Спорт
ПСВ со фуриозен камбек го совлада Ајакс и го крена холандскиот куп

ПСВ Ајндховен постигна два гола за само две минути, за да направи целосен пресврт и со 2:1 да го совлада Ајакс во финалето на КНВБ Бекер купот во Холандија.
Рајан Гравенберх ги донесе „копјаниците“ во водство во 23. минута, за на Ајакс да му се случи целосна катастрофа на почетокот на второто полувреме – Ерик Гутиерез во 48. минута постигна атрактивен гол со глава, за Коди Гакпо во 50. минута со убав гол од далечина да го комплетира пресвртот.
Ова е совршен крај на тренерската кариера на Роџер Шмит кај ПСВ Ајндховен, откако веќе беше потврдено дека ќе биде заменет од Робин ван Перси следната сезона. Исто така, ова може да биде последно финале за Ерик Тен Хаг на клупата на Ајакс, по шпекулациите дека веќе се има договорено со Манчестер јунајтед.
Ryan Gravenberch has now scored in two Cup Finals in a row for Ajax
Special, special player ?#PSVAJA #PSVAjax
pic.twitter.com/g2sE97Z2MA— Antonio Mango (@AntonioMango4) April 17, 2022
??????? ????????????
NÃO DEU NEM PARA RESPIRAR! Eis os 2 gols aos 48' e 50' do PSV: no 1°, Gakpo levanta na área, Sangaré escora e Guti apenas empurra; já no 2°, Lisandro vê seu passe interceptado por Cody, que marca após bela jogada.pic.twitter.com/YMWLqm8Q3O— Futebol Alaranjado (@FutAlaranjado) April 17, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.
Спорт
Влаховиќ го блокира Јувентус

Италијанските медиуми пишуваат за намерата на Душан Влаховиќ да остане во Јувентус, неговиот договор истекува следното лето.
„Corriere della Sera“ пишува дека Влаховиќ го блокира Јувентус, кој сака да го доведе Џонатан Давид во своите редови.
Дејвис би пристигнал како слободен игрч, но ќе добива околу шест милиони евра по сезона.
Влаховиќ, со плата од 12 милиони евра, е „ортома околу вратот“ на клубот од Торино, кој би претпочитал веднаш да го продаде.
Српскиот напаѓач е член на Јувентус од јануари 2022 година, кога пристигна од Фиорентина за 83,5 милиони евра.
Оттогаш, тој одигра 145 натпревари за „Старата дама“ и постигна 58 гола.