Спорт
Така се прави тоа – капитенот на „чеканите“ ја чистеше соблекувалната по победата
Вест хем јунајтед успеаја да се пласираат во полуфиналето на Лига Европа по фантастичната 3:0 победа на гости кај Лион со головите на Крег Досон, Деклан Рајс и Џерод Боуен, но човек на вечерта сигурно беше капитенот Марк Нобл, кој победата прво беше во солзи, а потоа се фати за метлата и ја исчисти соблекувалната.
Вест хем со фотографија на фудбалерот од средниот ред на социјалните мрежи кратко прокоментираа: „Ова кажува многу за овој човек. Нашиот капитен!“.
„Чеканите“ во полуфиналето на ЛЕ играат со Ајнтрахт Франкфурт, бундеслигашот кој вчера ја елиминираше Барселона.
Says it all about this man.
Our ??????? ❤️ pic.twitter.com/S7fb6koZyv
— West Ham United (@WestHam) April 15, 2022
Inside West Ham’s wild dressing room party that Mark Noble cleaned up after popping out to meet fan James Corden
Noble was reduced to tears after the Hammers secured their Europa League semi-final spot pic.twitter.com/cvcOP0mkdX
— Lilian Chan (@bestgug) April 15, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Познато е каде ќе се игра финалето на Евро 2028
Европското првенство во фудбал, кое ќе го организираат Англија, Шкотска, Велс и Ирска во 2028 година, ќе започне со натпревар во Кардиф, додека финалето ќе се одржи на Вембли, според британските медиуми.
Северна Ирска требаше да биде домаќин на следното ЕП, но се откажа од организацијата поради недостаток на финансиски средства. За разлика од претходните европски првенства, следното ќе биде посебно бидејќи сите домаќини ќе мора да се квалификуваат за него. Доколку успеат директно во ова, ќе имаат привилегија да ги играат сите натпревари од групната фаза на своите домашни стадиони.
Исто така е познато дека четвртфиналните натпревари ќе се играат во Кардиф, Даблин, Глазгов и на Вембли во Лондон, а легендарниот лондонски стадион ќе биде домаќин на и полуфиналните натпревари.
Шампионатот сепак ќе се одржи на стадионите на Манчестер Сити, Тотенхем, Астон Вила, Евертон и Њукасл.
Ждрепката за квалификациите ќе се одржи во Белфаст на 6 декември следната година, а бранител на титулата е Шпанија, која ја победи Англија во финалето на последното првенство во Германија. Европското првенство во 2032 година ќе го организираат заеднички Италија и Турција.
Спорт
Симеоне ќе остане во Атлетико до 2023 година
Џулијано Симеоне, заслужи и доби нов договор од Атлетико Мадрид. 22-годишникот и понатаму ќе соработува со својот татко Диего Чоло Сименоне, кој од декември 2013 година ги предводи „јорганџиите“.
Првата задача што новиот спортски директор на Атлетико Мадрид, Матеу Алемани, сакаше да ја заврши веднаш по преземањето на функцијата беше иднината на Џулијано Симеоне.
Младиот аргентински напаѓач и клубот веќе некое време преговараат за продолжување на соработката, а за време на репрезентативната пауза, договорот е финализиран.
Според информациите на „Марка“,Симеоне доби подолг договор, поголема плата и значително повисока откупна клаузула.
Наместо неговиот сегашен договор да истекува во 2028 година, Џулијано сега ќе биде врзан до летото 2030 година, што значи продолжување за уште две сезони.
Финансиски, новиот договор вклучува зголемување на платата и зголемување на клаузулата од 50 на 100 милиони евра, што е јасен сигнал дека клубот има намера цврсто да го задржи својот млад крилен напаѓач и да спречи секаков обид тој да замине од „Метрополитано“.
Овој потег совршено се вклопува во желбите на тренерот Диего Симеоне, таткото на Џулијано, кој постојано нагласува колку му значи напредокот и професионалниот став на неговиот син кон играта.
По натпреварот од Лигата на шампионите против Унион Сен Жилоа, популарниот Чоло рече.
„Џулијано се снаоѓа одлично. Тој сака повеќе. За да стигне таму каде што сака, мора да ја задржи својата скромност и желба за напредок.“
Џулијано Симеоне има 3 гола и 5 асистенции на 16 официјални натпревари оваа сезона, а на само 22 години стана сериозна опција во офанзивниот систем на Атлетико.
Спорт
Барселона има нов тренер
Шпанецот Чави Пасквал е новиот тренер на Барселона, ексклузивно објавува „Мундо депортиво“.
Пасквал се враќа во „Блауграна“, со која ја освои Евролигата во 2010 година и на чија клупа го помина периодот од 2008 до 2016 година како главен тренер, а претходно беше дел од тренерскиот штаб.
По Барселона, 53-годишниот Пасквал ги тренираше Панатинаикос и рускиот Зенит во последните пет години.
Пасквал го наследи Жоан Пењароха на клупата на Барселона и ќе потпише тригодишен договор, ќе го преземе тимот следниот понеделник, а претходно Каталонците ќе го играат натпреварот од 11-то коло од Евролигата против Виртус во петок и натпреварот од шпанската АЦБ лига против Басконија во недела.

