Компании
„Мак Аутостар“ со посветеност прослави две децении
Гламур и сјај, познати јавни личности и странски гости, лица од естрадата и голем број претставници на медиумите, на забава организирана на оригинален начин, заедно го прославија 20-годишниот јубилеј на компанијата Мак Аутостар, генералнот застапник на „Mercedes-Benz и „Mitsubishi Motors“ во Македонија.
Гламур и сјај, познати јавни личности и странски гости, лица од естрадата и голем број претставници на медиумите, на забава организирана на оригинален начин, заедно го прославија 20-годишниот јубилеј на компанијата Мак Аутостар, генералнот застапник на „Mercedes-Benz и „Mitsubishi Motors“ во Македонија.
„Навистина е убаво чувството да се биде сведок на две децении развој и одржување на врвот на една компанија како што е Мак Аутоастар, една меѓу првите автомобилски компании од осамостојувањето на Македонија. Под мотото ’Посветени како никој друг’ прославуваме 20 годишен јубилеј, за што сведочат 20 години успешна приказна, која продолжува и денес, да го дадеме најдобро на сите оние кои го очекуваат најдоброто. Би сакал да изразам голема благодарност од името на ’Мак Аутостар’ до сите наши верни клиенти, пријатели и соработници, со чија помош успеавме да го постигнеме сето тоа“, изјави генералниот директор на „Мак Аутостар“, Зоран Марковски.
Освен пријателите на ’Мак Аутостар’, како и познати личности од јавниот живот, специјално за прославата допатуваа и главниот директор за продажба и маркетинг на „Mercedes-Benz“ патнички возила за централна и источна Европа, Азија и Африка, Јоханес Фриц, потоа главниот извршен директор на „Mitsubishi Motors“ за Европа, Томохиса Нишина, како и сопственикот на „Мак Аутостар“ и еден од сопствениците на групација „Betz“, Tомас Бец.
Ѕвезда на вечерта беше „Mercedes-Benz S-Coupe“, бидејќи „Мак Аутостар“ повторно меѓу првите земји во светот, успеа премиерно да го покаже моментно најпосакуваниот светски автомобил.
На настанот гостите имаа прилика да уживаат во музиката на дваесетчлениот Биг-бенд оркестар на Македонската радио-телевизија заедно со Џон Илија Апелгрен, а на сосема уникатен, мултимедијален начин беше одбележан и моментот на прославувањето на 20-годишниот јубилеј на компанијата со познатиот танчер Илија Карадаковски. Прославувањето траеше до доцните ноќни часови, кога и „журката“ се расжести, со добро познатата Тамара Тодевска, како и Кубанскиот Кристал бенд. /крај/мф/аа
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)