Црна хроника
Жена од Охрид претепана од две лица
Вчера, во 17.20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во близина на деловен објект во кој работела, по завршување на работното време, В. Н. (50) од Охрид била физички нападната од Н. М. и уште едно лице.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, соопшти полицијата.
Според надлежните, се очекува да биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Струмичанец силувал 20-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница
Вчера во 18.45 часот полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 27-годишен жител на струмичко, поради сомнение дека извршил обљуба врз 20-годишна жителка на радовишко село, со која живеел во вонбрачна заедница.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Искршиле излог, украле сеф и го товариле на мотор во Бутел
Ноќеска околу 3 часот во Скопје, на подрачјето на Бутел, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(18) од Скопје, поради тоа што претходно со уште едно лице со тврд предмет искршиле излог од објект- експозитура на правно лице, по што влегле и одзеле сеф, по што со мотоцикл го напуштиле местото на настанот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје презеле соодветни мерки и активности и ги лоцирале двете лица додека се движеле со мотоциклот, а кога им се приближиле, едно од лицата го фрлило сефот кон полициското возило.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на другото лице и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Затвореници искршиле инвентар во канцеларија во затвор Идризово
Вчера во 18.20 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор-Идризово било пријавено дека околу 17.00 часот во канцеларија на полуотворено одделение во установата осудените лица В.К.(20) од Дебар, А.З.(21) од Скопје и А.А.(27) од с.Сарај,скопско, со тврди предмети искршиле дел од инвентарот.
Се работи на расчистување на случајот.