Црна хроника
Спречен шверц на свежа пастрмка

Царинските службеници од граничниот премин Ќафасан спречија два обиди за влез на непријавена стока, при што биле запленети 21 килограм свежа пастрмка и еден мотор за комбе.
Во првиот случај, при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки, пријавено за влез во државата, биле откриени непријавени 21 кг свежа пастрмка. Рибата била пронајдена во три најлонски ќеси, сместени под задното и пред совозачкото седиште на возилото.
Во вториот случај, при контрола на патничко моторно возило-комбе со македонски регистарски ознаки, пријавено исто така за влез во државата, царинските службеници, во просторот позади седиштата, откриле непријавен комплет мотор за комбе, марка Mercedes Benz Sprinter.
Во двата случаи непријавената стока е привремено задржана, а против прекршителите, двајцата македонски државјани, поднесени се барања за поведување прекршочна постапка. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полицијата во акција: сеф со пари исчезна во центарот на Скопје

Во Скопје, во временскиот период од 00:30 до 07:45 часот, било насилно влезено во угостителски објект на улицата Самоилова, при што бил одземен метален сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Заталкан куршум погоди „мерцедес“ во Чаир, возилото е оштетено

Четириесет и шестгодишен маж пријави дека на неговиот „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки му била оштетена хаубата од заталкано зрно од огнено оружје.
Според информацијата од МВР, настанот се случил во скопската населба Чаир.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена нападната од сопругот во Аеродром

Во Скопје, 40-годишна жена пријави дека околу полноќ била физички нападната од својот сопруг, со кого е во бракоразводна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.