Црна хроника
Претрес во скопско Љубанци, пронајдени оружје и муниција

Приведен е 75-годишен жител на селото Љубанци кај кого при претрес на неговиот дом пронајдени се оружје и муниција.
Според информациите, вчера, од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје, во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со оружје и експлозивни материи при СВР Скопје, ЕВР – Одделение за криминалистички работи Чаир и Единицата за службени кучиња, по претходно добиена наредба од Основниот кривичен суд Скопје, извршен е претрес на домот и другите простории кај Д. К. (75) од с. Љубанци.
При претресот пронајдени се еден револвер „застава“, еден револвер „екол випер“, еден сигнален пиштол, три рамки за муниција, две цевки – придушувачи, 24 куршуми, шест рамки од пушки, еден самострел Lightning by Barnett, четири стрели за самострел.
Д. К. е лишен од слобода, приведен е и задржан во полициска станица, во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, а по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.