Контакт

Македонија

Променливо облачно со локален дожд

Објавено пред

Времето ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претежно во планинските подрачја ќе има повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 14 степени.

Следува период на променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Наместа ќе има повремен локален дожд. В четврток ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а в петок и во деновите од викендот ќе има појава на локален пороен дожд и ретки грмежи. Минималните температури до среда наместа ќе се спуштат под нулата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Филков од Будимпешта: Заеднички мораме да одговориме на предизвиците и новитетите кои ги носи дигиталната ера

Објавено пред

Министерот за правда Игор Филков на покана на министерот за правда на Унгарија, Бенце Тузсон учествуваше на Меѓународната конференција ,, Правна конкурентност-Правни инструменти за поконкурентна Европа” која се одржува во Будимпешта. Оваа значајна конференција, организирана во рамки на Унгарското претседателство со Советот на ЕУ, на едно место собра голем број министри и делегации од Европа со цел да се истражат новите регулаторни трендови поттикнувајќи дебата за подобрување на правните рамки .

dobivaj vesti na viber

Министерот за правда, Игор Филков во своето обраќање се осврна на предизвиците и новитетите кои ги носи дигиталната ера, како и реформите во правосудството.

,, Од првиот ден откако го добив мандатот за водење на ресорот правда, започнавме со реформите за поставување на независен правосуден систем, заснован на целисходни и сеопфатни анализи, јавни дебати со стручната јавност и граѓанското општество и се стремиме кон постепено достигнување на посакуваните ефекти и резултати. Реформите во правосудството и неговата правна рамка, се одвиваат во согласност со Развојната Секторска Стратегија за правосудство за периодот 2024 – 2028. “

Говорејќи за нашиот пат кон евроинтеграциите и проширувањето, министерот Филков изрази надеж дека заедничките интереси ќе се издигнат над националните интереси на одредени земји-членки со што ќе преминеме во наредната фаза од преговорите со отворањето на првиот кластер.

,,Доаѓам од држава и сум дел од една нација, која навистина долг период, речиси 20 години, настојува да исполни еден стремеж и аспирација за интеграција и рамноправно место во Унијата во која што припаѓа. Во трасата кон достигнувањето на нашата крајна цел, членството во Европската Унија, соочени сме со низа предизвици и предуслови, чие исполнување е очекувано и прифатливо. Меѓутоа, подигнувањето на нашата лична определба и чувство за припадност како народ и нација, на ниво на билатерална пречка за нашите натамошни европски перспективи, ќе се сложите сите дека се коси со идеите и вредностите на кои почива Европската Унија“ потенцираше Филков.

Министерот се осврна и на прашањето за дерегулација при што укажа дека во правото таа се постигнува исклучиво преку примената на квалитетната правна рамка, како главна задача на судовите, односно судиите.

Филков истакна дека:

„ Квалитетот на правната рамка, треба да обезбеди јасност, да поттикнува иновации и поддржува долгорочен раст. Како што се соочуваме со нови предизвици—независно дали се предизвикани од технолошките промени или од одредени влијанија врз екологијата, нашата правна рамка мора да се прилагоди на овие промени, без да ги загрози основните вредности како правдата, човековите права и слободите. Процесот на дерегулација ги обврзува системите, сепак да утврдат минимум заеднички правила, по кои ќе се овозможи заедничката соработка, што ќе доведе до зајакнати економии преку заштита на конкуренцијата.“

На крајот, Филков истакна дека: „Живееме во динамични времиња, политичката реалност се менува, и во тој контекст неминовно е соодветно адаптирање на процесот на креирање на правната рамка и нејзината примена во пракса. Ова, особено имајќи го предвид септемврискиот извештај на господинот Марио Драги, за иднината на конкурентноста на ЕУ, кој укажува на тоа дека не се работи за дерегулација, туку дека се работи за обезбедување на вистинска равнотежа помеѓу внимателноста и иновациите, и во обезбедување на доследна примена на регулативата во Европа.“

На дводневната конференција во Будимпешта учесниците дебатираа и за вештачката интелигенција како двигател на конкурентноста, дигиталниот закон на ЕУ, подобрување на квалитетот на правните прописи, новите регулаторни трендови и улогата на технологијата во правото.

Прикажи повеќе...

Македонија

Костадиновски: Законодавецот мора да води грижа за правното дејство на одлуките на Уставниот суд

Објавено пред

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски се обрати на Панелот за „Правно советување за современи теми Одлуки на Уставниот суд vis – a – vis одлуки од редовното судство” на Годишната меѓународна конференција со која се одбележаа 73 години од основањето на Правниот факултет „Јустинијан Први”- Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во своето обраќање Костадиновски го постави прашањето за надлежноста на Уставниот суд на Република Северна Македонија наспроти неприкосновеноста на судските одлуки од редовните судови, односно, дали може Уставниот суд да поништува пресуди на редовните судови, со оглед на дилемите што ги предизвикува оваа надлежност на Судот и различната уставно-судска пракса.

„Од денот на мојот избор за уставен судија, прашањето пред Судот се има појавено во неколку наврати. Првото соочување со оваа дилема за мене беше во мај 2019-та година, при расправата и одлучувањето за барањето за заштита на слободите и правата од двајца адвокати од Скопје, Павлина Зефиќ и Панче Тошковски дека им се повредени правото на слобода на мислата и јавното изразување на мислата, во смисла на член 110 алинеја 3 и член 16 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија. Со Одлуката со која се утврди повредата, Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи да поништи и две Решенија од 2018-та година со кое Павлина Зефиќ адвокат од Скопје се казнува со парична казна, во износ од 1000 евра во денарска противвредност и второто, Панче Тошковски, адвокат од Скопје се казнува со парична казна во износ од 1000 евра во денарска противвредност. Во иста насока се и две решенија за истите подносители, изречени од Апелациониот суд Скопје, во делот со кој адвокатите Павлина Зефиќ од Скопје и Панче Тошковски од Скопје, се казнуваат со парична казна во износ за двајцата од по 500 евра во денарска противвредност. Јас бев застапник на стојалиштето дека, без дилема Уставниот суд ја има таквата надлежност, но дел од судиите сметаа поинаку, а двајца судии го издвоија своето мислење”, истакна претседателот на Уставниот суд, посочувајќи дека истата дилема се појавила и во 2023 година при поднесеното барање за заштита на слободите и правата на новинарот од Фокус, Влатко Стојановски.

„Мојот став беше дека Уставниот суд има уставна надлежност и овластување да ги поништува пресудите на редовните судови. За мене како судија е неприфатливо донесување на утврдувачка/деклараторна одлука, без да се одреди правната судбина на поединечните акти со кои истата е сторена. Во тој случај имаме само декларација, декларативна одлука, “да повреда има, но дали последиците од таквата повреда ќе бидат отстранети”, не зависи од Уставниот суд, тоа ќе го цени некој друг, вели Костадиновски.

Земајќи ги предвид надлежностите на Уставниот суд кои се утврдени со Уставот, а операционализирани со Актот на Судот, претседателот Костадиновски смета дека излез од овој правен лавиринт обременет со дилеми и недоречености во легислативата, може да се бара преку зајакнување на уставно-судската контрола.

„Законодавецот мора да води грижа за правното дејство на одлуките на Уставниот суд, односно да обезбеди на уставно-судска контрола и на уставно-судска санкција да подлежат сите акти на државната, јавната власт, на еднаков начин, со што би се обезбедило и еднакво правно дејство на одлуките на Уставниот суд. Тоа значи дека Законодавецот кога со законско решение ги уредувал карактеристиките, правната природа и ефектот на пресудите на редовните судови, морал да води грижа и за уставното барање тие да подлежат на уставно-судска контрола и санкција.

Претседателот Костадиновски смета дека потребно е уредување на неколку процесни закони, понатаму судските одлуки од редовните судови да подлежат на уставна-контрола и следствено на тоа-санкционирање односно поништување на пресудите, кога станува збор за барање за заштита на слободите и правата поднесено пред Уставниот суд. Изрекувањето на санкција–поништување на пресудите, не е во спротивност или противречност на уставното начело за независност на судската власт, ниту на законските определби од Законот за судовите во однос на надлежностите, правните карактеристики и ефектите на судски пресуди, смета Костадиновски.

За изработка на овој труд претседателот на Уставниот суд користеше компаративно искуство од регионот, при што подетално е разгледано стојалиштето на Судот во Србија во еден случај од 2012 година во којшто се заклучува дека судските одлуки, не се „недопирливи“ за оценка и ревизија од страна на Уставниот суд.

Покрај обраќањето на претседателот Костадиновски, на истиот Панел се обратија и судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева и во дискусијата учествуваа судиите м-р Фатмир Скендер и Елизабета Дукоска. Учеството на уставните судии на Меѓународната конференција со која се одбележаа 73 години од основањето на Правниот Факултет- „Јустинијан Први” претставува една од активностите со кои се зајакнува соработката меѓу двете институции, која претходно беше официјализирана со потпишување на Меморандум за соработка. Во рамки на истиот Панел учествуваа и професори од Правниот факултет, поранешни професори и експерти од уставното право.

Прикажи повеќе...

Македонија

Фетаи се сретна со раководителката на канцеларијата на UN Women во Скопје, двете страни разговараа и за можна соработка во иднина

Објавено пред

Заменик претседателот на владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи денеска се сретна со раководителката на канцеларијата на UN Women во Скопје, Весна Ивановиќ Кастареде.

dobivaj vesti na viber

На средбата Ивановиќ Kастареде информираше за досегашните активности на UN Women со посебен фокус како корупцијата различно влијае врз жените.

Заменик претседателот на владата Фетаи се заблагодари на досегашната работа на UN Women во Скопје, која помага за постигнување на заедничките цели.

Фетаи ги информираше гостите за идните приоритети на кабинетот, како што е борбата против корупцијата, стратешкиот план за добро владеење со инкорпорирана родова компонента, зајакнување на транспаретноста на институциите, и подобрување на соработката со цивилното општество.

Двете страни разговараа и за идна можна соработка во иднина. UN Women вети продолжување на поддршката за исполнување на националните заложби за еднаквост меѓу жените и мажите, како дел од соработката за усогласување со европските стандарди и EU Gender Acquis.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Воздухот во градинките и училиштата загаден двапати над дозволеното, УНДП направи анализа во пет града во земјата

Воздухот во внатрешните простории на улиштатата и градинките во Гостивар, Куманово, Струга, Струмица и во Кавадарци е загаден двапати над...

Македонија5 часа

Стомачен вирус и температура имаат обвинителите кога треба да дејствуваат против криминалци што ја симболизираат претходната власт, рече Мицкоски

Инсталациите на СДСМ и ДУИ се жилави и борбата со нив ќе биде долга и жестока во обвинителството и во...

Економија6 часа

Бензинот поскапува половина денар

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек...

Македонија7 часа

Да се критикува сега, тоа е лудница, вели Таравари за ставот на „Европскиот фронт“ дека без иселените, ќе се намали бројот на советници во општините

Министерот за здравство Арбен Таравари е зачуден што опозициската коалиција „Европски фронт“ сега реагира на пописот и на правилото населението...

Македонија8 часа

Пожарникари дежураа кај манастирот над село Смолари, пожарот на Беласица сѐ уште активен

Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека пожарот на планината Беласица помеѓу село Смолари и село Мокрино беше локализиран. Во интервенцијата учествувале...

Свет8 часа

Кремљ демантира: Не, Путин и Трамп не разговарале

Кремљ денеска ги демантира информациите објавени синоќа од „Вашингтон пост“, според кои рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател...

Македонија9 часа

На Водно падна снег

Првиот снег падна утрово на Водно. Од камерите на Водно се забележува дека на врвот осамна снежна покривка. Снег има...

Македонија9 часа

Отежнато движењето на возилата поради снегот на патниот правец Пробиштип – Страцин, села во Кратовско од вчера немаат струја

На подрачјето на Општина Кратово од утринава има врнежи од снег. Висината на снежната покривка во градот на улиците и...

Свет10 часа

„Вашингтон пост“: Веднаш по изборите во САД, Трамп му се јави на Путин и му испрати порака

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп разговарал со рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот, што е прв телефонски разговор меѓу двајцата...

Свет11 часа

Трамп го назначи контроверзниот т.н. цар на границата за шеф на имиграцијата и депортациите

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави дека Том Хоман, поранешниот вршител на должноста директор на американската служба за имиграција и...

Европа12 часа

Зеленски: Само оружјето нема да биде доволно за завршување на војната, потребни ни се и сила и дипломатија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави вчера вечерта дека силата и дипломатијата мора да одат заедно со цел да се стави...

Европа12 часа

По победата на Трамп, британскиот премиер оди кај Макрон: главна тема Украина

Британскиот премиер Кир Стармер денеска ќе разговара за помошта за Украина со францускиот претседател Емануел Макрон, бидејќи победата на Доналд...

Регион13 часа

(Видео) Вучиќ разговараше со Трамп: Верувам во посилно партнерство со САД под негово водство

Српскиот претседател Александар Вучиќ телефонски разговараше со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. „Одличен разговор со новоизбраниот претседател на САД, Доналд...

Македонија1 ден

(Видео) Таравари: Оптимист сум за уставните измени, нема потреба за предвремени парламентарни избори

Алијансата на Албанците на Арбен Таравари денеска во Тетово одржува вонреден конгрес под мотото „Промената продолжува“. Партискиот лидер Таравари вели...

Свет1 ден

(Фото+видео) Драма на небото откако се запали авион, патниците во паника

Десниот мотор на Боинг 787-9 Дримлајнер со кој управува кинеската авиокомпанија „Хаинан ерлајнс“ се запали утринава веднаш по полетувањето од...

Економија1 ден

(Видео) Тренчевска: Власта најавува нова кошничка што ќе ги намали цените за 0.1%, ова е навредувачки и потценувачки за граѓаните

Цените на основните производи растат, куповната моќ опаѓа, а многу семејства едвај врзуваат крај со крај, кажа на прес-конференција Јована...

Македонија1 ден

(Видео) Петрушевски: ДЗР утврдила недоволна искористеност на апаратите за магнетна резонанца во време на СДС и ДУИ

Власта на СДС и ДУИ систематски го уништувала здравството, што поради неспособност, што поради криминал, кажа на прес-конференција Бране Петрушевски,...

Свет1 ден

(Видео) Новогодишната елка стигна во Њујорк: висока е над 22 метри, а за да се накити се потребни 8 километри сијалички

Новогодишната елка од Центарот Рокфелер пристигна во Њујорк, означувајќи го почетокот на празничната сезона во Големото јаболко. Норвешката смрека од...

Свет1 ден

(Фото+видео) Над 130.000 Шпанци на протест поради лошата реакција на катастрофалната поплава

Над 130 илјади Шпанци протестираа синоќа во Валенсија барајќи оставка од регионалниот претседател Карлос Мазон поради лошата реакција на минатонеделните...

Наука2 дена

Седум милиони луѓе во светот годишно умираат како последица на загадениот воздух – што не смее да правите?

Дури седум милиони луѓе во светот, односно двојно повеќе од алкохолизам и пет пати повеќе од сообраќајни несреќи, годишно умираат...