Спорт
На Клоп ќе му недостасува Евертон ако испадне во втора лига
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп пред Мерсисајд дербито со соседите Евертон, вели дека тоа е „најинтензивното дерби“ во кое учествувал и признава дека ќе му недостасуваат „карамелите“ ако не успеат да изборат опстанок оваа сезона.
На „Енфилд“ утре се игра 240. дерби на Мерсисајд во кое, како и обично, на двата клуба им се потребни поени – на Ливерпул да останат во трката со Ман сити за Премиерлигата, а за Евертон да избегнат опстанок. „Карамелите“ се на само поен пред Барнли на 17. место на табелата, иако имаат натпревар помалку.
Клоп загуби само еднаш во 14 дербија, минатата сезона, кога Евертон славеа на „Енфилд“ првпат по 21 година со 2:0 триумф пред празни трибини.
„Да, ова можеби е најинтензивното дерби. Го сакам интензитетот и физичката игра во фудбалот, ако е во рамките на правилата и без претерувања. Овој меч е важен за двата клуба, но секогаш бил важен за Евертон. Дали ќе ми недостасува ако Евертон испаднат? Секако, сите сме навикнати на двата клуба во нашиот град и така треба да биде. Оваа недела е малку поинако, бидејќи неодамна игравме со Јунајтед, но обично цела недела пред дербито се зборува само за тоа“, вели Клоп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Јанакопулос на српски го пцуе судијата
Контроверзниот сопственик на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, повторно се најде во центарот на вниманиетот поради своето некулторно однесување.
Панатинаикос, синоќа, во драматичен натпревар во Белград загуби од Макаби со 83:85. Макаби поведе во четвртфиналната серија со 2:1 и во четврток може да обезбеди пласман на завршниот турнир.
Виниовни за поразот според Јанакопулос се судиите. За една одлука клубот вложи жалба и бара натпреварот да биде поништен.
Во текот на натпреварот во салата „Александар Николиќ“ постојано им дофрлаше на судиите од првиот ред.
А по мечот го опцу, судијата Лука Кардума.
Покрај него, правдата ја делеа и Сретен Радовиќ и Емин Могулкоч.
— OvoOno (@OvoOnoX) April 30, 2024
Спорт
Белгија без Куртоа на ЕУРО 2024
Белгискиот голман Тибо Куртоа ќе го пропушти претстојното Европско првенство во Германија поради повреда на лигаментите на коленото.
Куртоа ја пропушти целата сезона и му требаше уште една операција во март кога се појавија проблеми во неговото закрепнување.
Тој би можел да се врати на терените во тимот на Реал Мадрид пред крајот на сезоната, но селекторот на Белгија, Доменико Тедеско го отпиша од тимот, објави Би-би-си.
Куртоа, кој досега одигра 102 натпревари за Белгија, во декември изјави дека нема целосно да се опорави за да игра во натпреварувањето во Германија.
„На оваа тема веќе се е кажано. Се концентрираме на играчи кои се во добра форма – изјави Тедеско за германските медиуми.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека се надева дека Куртоа ќе се врати на теренот за саботниот натпревар од Ла Лига против Кадиз.
Спорт
Тухел го обвини Ким за ремито против Реал
Foto/ EPA
Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа 2:2 во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите.
Баерн не успеа да ја искористи надмоќта во поголемиот дел од натпреваорт и со предност да патува во Мадрид на реваншот.
Виновник е Кореецот Ким Мин-Јае, згреши кај двата гола.
„Беше премногу алчен и во двата случаи. Прво, прерано стартуваше на Винисиус за првиот гол, а Тони Крос со додавање го фати на погрешна нога. Тој ризикуваше и беше премногу агресивен. Истата грешка ја направи и кај вториот гол. Игравме пет на два, бевме повеќе. Немаше потреба толку агресивно да го брани Родриго. Кога Даер се обиде да му помогне, Ким го собори Родриго. За жал, со квалитетот што го има Реал тие грешки се казнуваат. Тоа се случува, мора да продолжиме понатаму“, изјави Тухел.
Реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ на програмата е наредната середа.