Компании
И Fiat осомничен за мамење на тестовите за емисии на гасовите
Цените на акциите на еден од гигантите во автомобилската индустрија „Fiat Chrysler“ (FCA) остро паднаа во понеделникот на берзата во Милано, по медиумските написи дека би можело да биде забранета продажбата на возилата на оваа италијанска компанија во Германија, поради сомневањата дека мамела на тестовите за емисија на штетните гасови.
Во еден момент од понеделничкото тргување цената на акцијата на FCA падна за 5 отсто, за до крајот на тргувањето загубата сепак да биде ублажена.
Во неделата германското списание Bild am Sonntag објави дека германскиот сообраќаен регулатор KBA, по скандалот со мамењето од страна на „Volkswagen“ на тестовите за емисија на штетните гласови, тестирал низа возила на различни производители и во некои од моделите на „Fiat“ открил софтвер кој ја исклучува технологијата за контрола на емисијата на гасовите по 22 минути, две минути по завршувањето на стандардните еколошки тестови.
Весникот наведува дека регулаторите за своите сознанија ги известиле Европската комисија и италијанските регулаторни власти, како и дека извори од германското министерство за сообраќај порачале дека во најлошото можно сценарио за „Fiat“ би можело да биде забраната за продажба на возила во Германија, доколку продолжи со непочитувањето на прописите за емисија на штетните гасови.
Портпаролот на FCA во понеделникот во соопштение порача дека сите возила произведени од компанијата се во согласност со постојните правила во врска со споменатите емисии.
Иако ова претставува силен удар за италијанскиот производител, аналитичарите сметаат дека сепак нема да дојде до најлошото сценарио за него.
Без оглед на крајниот исход од наодите, малку е веројатно, сметаат аналитичарите од швајцарската банка UBS, дека на FCA потполно ќе му биде забранета продажбата на возила во Германија, имајќи предвид дека на германски „Volkswagen“ му е дозволено и натаму да продава автомобили, дири и откако се докажа дека мамел на тестирањата за емисијата на штетни гасови./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)