Спорт
Џака вели дека од навивачите на Арсенал добил „чиста омраза“
Гранит Џака открива дека бил блиску до заминување од Арсенал откако бил исвиркуван на теренот по контроверзниот момент од мечот против Кристал палас во 2019 година.
Арсенал тогаш одиграа 2:2 на „Емирати“, а кога Џака беше заменет во второто полувреме, тие го исвиркуваа порадитоа што беше преспор, по што тој ги опцу сопствените навивачи. По ова тој ја загуби капитенската лента во клубот и сите веруваа дека ќе биде продаден.
„Моите куфери беа спакувани. Пасошите беа извадени. Завршив со Арсенал. Имав понуда од друг клуб и требаше само да потпишам. Зборував со мојата сопруга Леонита и решивме дека е време да си заминеме. Бев шокиран, не сум искусил такво нешто. Не дека не ме сакаа, тоа беше чиста омраза. Не претерувам. До ден денес мразам кога поминувам низ тие последни метри во тунелот бидејќи уште се сеќавам на лицата. Истите седат таму. Денеска, знам дека ја направив вистинската одлука, бидејќи уште сум тука. Но, не можам да се преправам дека односите со фановите се уште исти. Тоа е како скршена чаша. Можете да ја залепите, но пукнатините уште ќе бидат таму“, вели швајцарскиот репрезентативец.
Се јави и Гранит Џака: Ми викаа: Ќе ти ја убиеме жената, ќерката да ти добие рак…
Каков е ова капитен? Џака ги пцуеше и провоцираше сопствените навивачи (видео)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шарлот ги прегази Лејкерси
Публиката во „Крипто Арена“ во Лос Анџелес, сведочеше на уште едно разочарување, откако нивните Лејкерси загубија од Шарлот Хорнетс со 117:135 (39:30, 16:34, 38:40, 24:31).
Ова е четврти пораз на Лејкерси во последните пет натпревари, три од нив се на домашен терен.
Падот на домашниот тим се случи во втората четвртина, која Хорнетс ја добија со 34:16, а таа предност ја зголемија во последната четвртина.
39-те поени на 27-годишниот ас Лука Дончиќ не им помогнаа на Лејкерси. Словенецот доби поддршка само од ветеранот Леброн Џејмс со 29 поени, девет скока и шест асистенции.
Хорнетс до победата ги предводеа Ламело Бол со 30 поени (девет тројки) со шест скока и 11 асистенции, Брендон Милер постигна 26, а Мајлс Бриџис поен помалку со осум скока и четири асистенции.
Резултати:
Детроит – Феникс 108:105
/Робинсон 19 – Ален 33/
Хјустон – Оклахома 91:112
/Дјурант 19 – Гилџис-Александер 20/
Мајами – Бостон 114:119
/Пауел 26 – Симонс 39/
Сан Антонио – Милвоки 119:101
/Вембањама 22 – Адетокумбо 21/
Далас – Јута 144:122
/Томпсон 26 – Сенсабах 27/
Голден Стејт – Њујорк 126:113
/Батлер 32 – Ануноби 25/
Портланд – Атланта 117:101
/Шарп 24 – Оконгву 26/
Спорт
Ферстапен нема намера да го напушти Ред Бул
Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, во интервју за швајцарски „Блик“, изјави дека нема намера предвреме да се раздели со тимот на Ред Бул, со кој има договор до крајот на 2028 година.
Иднината на Холанѓанецот беше предмет на многу шпекулации во последните години, особено во првата половина од сезоната 2025. Се шпекулираше дека сака да го напушти Милтон Кејнс и дека би можел да се пресели во Мерцедес.
Сепак, Ферстапен на крајот не успеа да ја активира клаузулата за предвремено ослободување и ќе вози за Ред Бул во сезоната 2026.
„Сега имам 28 години и сум под договор со Ред Бул до крајот на 2028 година. Сакам да го одработам мојот договор. Во оваа фаза целосно ја исклучувам можноста за промена на тимот. Штета е што нема да го имам мојот пријател и ментор Хелмут Марко покрај мене во 2026 година“, рече Ферстапен.
Холанѓанецот изминатата сеозна ја заврши на второто место, зад шампионот Ландо Норис од Мекларен. Бртанецот ја прекина серијата од четири последователни титули на Холанѓанецот во шампионатото на Формула 1.
Foto/ depositphotos
Спорт
Франција лесно против Чешка, Шпанија ја победи Србија
Актуелниот европски првак Франција и Шпанија со победи го отворија 17-то Европско првенство во ракомет. Шпанија во А групата ја победи Србија со 29:27, а Франција во Ц групата убедливо славеше над Чешка со 42:28.
Шпанците од очетокот до крајот го контролираа натпреварот против Србија, кој го решија во првиот дел, кога Србите грешеаа во нападот и промашуваа зицери. Исто така, српските ракометари не се прилагодија на критериумот на судиите од Исланд.
Кај Шпанците се истакна Јан Тарафета со шест гола, Абел Сердио имаше четири, а Касадо, Душебаев, Фис и Гомес имаа по три. Најефикасен играч за Србија беше Урош Којадиновиќ со шест гола. Вања Илиќ постигна пет, исто колку и Дарко Ѓукиќ, а Урош Борзаш постигна четири.
Франција, против Чешка влезе како ачсолутен фаворит и таа улога во целост ја оправда. Прашањето на кончениот победник беше решено во раната фаза од натпреварот.
Ричардсон, Пранди и Наи ја предводеа Франција со по шест гола. Кај Чешка подобри од останатите беа Сола и Сироки со по пет гола.
Foto/ EPA

