Македонија
Нови 127 заразени со ковид, починале двајца
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.908 тестови, а регистрирани се 127 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 57, Битола – 24, Охрид – 7 , Прилеп и Велес – по 5, Струга , Берово и Валандово – по 4, Кавадарци и Кичево – по 3, Куманово и Струмица – по 2, Штип, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Делчево, Демир Капија и Мкаедонска Каменица – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (127), регистрирани се 20 реинфекции.
Регистрирани сe 123 оздравени пациенти од: Скопје – 68, Битола – 19, Струмица – 7, Кавадарци и Гостивар – по 4, Велес, Штип и Струга – по 3, Прилеп, Кичево и Гевгелија – по 2, Куманово, Охрид, Кочани, Ресен, Радовиш и Виница – по 1.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, дополнително се пријавени две починати лица од Скопје (82г) и Охрид (91г), едно лице е починато во домашни услови и едно во болнички услови, пријавени во период од 02.04 до 12.04.2022 година.
Направени се 1.908 тестови преку: ИЈЗ-156, ЦЈЗ Скопје-76, ЦЈЗ Битола-50, ЦЈЗ Прилеп-14, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-34, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –3, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–111, Жан Митрев (Филип Втори)-29, Авицена-52, Биотек-36, Систина-40, лабораторија Лаор-41, Синлаб-14, Ремедика-13, Плодност-17, Генеа-12, Никоб лаб-160, ВФВ Медикал-24, Ели медика плус-9, Ројал медика–0, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–16, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб дијагностика–3, Рамус-102, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 874.
Досега во земјата се направени вкупно 2.000.910 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.878, бројот на оздравени пациенти е 298.811, на починати е 9.265, а бројот на активни случаи изнесува 802.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 145163, Активни 431
Куманово 16613, Активни 9
Битола 15170, Активни 126
Прилеп 14117, Активни 37
Тетово 13445, Активни 13
Кавадарци 10607, Активни 23
Велес 9747, Активни 31
Гостивар 9571, Активни 15
Охрид 8821, Активни 25
Струмица 8046, Активни 15
Штип 8002, Активни 14
Кичево 5602, Активни 7
Кочани 5070, Активни 2
Струга 4715, Активни 8
Гевгелија 4397, Активни 5
Неготино 3674, Активни 7
Ресен 2711, Активни 2
Свети Николе 2624, Активни 1
Радовиш 2527, Активни 6
Крива Паланка 2413, Активни 0
Делчево 1971, Активни 5
Дебар 1673, Активни 0
Берово 1646, Активни 8
Валандово 1485, Активни 5
Виница 1386, Активни 1
Пробиштип 1265, Активни 1
Богданци 1019, Активни 0
Кратово 962, Активни 0
Крушево 926, Активни 1
Демир Хисар 828, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 592, Активни 1
Македонска Каменица 523, Активни 1
Пехчево 486, Активни 1
Дојран 345, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември
Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари и е за 319 денари зголемена во однос на минималната кошница за минатиот месец кога изнесуваше 65.173.
ССМ денеска информираше дека со изнајмен стан од 60 метри квадратни за декември синдикалната минимална кошница изнесува 80 .867 денари.
Според пресметките на ССМ, во декември за храна и пијалаци се потребни 23.640 денари, за Образование 7.159 денари, за Станарина, вода, електрична енергија, и греење 6.130 денари, Облека и обувки 5.875 денари, Транспорт 4.636 денари, Ресторани и хотели 4.131 денар, Комуникации 3.417, Лична хигиена и оддржување на хигиена во домот 2.620 денари.
Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески на 17-ти месецов најави дека од 1 јануари освен што синдикатите ќе ја пресметуваат минималната потрошувачка кошничка и тие како Влада ќе прават пресметка за просечна потрошувачка кошничка, која ќе биде за најмалку четиричлено семејство. На оваа тема ќе се разговара на Економско –социјалниот совет, кој е закажан на 22 декември (понеделнк).
– Ќе бидат земени параметри од најголемите маркети во Македонија, ќе бидат земени параметри од страна на основните прехранбени производи, за се она што е потребно за еден просечен живот, за едно просечно македонско семејство. Исто така ќе бидат земени и од различни региони и најчесто овошјето и зеленчукот ќе биде земен она коешто е карактеристично за периодот, кога се пресметува во текот на годината, изјави Ристески.
Македонија
Боки 13 ја вознемирувал Русковска, таа го пријави во полиција
Поранешната обвинителка Вилма Русковска поднела пријава до полицијата против Бојан Јовановски – Боки 13 за телефонско вознемирување.
Според пријавата, инцидентот се случил вечерта на 18 декември 2025 година, кога Јовановски, додека бил во живо вклучување на „Јутуб“, повеќепати телефонски ја контактирал Русковска, и покрај нејзиното одбивање на повиците.
Од снимката што циркулира на социјалните мрежи може да се види дека разговорот бил проследен со навредливи и вознемирувачки изјави од страна на Јовановски. Русковска во еден момент го предупредила дека доколку продолжи со повиците, ќе го пријави во полиција, по што повиците сепак продолжиле.
Од Министерството за внатрешни работи за медиумите ја потврдија пријавата и информираа дека работат на расчистување на случајот.
Македонија
Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, согласно член 300 став 4, во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Обвинението се однесува на тешката сообраќајна несреќа што се случи на 14 септември, по полноќ, во скопското село Марино, во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски, а неговата 13-годишна сопатничка беше тешко повредена.
Според Обвинителството, по спроведена истражна постапка, обезбедени се сите релевантни докази и извршени се соодветни вештачења со кои се утврдени причините за несреќата.
Обвинетиот управувал патничко возило „Хјундаи Тусон“, при што не се придржувал до сообраќајните прописи и со своето однесување го загрозил јавниот сообраќај и безбедноста на учесниците.
„Осомничениот непрописно свртел со возилото, без претходно да се увери дека маневарот може да го изврши без да ги загрози другите учесници во сообраќајот“, наведува Обвинителството.
Во тој момент, во возилото удрил мотоцикл марка „Јијинг“, без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал починатиот 16-годишник. Според официјалните наводи, мотоциклистот немал возачка дозвола, а ниту тој ниту неговата сопатничка не носеле заштитни кациги.
Како последица на тешките повреди здобиени во сообраќајната несреќа, малолетниот возач на мотоциклот починал, додека девојчето кое било сопатник се здобило со тешки телесни повреди.

