Европа
Лавров: НАТО, всушност, е во војна со Русија

Испораките на западно оружје во Украина значат дека НАТО, всушност, е вклучен во војна со Русија, а Москва го смета тоа оружје за легитимна цел, изјавил рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во интервју емитувано во руските медиуми.
„Ова оружје ќе биде легитимна цел на руската воена акција во контекст на специјална операција“, изјави Лавров за државната телевизија во интервју објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи. Магацините во западна Украина беа гаѓани неколкупати. Што друго?“, изјави Лавров. „НАТО, всушност, е вклучен во војна со Русија преку посредници и го вооружуваат тој посредник. Војната е војна“, изјавил Лавров.
Рускиот министер за надворешни работи му порача на светот да не ги потценува значителните ризици од нуклеарниот конфликт.
Запрашан за важноста од избегнување на третата светска војна и дали сегашната ситуација е споредлива со кубанската ракетна криза од 1962 година. Лаворв рече: „Ризиците сега се значителни“. Не сакам вештачки да ги зголемувам тие ризици. Многумина би го сакале тоа. Опасноста е сериозна, реална. И не смееме да ја потцениме“.
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитриј Кулеба, рече дека ширењето страв од Русија е знак на слабост.
Русија ја загуби последната надеж да го одвлече вниманието на светот од поддршката на Украина, напиша Кулеба на !Твитер“ по интервјуто на Лавров. „Тоа само значи дека Москва чувствува пораз“.
За време на посетата на Киев во неделата, американскиот државен секретар, Антони Блинкен, и министерот за одбрана, Лојд Остин, ветија поголема воена помош за Украина.
Стејт департментот во понеделникот, повикувајќи се на вонредната состојба, одобри потенцијална продажба на муниција во вредност од 165 милиони долари на Украина.
Пентагон соопшти дека пакетот може да вклучува артилериска муниција за хаубици, тенкови и фрлачи на гранати.
Амбасадорот на Москва во Вашингтон им порача на САД да ги прекинат испораките предупредувајќи дека западното оружје го поттикнува конфликтот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Шефот на германската разузнавачка служба: Имаме докази, Русија планира напад врз НАТО

Шефот на германската служба за надворешно разузнавање, Бруно Кал, предупреди дека Германија има „конкретни“ разузнавачки докази дека Русија планира напад врз територијата на НАТО за да ја тестира клучната клаузула во алијансата – Член 5, кој гарантира заемна одбрана.
Во ретко интервју за германскиот подкаст „Table Briefings“, Кал рече дека руското раководство повеќе не верува дека НАТО ќе застане на страната на своите членки и дека Москва би можела да се обиде да провери дали таа обврска всушност се почитува.
„Многу сме сигурни, а имаме и разузнавачки докази за ова, дека [руската инвазија на] Украина не е крај, туку само чекор на патот на Русија кон Западот“, рече Кал.
Тој додаде дека ова не значи дека Германија очекува „големи тенковски единици да се движат од исток кон запад“, туку дека има луѓе во Москва кои сериозно се сомневаат во ефикасноста на Член 5.
Неговите изјави се надоврзуваат на претходните предупредувања на германскиот министер за одбрана Борис Писториус, кој постојано нагласуваше дека Германија „мора да биде подготвена за војна“ до крајот на оваа деценија. „Во моментов не верувам дека е веројатен руски напад“, изјави Писториус за „Тагесшпигел“ минатата година. „Нашите експерти проценуваат дека ова би можело да стане можно во рок од пет до осум години“.
Слична проценка даде данското воено разузнавање во извештај објавен во февруари. Според нив, ако војната во Украина заврши, Кремљ би можел да ослободи значајни воени капацитети и да започне нов конфликт во соседната земја во рок од шест месеци.
Кал, кој наскоро ќе ја преземе својата нова функција како амбасадор на Германија во Светата столица, рече дека Москва сака да го врати НАТО на границите од 1990-тите, да ги истисне САД од Европа и да го прошири своето влијание со сите расположиви средства. „Мора да го спречиме ова додека сè уште можеме“, предупреди тој.
Тој истакна дека соработката со Соединетите Американски Држави останува стабилна и покрај повремените тензии. „Американците го сфаќаат Член 5 многу сериозно“, рече Кал, „но тие со право инсистираат дека Европа мора да го преземе својот дел од одговорноста“.
Иако војната е сè уште ограничена на украинска територија, германската агенција за внатрешна безбедност, Федералната канцеларија за заштита на уставниот поредок (BfV), предупредува дека Русија сè повеќе го шири конфликтот на Запад преку кибернапади и шпионажа.
Според годишниот извештај на BfV, презентиран во Берлин, Москва користи таканаречени агенти со низок профил за извршување саботажи. Овие агенти се осомничени за испраќање запаливи направи во пратки, што предизвика серија пожари во логистичките центри низ Европа минатата година.
„Забележуваме дека агресијата на Русија против Украина сè повеќе ги тестира нашите одбранбени способности во областите на кибер и разузнавачки операции“, рече Синан Селим, заменик-претседател на BfV.
Европа
Словачка се заканува дека ќе ги блокира новите санкции кон Русија

Словачка би можела да го блокира новиот пакет санкции на Европската Унија кон Русија доколку Европската комисија не понуди решение за загриженоста на земјата-членка во врска со снабдувањето со енергија, изјави вчера премиерот Роберт Фицо.
„Словачката Република нема да го поддржи предложениот 18-ти пакет санкции против Руската Федерација доколку Европската комисија не понуди вистинско решение за кризата што ќе ја зафати Словачка по целосното прекинување на снабдувањето со гас, нафта и нуклеарно гориво од Русија“, напиша Фицо на Фејсбук.
Словачка, која граничи со Украина и е членка на ЕУ и НАТО, е во голема мера зависна од руската енергија. Прекинот на протокот на руски гас низ Украина влијаеше на снабдувањето, предизвикувајќи спорови со Киев и загриженост во Братислава.
Словачкиот парламент минатата недела со тесно мнозинство одобри необврзувачка резолуција со која се повикуваат владините претставници да се спротивстават на какви било идни санкции што се сметаат за штетни за економијата на земјата.
Фицо, левичарски националист, постојано јавно ги критикуваше поединечните санкции на ЕУ, тврдејќи дека тие ќе ѝ наштетат на Словачка повеќе отколку на Русија. Но, за разлика од конзервативниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан, Фицо и други словачки владини претставници на крајот ги поддржаа сите санкции против Русија без исклучок.
Европа
Жителите на Грац запалија свеќи во центарот на градот за да оддадат почит на жртвите од нападот

Граѓаните на Грац се собраа на главниот плоштад во градот за да запалат свеќи и да им оддадат почит на жртвите од пукањето.
Фотографиите покажуваат како луѓето оддаваат почит во тишина додека градот се обидува да го разбере трагичниот напад.
Се огласи училиштето каде што се случи масакрот
БОРГ Драјершуценгасе, средното училиште во северозападен Грац каде што се случи пукањето, објави порака на Инстаграм по трагедијата. Пораката е напишана на германски јазик, официјалниот јазик на Австрија.
„Ова беше ужасен ден кој длабоко нè погоди и шокираше сите нас. Да продолжиме да се држиме заедно како училишна заедница и да се поддржуваме едни со други. Вашите наставници и вашиот директор“, се вели во пораката.
Според првичните извештаи, во училиште во Грац околу 10 часот вчера наутро се случило пукање. Најмалку 11 лица се мртви, вклучувајќи го и напаѓачот. Уште 11 лица се повредени во нападот, од кои седум се во критична состојба.