Македонија
(Видео) Тренчевска: Правото на безбедна и сигурна работа суштествен дел од работничките права
Унапредувањето на работничките права и заштита на достоинството на трудот е нешто кон што сериозно се стреми нашата држава изминативе години, изјави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на работилницата „Усогласеноста на македонското законодавство со Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот за елиминирање на насилството и вознемирувањето во светот на работата, бр. 190“, организирана од Меѓународната организација на трудот и Здружението за трудово и социјално право.
Таа истакна дека Министерството за труд и социјална политика ги следи развојот на модерното трудово право и новите стандарди во регулирањето на работните односи со цел воведување во нашиот правен систем и обезбедување целосна и навремена заштита на сите работници во Северна Македонија. Примената на современите стандарди на трудот овозможува работниците да ги имаат истите права со своите колеги од најразвиените демократски земји.
„Правото на безбедна и сигурна работа и работна средина се суштествен дел од тие права и затоа Министерството работи на нивно овозможување преку две иницијативи: спроведување на процесот за ратификација на Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот за елиминирање на насилството и вознемирувањето во светот на работата, бр.190 и донесување нов закон за заштита од вознемирување на работно место“. изјави Тренчевска.
Таа информира дека Конвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирувањето на работното место е првиот меѓународен инструмент што ги адресира насилството и вознемирувањето при работа.
„Конвенцијата го признава правото на секое лице во светот на работа без насилство и вознемирување, вклучително и родово базирано насилство и вознемирување. Конвенцијата ги штити работниците независно од нивниот договорен статус, лицата на обука, вклучувајќи ги стажантите и практикантите, работниците чиј работен однос престанал, волонтери, баратели на работа и кандидати за вработување и лицата што вршат овластувања, должности или одговорности на работодавецот“. рече Тренчевска.
Министерката апелира на поддршка од сите политички партии и едногласно донесување на овој закон и воведување на оваа значајна конвенција во нашиот правен поредок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

