Македонија
(Видео) На протест се бараше нова пресуда за сообраќајната несреќа кај „Сити мол“
Семејството на покојната Викторија Николова излезе на протест пред Кривичниот суд заедно со роднини, пријатели и лица што не се согласуваат со казната од три години за возачот што ја прегази на пешачкиот премин кај „Сити мол“ со пароли: „Правда за Викторија“, „Стоп за сообраќајното насилство“, Убијци = судии“. Сестрата на починатата Викторија смета дека пресудата е нереална.
„Бараме нова пресуда со реални очекувања. Нема да запреме овде. Доста беа тортурата и лудилото. За вашето непрофесионално работење, ќе чуе целиот свет“, рече сестрата на Викторија.
Според адвокатот на семејството, пресудата од три години е неправда за сите и непочитување на институцијата Обвинителство и владеењето на правдата.
„Најголемата закана за правдата е неправда, ние во државата го имаме тоа во изобилство. Тоа го добивме и пред четири дена. Во предметот, каде што се расправаше за смртта на Викторија, успеавме да видиме дека не се важни законите, ниту некој бара правда ниту имаме владение на правото. Затоа, за жал, на улица бараме да се чуе гласот на народот. Пред 80 дена беше Викторија, утре може да биде секој од нас. За дело во кое казната е од 4 до 20 години, ние имаме казна под законскиот минимум. Сметаме дека тоа е апсолутна неправда, дека Апелација треба да ги чуе гласот на народот и доказите во постапката“, кажа адвокатот на семејството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Возачот не е повреден а заглавениот камион е извлечен, соопшти ЦУК
Возачот на камионот не е повреден и нема никакви посериозни штети направено на камионот, информира ЦУК откако претходно беше објавено дека преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК била добиена пријава за камион што се заглавил меѓу паднати дрвја кај ресторанот „Јавор“ на патот помеѓу Росоман и Прилеп.
„Конкретно, заглавениот камион на патот кај Росоман кон Прилеп, на место викано „Камен Дол“ близу кај ресторанот „Јавор“ е извлечен од страна на ТППЕ Кавадарци со екипа од три пожарникари и две ПП возила. Камионот бил заглавен и во кал со предните две тркала“, велат надлежните.
Македонија
ЦУК: Заробен возач во заглавен камион на патот меѓу Росоман и Прилеп
Преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за камион што се заглавил меѓу паднати дрвја кај ресторанот „Јавор“ на патот помеѓу Росоман и Прилеп.
„Пријавителот побара интервенција на ТППЕ Кавадарци, бидејќи според него, како очевидец кажува дека возачот на камионот е заробен во камионот. Инаку, јавувачот беше известен дека ТППЕ Кавадарци имаат екипа подолу од нивната локација и дека веднаш ќе се упатат на местото.
Регионалниот ЦУК Велес го следи случајот и извести дека екипа од ТППЕ со 1 ПП возило и 2 пожарникари веќе се упатени на местото на настанот и кога ќе завршат со интервенцијата, дополнително ќе не известат“, информира Центарот за управување со кризи.
Македонија
ЦУК: Падна карпа на булеварот „Никола Карев“ после влезот на касарната „Илинден“, во Скопје
Преку единственствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК била добиена пријава за падната карпа на булеварот „Никола Карев“ после влезот на Касарна „Илинден“, во Скопје.
„Регионалниот ЦУК Скопје известува дека веднаш ги информирале надлежните од Град Скопје за итниот случај, по што ќе превземе мерки Градот преку своите служби“, соопштија од центарот.