Црна хроника
Ограбена бензинска пумпа на Макпетрол во Велес

Разбојник ја ограбил бензинската пумпа на макпетрол во Велес, при што украл околу 26.000 денари.
Настанот се случил во саботата околу 21.46 часот, кога разбојникот влегол од задниот дел на бензинската пумпа, се упатил кон вработениот му го вперил пиштолот во глава, му ги побарал парите, по што му ја земал службената црна кожна ташна со дневен пазар од каде ги одзел парите, а потоа го насочил вработениот кон касата на наплатниот пункт од каде не одзел ништо, по што го напуштил лице местото во правец на населбата Речани.
СВР-Велес извршиле увид на лице место и преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.