Европа
Путин призна дека санкциите и создаваат проблеми на Русија, па му се обрати на Западот
Рускиот претседател Владимир Путин учествуваше на виртуелен состанок за економски и развојни прашања на арктичките територии на Русија и рутата на Северното Море.
– Реализацијата на проектите во арктичката зона на Руската Федерација не може да се одложи поради притисокот на санкциите, напротив, неопходно е да се зголеми темпото на нивно спроведување – рече Путин, а пренесе руската агенција ТАСС.
– Сега, земајќи ги предвид различните надворешни ограничувања и притисоци од санкции, мора да посветиме посебно внимание на сите проекти и планови поврзани со Арктикот. Не одложувајте ги, не тргајте ги настрана – додаде тој.
Тој рече дека задачите на Русија на Арктикот првенствено се однесуваат на социјалната сфера и дека „најчувствителните прашања за граѓаните секогаш треба да бидат во центарот на вниманието на властите“.
„И во екстремни услови на Арктикот, зборуваме за здравје, човечка безбедност, животна поддршка за цели градови и населби“, рече Путин.
Тој особено се осврна на западните санкции и последиците од тие санкции, иако директно не се осврна на ситуацијата во Украина.
Тој наведе дека сега „како резултат на акциите на непријателските земји се прекинати голем број транспортни и логистички синџири“ и дека некои странски компании „не ги исполнуваат договорните обврски или не ги исполнуваат во целост“.
– Секако, во сегашната ситуација тоа ни создава одредени тешкотии, но ги имаме сите ресурси и сите можности брзо да најдеме алтернативни решенија и дополнително да ја зајакнеме нашата независност од надворешни фактори на долг рок. Исклучително важна задача – рече Путин.
Но, рускиот претседател му се обрати на Западот, велејќи дека „одбивањето на нормална соработка на западните земји со Русија подеднакво им наштети на европските земји и на САД“.
Путин рече дека, иако Русија е оштетена од западните санкции, таа отвори „нови можности за испраќање енергетски ресурси во земјите каде што тие ресурси се навистина потребни“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Деветмесечно момче од Велика Британија се задави од шпагети во градинка: мајката ја предупредила воспитувачката дека не може да јаде цврста храна
Мајката на деветмесечното момче од Велика Британија, кое почина откако се задави од храна во градинка, се обидела да го предупреди персоналот дека не може да јаде цврста храна.
Малиот Оливер Стипер почина во болница, шест дена откако се задави од храна во градинка во Кент. Според британските медиуми, работничката во градинка истовремено хранела четири деца со болоњезе тестенини, кога малиот Оливер се задавил.
Оливер имал само два предни заби, поради што дома јадел пасирана храна, пренесува „Sky news“.
Работниците во градинката ги уверувале неговите родители дека цврстата храна може да се испасира пред да му биде дадена и тие претпоставиле дека тоа ќе биде направено затоа што тој „не можел правилно да џвака“, беше кажано на судот.
Неговата мајка пред судот рекла дека има намера да ги потсети вработените во градинката дека цврстата храна не му одговара, пренесува „Sky news“.
Размислувала веднаш да испрати мејл во градинката, но не сакала да биде напорна.
„Во градинка му дадоа овошна салата, јасно беше дека не е пасирана. Реков дека ќе разговарам со вработените следната недела“, изјави мајката во судот.
Подоцна едно утро, таа добила повик од дневниот престој и ѝ кажале дека нејзиниот син учествувал во инцидент и дека се задавил од храна.
Кога пристигнала во градинката, видела болничар како трча со нејзиниот син во раце додека вршел компресија на градите.
Оливер бил пренесен во болница, но скенирањето на мозокот покажало дека нема да преживее, а момчето починало шест дена подоцна.
Полицијата во Кент истражувала што се случило, но не било преземено ништо.
Родителите решиле да го праќаат Оливер во градинка само неклку дена во неделата бидејќи таа била на само 20 минути од нивната куќа и изгледала како семејна градинка.
Судењето продолжува.
Европа
Фицо погоден со два куршума, едниот му поминал низ стомакот, Словаците шокирани: „Немаме зборови“
Словачкиот премиер Роберт Фицо беше застрелан вчера по состанокот на владата, на речиси 150 километри североисточно од Братислава. Атентатот се случил кога Фицо отишол меѓу насобраниот народ. Премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница.
Според последните информации на словачките медиуми, Фицо бил опериран и буден, а операцијата траела пет часа. Напаѓачот е уапсен на самото место и се вели дека е 71-годишниот Јурај Цинтула, словачки писател. Атентаторот на распит рече дека пукал во премиерот затоа што не се согласувал со политиката на владата.
Цинтула е основач на Литературниот клуб „Духа“ и член на Друштвото на словачките писатели. „Скај њуз“ пишува дека се верува дека атентаторот е поранешен чувар.
Додека Словаците утрово патуваа на работа, многумина сè уште се обидуваа да се справат со веста за атентатот. „Немам зборови за ова. Ова никогаш не требаше да се случи во 21 век, без разлика за кого гласате“, рече Марија Сабо, сопственичка на продавница во главниот град Братислава.
„Нашата земја оди во погрешна насока“, додаде таа.
Вицепремиерот Томаш Тараба потврди за Би-би-си дека животот на Фицо повеќе не е во опасност.
Тој рече дека едниот куршум поминал низ стомакот, а другиот го погодил во зглобот.
Министерот за одбрана Роберт Калинак на прес-конференција најави дека во текот на денот ќе даде повеќе информации за состојбата на премиерот Роберт Фицо., а сега оди во Братислава на седницата на владиниот совет за безбедност, која почнува во 11 часот.
Европа
Двегодишната Софи родителите ја капеле во топла вода и ѝ предизвикале изгореници, од страв не повикале помош: телото го пронашла нејзината баба
Бабата на двегодишното девојче Софија, кое во понеделникот беше пронајдено починато во нејзиниот стан, за германските медиуми раскажа како се случила трагедијата.
Кристин (63) живее во станот над оној во кој живеела Софија со родителите и братот и сестрата.
„Тој ден изгледаше нормално. Ја хранеше својата кукла, си играше со неа, а потоа наеднаш стана многу бледа. Престана да се движи”, ја почнува својата исповед бабата Кристин.
Таа веднаш повикала брза помош, но кога лекарите пристигнале во станот, не успеале да ја спасат Софија.
Иако резултатите од обдукцијата не се целосни, се верува дека девојчето починало од изгорениците што ги добило.
„Сакав да ја истуширам. Додека ја бањав, таа рече дека водата е многу ладна. Кога ја зголемив топлината, врела вода се истури по нејзиниот грб. Јас сум виновен“, рекол таткото Андре.
Мајката вели дека девојчето не плачело по туширањето.
„Како може дете да издржи толку болка, не ни врескаше. Тие изгореници не изгледаа страшно, повеќе личеа на изгореници од сонце“, вели мајка ѝ Надин.
Родителите одбиле да повикаат брза помош бидејќи се плашеле дека социјалните служби ќе им ги однесат децата.
Сличен инцидент се случил и минатата година кога таткото ја спуштил малата Софи во када. Притоа девојчето скршило ребро и бутна коска.
„Поради тоа и поради моите проблеми со дрогата, шест недели ни ги одзедоа децата. Сакавме да го спречиме тоа овој пат“, вели расплаканиот татко.
Полицијата интензивно го истражува овој случај, а грижата за нивните деца ја презеде Центарот за социјална работа.
Телото на девојчето е испратено на обдукција.