Спорт
Баерн се договориле со двајца играчи на Ајакс

Баерн извојува двојна победа на пазарот. Според „Спорт Билд“ и новинарот Фабрицио Роман, тој договорил се со двајца многу барани играчи на Ајакс.
Нусаир Мазрауи (24), десниот бек на Ајакс и на мароканската репрезентација заминува како слободен играч по четири години во првиот тим на беликанот од Амстердам.
Барселона покажува голем интерес за Мазрауи, но споменатите извори пренесуваат дека тој и неговиот агент Мино Рајола се одлучиле за Баерн.
„Се уште ништо не е потпишано, но се е договорено усно. Остануваат само детали за платата и бонусите, но нивната разрешница се очекува во следните неколку дена“, пишува Романо.
Билд пишува: „Баерн постигна договор со Мазрауи“.
Овој извор додава дека истото Баерн го направиле и со Рајан Гравенберч, феноменалниот тинејџер (19), кој веќе има 101 настап, 12 гола и 13 асистенции за првиот тим на Ајакс. За сениорската репрезентација на Холандија одигра 10 натпревари.
„Сè уште има нема договор со Ајакс за оштетата, но не се очекува Холанѓаните да прават проблеми бидејќи Гравенберч сака да си замине, а неговиот договор трае до летото следната година. Така што претстојниот преоден рок е последниот во кој Ајакс може да добие пристојна компензација за него“.
Трансфермаркт го цени Гравенберг на 35 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Одредени домаќините на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година, избрани Мадрид и Варшава

Извршниот комитет на Европската фудбалска унија денеска ги именуваше домаќините за финалето на своите натпреварувања во 2027 година, како и местото на одржување на Суперкупот на УЕФА во 2026 година.
Градовите домаќини и стадионите за финалето на клупските натпреварувања на УЕФА во 2027 година се исто така одредени.
Финалето на Лигата на шампионите му е доделено на шпанскиот главен град Мадрид, а домаќин ќе биде Метрополитано, стадионот на Атлетико Мадрид.
Датумот е веќе одреден – финалето е закажано за сабота, 5 јуни 2027 година.
Ова е втор пат Метрополитано да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите, а домашниот терен на Атлетико веќе ги беше домаќин на финалистите од елитното натпреварување во 2019 година. Во тој натпревар, Ливерпул го победи Тотенхем со 2-0. Атлетико официјално го отвори новиот стадион во 2017 година.
Ова ќе биде шесто финале во Мадрид, а Лондон е единствениот друг град кој бил домаќин на финалето на Лигата на шампионите повеќе пати. Стадионот „Сантијаго Бернабеу“ бил домаќин на финалињата во 1957, 1969, 1980 и 2010 година.
Финалето оваа сезона ќе се игра на „Пушкаш Арената“ во Будимпешта во сабота, 30 мај 2026 година.
Финалето на Лигата на шампионите за жени ќе се одржи во Варшава на Националниот стадион.
Овогодинешниот Суперкуп на УЕФА ќе се игра во Салцбург, Австрија, објави УЕФА денеска.
фото: принтскрин
Спорт
Пикси мора да ја победи Албанија ако сака да остане селектор

Драган Стојковиќ Пикси нема да добие отказ по дебаклот против Англија во квалификациите за СП. Србија загуби со 0:5 во Белград, што предизвика негодување кај навивачите и спортската јавност, поради тактиката и изборит на играчите за дуелот со Англичаните.
„Натпреварот со Англија беше разочарувачки, не само по резултатот (0:5), туку и по сè што беше прикажано. Сега, за само три недели, имаме собир за најважниот натпревар во квалификациите, за натпреварот со Албанија, кој директно ќе одлучи кој ќе оди во плејофот за Светското првенство. Тој натпревар е наш апсолутен приоритет во моментов. Имаме играчи кои не заборавиле да играат фудбал, играат во сериозни клубови, во сериозни лиги, порано ја правеа нацијата среќна и верувам дека можат да го сторат тоа и овој пат.
Што се однесува до тренерот Драган Стојковиќ, имаме јасни очекувања од него, а тоа е нашата репрезентација да игра на највисоко можно ниво со јасна победничка амбиција, од првата до последната минута. По тој натпревар, телата на Федерацијата и Извршниот одбор ќе ги разгледаат извештаите на спортскиот сектор за претходниот период и соодветно ќе донесат одлуки во доменот на нивната надлежност“, рече генералниот секретар на ФСС, Бранко Радуљко.
Во квалификациската група за Светското првенство, Србија е на третото место со седум бода од четири натпревари. Заостанува зад Англија, која има максимални 15 бода, и Албанија со осум бода од пет натпревари.
Екипата на Пикси ќе го игра својот следен натпревар на 11 октомври против Албанија, а три дена подоцна ќе гостува кај Андора.
Спорт
Мело за Де Бур: Никој не можеше да го поднесе

Поранешниот фудбалер на Интер, Фелипе Мело (42), жестоко го нападна својот поранешен тренер Франк де Бур (55).Бразилецот рече дека „никогаш не го разбирал фдбалот“ и дека „никој во соблекувалната не можел да го поднесе“.
Де Бур го презеде Интер во сезоната 2016/17, но беше отпуштен по само 14 натпревари. Мело одигра само четири натпревари под негово водство и, како што вели, има лоши спомени од тој период.
„Тој никогаш ништо не разбирал за фудбалот. Тој едноставно не е способен“, изјави Мело во интервју за „Газета дело Спорт“.
„Тој дури зборуваше лошо за Габигол, нарекувајќи го Габи-без гол. Тој не знаеше италијански, а никој во соблекувалната не можеше да го поднесе. На крајот на краиштата, тој издржа три месеци, а потоа продолжи да предизвикува катастрофи насекаде. Фала му на Бога што Пиоли дојде таа година.“
По Интер, Де Бур ги водеше Кристал Палас, Атланта Јунајтед, холандската репрезентација и Ал Џазира, но никаде не успеа долго да се задржи.
Фелипе Мело одигра вкупно 38 натпревари за Интер, постига еден гол. Во Серија А, тој играше и за Јувентус и Фиорентина.