Црна хроника
Власта и опозицијата во костец за битолската марихуана

Битолчаните Душко, Томе и Цане Илиевски се приведени во четврток поради основано сомнение дека во околината на Битола одгледувале канабис сатива откаково на нивната нива се пронајдени 207 стебла канабис сатива. По ова повторно во дуел влегоа владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ
Семејството на Томе, Цане и Душко Илиевски кој е познат пелагониски млекопроизводител, тврди дека овој тип растение вирее низ цело битолско поле и дека се неправедно осомничени.На приведувањето на Душко Илиевски поранешен кооперант на Сведмилк, реагираше СДСМ. Пратеникот Томе Чингоски ја обвини власта за партиско-полициски монтирани постапки. Според него, станува збор за нарушување на граѓанските слободи и права и за брутална пресметка со неистомислениците. На реакцијата на СДСМ се огласи и ВМРО-ДПМНЕ. Партискиот портпарол Александар Бичиклиски изјави дека „не можат да поверуваат оти СДСМ на незавршена постапка реши да се стави во одбрана на луѓе за кои што постои сомнеж дека на нивно земјоделско земјиште одгледувале опојна дрога“. Наместо, како што ја оцени, оваа панична реакција, СДСМ требало да почека институциите да ја завршат својата работа, да се заврши истрагата и да се расветлат вистинските околности и да сфати дека иднината на младите генерации е побитна од ситниот политички интерес.сомневаат во полициската акција.
Инаку претходно во четвртокот полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога од СВР-Битола извршија претрес во домот и другите простории на имотот на Илиевски , како и во градинарска нива во местото Гратско поле во околината на Битола, каде што биле откриени 207 стебла од растението „канабис сатива“ од кое се произведува марихуана.„Поради постоење основано сомневање дека се сторители на кривично дело ’недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги’, психотропни супстанци и прекурзори, во текот на денот од страна на полициски службеници при СВР-Битола се приведени трите лица.“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.На средбата со новинарите во СВР-Битола бил презентиран одземениот „канабис сатива“ и потврдија дека целокупниот доказен материјал е предаден на истражен судија кој веќе води истражна постапка, пренесе попладнево битолската телевизија ТВ Тера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
18-годишник пријавен дека сексуално ја злоставувал ќерката

Четириесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
– На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во денешниот полициски билтен.
Црна хроника
Малолетни девојчиња тепале врсничка, ја снимале, а видеото го објавиле на социјалните мрежи

Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, Д.М.(39) од с.Бардовци, скопско, пријави дека на 09.10.2025 околу 13:00 часот на игралиште на подрачјето на Карпош во Скопје, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички, а настанот бил снимен со телефон и споеделен на социјални мрежи.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Малолетник од Скопје натепан, па удрен со возило

Малолетник од скопски Сарај вчера бил нападнат од две лица, кои подоцна го удриле и со возило пред трговски центар.
Според информациите на полциијата, на 10.10.2025 околу 16:00 часот во СВР Скопје, малолетник од село Сарај, скопско, пријави дека пред средно училиште на подрачјето на општина Сарај, скопско, бил физички нападнат од И.С.(18) од с.Глумово, општина Сарај и уште едно лице, при што едниот употребил тврд предмет.
Според пријавеното, подоцна и пред трговски центар на подрачјето на Сарај во Скопје го удриле со патничко возило „сеат леон“.