Спорт
Лапорта пак ги обвини навивачите на Барса за фијаското со билетите за мечот со Ајнтрахт

Претседателот на Барселона го повтори тврдењето дека клубот не е виновен за фијаското со билетите за германските навивачи на мечот со Ајнтрахт Франкфурт поворно удирајќи кон членовите на клубот и тур-операторите.
Германскиот клуб официјално доби 5.000 билети за мечот од четврт-финалето на Лига Европа, но на „Камп ноу“ имаше над 30 илјади нивни навивачи, кои го поддржуваа тимот да стигне до 3:2 победа за елиминација и на Барса. Лапорта се извини за инцидентот и најави промена на начинот на кој се доделуваат билетите, но дел од фановите на Барса, во прв план навивачката група „Града Данимасио“, го бојкотира понеделничкиот меч против Кадиз.
Одговарајќи на критиките, Лапорта изјави дека во клубот нема вина.
„Клубот не е виновен за тоа што се случи против Ајнтрахт, но е одговорен. Ние не продадовме повеќе од 5.000 билети на германските фанови, купување од Германија не беше дозволено. Системот на контрола работеше, но некои организирани групи го саботираа тоа. Го наследивме системот од претходниот борд и мислевме дека ќе функционира, но очигледно не е така. Кој е виновен? Некои од членовите ги злоупотребија своите сезонски билети и ги продадоа на германските навивачи. Тажно и тешко е да се замисли носители на сезонски билети да ги продаваат своите билети, но тоа се случи. Околу 7.000 члена купија билети со попуст и тие завршија кај Германците. Не сакаме лов на вештерки, но постои можност за контраакција. Исто така, еден тур-оператор ја злоупотреби својата позиција и нивниот договор ќе биде раскинат“, вели Лапорта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дуран по само шест месеци го напушти Ал Наср

Foto/ EPA-EFE/ADAM VAUGHAN
Колумбискиот напаѓач Џон Дуран (21) по само шест месеци си замина од Ал Наср. Во јануари Астон Вила го продаде Дуран во Ал Наср за 77 милиони евра и потенцијални бонуси.
Во клубот од Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, играше со Кристијано Роналдо, но не успеа да ја освои титулата. Дуран постигна 12 гола на 18 настапи, а сега го напушта клубот и се враќа во Европа.
Иако потпиша договор до 2030 година, тој оди на позајмица во Фенербахче. Таму ќе ја преземе улогата на Един Џеко под водство на Жозе Мурињо.
Дуран се проби низ МЛС, од каде, по 27 натпревари и осум гола за Чикаго Фаер, замина за Астон Вила за нешто помалку од 18 милиони фунти. Имаше само 19 години.
Спорт
Перикар „испука“ сервис од 246 километри на час

Францускиот тенисер Џовани Мпеши Перикард го сруши рекордот на Вимблдон на првиот ден од третиот Гренд слем во сезоната.
Тенисерот, познат по својот убиствен сервис, го оправда својот углед во натпреварот од првото коло против Тејлор Фриц.
Во првиот поен, тој сервираше со брзина од 239,8 километри на час, соборувајќи го рекордот на Тејлор Дент од 2010 година (238,2).
Тоа не беше доволно за Перикард, па во истиот гем „испука“ сервис од неверојатни 246,2 километри на час.
Интересно е што дури ни тоа не му беше доволно за да го освои тој поен.
Перикар беше блиску до победа над фаворизираниот Американец (четврти ноосител на турнирот), но го загуби четвртиот сет (7:6, 7:6, 4:6, 6:7) по што натпреварот беше прекинат.
Причината се строгите правила на Вимблдон дека нема игра по 23 часот.
До тој момент, тој сервираше 33 аса.
Спорт
Инзаги: Се искачивме на Монт Еверест без кислород

Симоне Инзаги, тренерот на Ал Хилал, им честиташе на своите играчи за пласманот во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Тимот од Ријад ги елиминираше „граѓаните“ во осминафиналето на Светското клупско првенство по продолженијата (4:3), со што го направи најголемото изненадување на турнирот.
„За овој резултат, клучни се играчите и храброста што ја покажаа на теренот. Моравме да направиме нешто посебно со оглед на тоа што сите ја знаат силата на Манчестер сити. Моравме да се искачиме на Монт Еверест без кислород и успеавме во тоа“, рече Инзаги по натпреварот.
Во четвртфиналето, Ал Хилал ќе игра против Флуминензе, кој претходно исто така неочекувано го елиминираше Интер.