

UNEP предупредува дека сегашните политики водат кон раст на температурите од 2,3 до 2,5 степени, што ќе биде „тешко да се преобрати“. Иако е постигнат напредок во однос на пред десет години – кога прогнозите укажуваа на пораст до четири степени – емисиите и понатаму растат, бидејќи земјите се потпираат на јаглен, нафта и гас за производство на енергија.

Овие податоци, според агенцијата, дополнително ќе го засилат притисокот пред климатскиот самит COP30, на кој државите ќе разговараат за побрзо финансирање на мерките за ублажување на глобалното затоплување.

Прикажи повеќе...

Свет

Германија им нуди пари на Авганистанците ако се откажат од доаѓање во земјата

Објавено пред

Германската влада им понудила финансиска надомест на Авганистанците кои имаат одобрение за прием во Германија, доколку доброволно се откажат од тоа одобрение за влез во земјата.

dobivaj vesti na viber

Според документот на Германското друштво за меѓународна соработка, понудата се однесува на околу 660 лица кои сега се во Пакистан. Поединци што ќе прифатат, ќе добијат еднократна исплата — 1500 евра во Пакистан и дополнителни 5000 евра како „помош за нов почеток“, но со тоа ќе се откажат од сите идни побарувања кон германската влада.

Министерството за внатрешни работи објаснило дека не може да гарантира навремен завршеток на програмата за прием поради административни пречки и рокови што ги поставила пакистанската влада.

Хуманитарни организации ја осудија понудата, нарекувајќи ја „лоша“ и „недоволна“. Според нив, износот не го покрива ниту дел од трошоците што бегалците веќе ги направиле, а враќањето во Авганистан би значело ризик за нивниот живот под талибанскиот режим.

Во меѓувреме, неколку авганистански семејства што поднеле тужби против германската држава успеале да добијат дозвола за влез и пристигнале во Хановер.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ5 часа

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Во врска со тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Прилеп – Росоман, во близина на Плетвар, дежурен...

Топ6 часа

Двajца загинаа во сообраќајка кај Плетвар, петмина повредени

Денеска околу 17 часот на патниот правец Прилеп-Росоман, во близина на селото Радобил, се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу две...

Топ6 часа

Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници за обљуба со злоупотреба на положбат. Осомничениот...

Топ7 часа

Обвинителството бара одземање на пасошите и дозволата за возачот кој го прегази Јорго Ќука во Скопје

Обвинителството достави до судот предлог за определување мерки на претпазливост за 37-годишниот возач кој на 3 ноември со автомобил удри...

Македонија9 часа

Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити како прв вицепремиер

Портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер, на местото на  Изет...

Македонија11 часа

Македонија треба да ги спроведе уставните измени, порача Кос

Презентирајќи ги извештаите за земјите кандидатки за членство во ЕУ, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, еврокомесарката за...

Македонија12 часа

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите единствени позиции за Македонија 

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека во Брисел имал пријателска средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Првата средба ја...

Свет13 часа

Систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на ЕУ; ЕК во страв од тројански коњ на Русија во рамките на Унијата

Европската комисија разгледува воведување систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на Европската Унија, изјави...

Македонија13 часа

Воведена нова процедура на Клиниката за кардиологија, пациентите со сложени срцеви аритмии повеќе нема да бидат упатувани во странство

Министерот за здравство Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за кардиологија по повод извршената прва аблација за коморна тахикардија...

Македонија14 часа

Ако ДУИ беше опозиција пред десет години, и тогаш ќе го имавме овој изборен резултат, тие немаа можност за злоупотреби, вели Алиу

Граѓаните во нашата земја десет години сакаа промена на политичкиот амбиент и ако ДУИ пред десет години беше опозиција, ќе...

Македонија15 часа

Го тепал со метална шипка, со рацете и со нозете речиси половина час, па го оставил да искрвави на скалите: eден осомничен за убиство во дојранско Сретеново

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило...

Економија15 часа

Андоновски: Е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел

Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на...

Македонија16 часа

(Фото) Гаши се сретна со досегашните претседатели на Собранието: Организирањето вакви средби за размена на искуства и мислења ќе бидат од големо значење

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, организира средба на која беа поканети досегашните претседатели на Собранието. Средбата...

Топ16 часа

(Фото) Пронајдена дрога во возило во Тетовско, двајца уапсени

Вчера во 21:00 часот на регионален пат Тетово – Скопје, на влез за село Желино, тетовско, полициски службеници од Полициската...

Македонија16 часа

Герасимовски: Во следните денови поставуваме мерачи за бучава на 30 локации

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, на средбата со раководителите на сектори дискутираа за проектите што е предвидено да се...

Европа17 часа

(Видео) Масовни напади со дронови во Русија: една од најголемите рафинерии во пламен

Ноќеска, украински беспилотни летала нападнаа голем број индустриски и енергетски објекти длабоко на руска територија предизвикувајќи пожари во рафинерии и...

Европа18 часа

(Видео) Украинец преживеал некои од најжестоките битки во војната: убиен на церемонијата на доделување медали

Елитниот украински пилот на беспилотни летала Володимир Свјатненко, познат по неговиот повикувачки знак „Знахар“, кој преживеал некои од најжестоките битки,...

Свет18 часа

Кина спроведува најголемо воено засилување во светот, тврдат Австралијците

Работата на австралиските одбранбени сили за заштита на поморските трговски патишта, вклучително и оние низ Јужното Кинеско Море, станува сè...

Регион19 часа

Вучиќ: Знаеме дека двајца снајперисти се во Белград, не можеме да ги најдеме веќе три дена

Српскиот претседател Александар Вучиќ, гостувајќи во емисија на домашен медиум, изјави дека обоената револуција не успеала. Тој тврди дека блокадерите...

Свет20 часа

Блокадата на владата ја остави Америка без контролори на летање: летовите одложени со часови

Повеќе од 3,2 милиони американски патници се соочуваат со одложувања и откажувања на летови, бидејќи отсуствата на контролорите на летање...