Контакт

Европа

(Од час во час) На Мариупол му се заканува епидемија, НАТО е подготвен да ја поддржува Украина со години

Објавено пред

Шеесет и четврти ден од војната во Украина

dobivaj vesti na viber

Најжестоките битки се водат во Мариупол околу железарницата „Азовстал“. ОН се подготвуваат да ги евакуираат цивилите од железарницата.

Клучни податоци:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е во Киев, ќе се сретне со Зеленски. Тој, исто така, ќе ги посети Буча и Ирпин, предградие на Киев, каде што Украинците велат дека Русите извршиле воени злосторства над цивилите.

Експлозија во близина на ТВ кула во окупираниот украински град Херсон. Русите тврдат дека Украинците истрелале три ракети кон градот.

Путин се закани со брза одмазда на сите вклучени во конфликтот во Украина

САД и околу 40 сојузнички земји од Германија соопштија дека испраќаат тешко оружје во Украина

Од час во час:

21.50 Зеленски: Украина нема да ги признае референдумите на териториите кои не се контролирани од Киев

Украина нема да ги признае референдумите на териториите кои не се контролирани од Киев, изјави претседателот на Украина Владимир Зеленски.

21.10 https://makfax.com.mk/svet/путин-го-обвини-западот-дека-се-обидел/

За време на состанокот во московското Јавно обвинителство во понеделникот, рускиот претседател Владимир Путин упати шокантно обвинение, најавувајќи апсење на неколку обвинети атентатори кои наводно планирале да го убијат познатиот новинар на руската државна телевизија и жесток лојален на Путин, Владимир Соловјов.

21.00 Две експлозии во Киев за време на обраќањето до медиумите на Зеленски и Гутереш

Најмалку две експлозии се слушнале вечерва во главниот град на Украина, Киев, веднаш по средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

17.50 На Мариупол му се заканува епидемија: Температурата расте, нема вода, тела се распаѓаат под урнатините

Локалните власти во украинскиот град Мариупол предупредија дека градот е подложен на епидемии поради ужасните санитарни услови во повеќето делови на градот и фактот што можеби илјадници тела сè уште не се подигнати.

17.40 Бајден: САД не ја напаѓаат Русија, туку и помагаат на Украина да се одбрани

Тој вели дека е од клучно значење Конгресот да одобри дополнителни 33 милијарди долари финансирање што е можно поскоро. Бајден вели дека поддршката за Украина „не е евтина“, но дека САД не можат да „стојат на страна

16.30 Столтенберг: НАТО е подготвен да ја поддржува Украина со години

НАТО е подготвен да ја поддржува Украина со години во војната против Русија, вклучително и обезбедување помош на Киев за да се префрли од старото оружје од советската ера на модерна западна воена опрема, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

14:55 ЕУ: Плаќањето во рубли е заобиколување на санкциите

Плаќањето за гас според рускиот декрет, преку две сметки, едната во евра, а другата во рубли, ги заобиколува санкциите на ЕУ наметнати за Русија, изјави висок претставник на ЕУ.

Русија донесе декрет со кој се бара од европските компании кои купуваат гас од „Гаспром“ да отворат една сметка во евра, а друга во рубли. Русија смета дека исплатата е извршена дури откако еврата ќе се претворат во рубли.

14:30 Командантoт на „Азов“ бара итна помош од Киев за ситуацијата во фабриката „Азовстал“

Украинските лидери мора да најдат начин да му помогнат на полкот што ја брани фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, која е опкружена од руските сили, рече командантот на „Азов“ во емотивното обраќање.

„Го повикувам воено-политичкото раководство да преземе решителни чекори за да ја прекине блокадата или да ги евакуира сите оние што се надеваат и веруваат во својата татковина“, рече заменик-командантот Свјатослав Паламар во видеопораката објавена денеска.

13:15 Две водечки енергетски компании од ЕУ потврдија дека разговораат за плаќање во рубли

Две водечки европски енергетски компании потврдија дека преговараат со рускиот државен енергетски гигант „Гаспром“ за начинот на плаќање на рускиот гас, додека во исто време тврдат дека сакаат да дејствуваат во согласност со санкциите на ЕУ, но и новите руски правила кои бараат од западните земји за гас да плаќаат во рубли.

12:30 Германија одобри испраќање оружје во Украина, германските војници пристигнуваат во Источна Европа

Германскиот парламент денеска одобри испраќање на тешко оружје и сложени системи во Украина.
Испраќањето оружје го поддржаа пратениците на владејачката коалиција, но и најголемата опозициска партија ЦДУ. Против беше ултрадесничарската партија АФД, која смета дека со испраќање оружје во Украина, Германија е блиску до објавување војна.

11:45 Велика Британија: Руската морнарица сè уште може да нападне цели во Украина

Руската морнарица се уште може да погоди цели во Украина, иако загуби два воени брода, соопшти денеска британското Министерство за одбрана.

11:40 Захарова: Ќе одговориме на сите мерки на САД, па дури и на идиотските

Коментирајќи го предлогот на американскиот Конгрес, Русија да се прогласи за спонзор на тероризмот, портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, изјави дека Русија ќе одговори на сите мерки, вклучително и на, како што рече, оние идиотските, пренесува „Спутник“.

11:30 Гроси за состојбата во нуклеарната централа: Тоа е црвено светло што трепка

Ситуацијата во украинската нуклеарна централа Запорожје, која е окупирана од руските сили, е неодржлива и може да се покаже опасна, предупреди генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси.

11:00 Шефот на ОН во Бородјанка: Си го замислувам семејството, внуците како бегаат, војната е лудост

Војната во 21 век е лудило, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш по пристигнувањето во Бородјанка, предградие на Киев, каде Русите, според Украинците, извршиле злосторства за време на окупацијата на областа во март.

10:40 Големите земји од ЕУ се подготвуваат да го платат рускиот гас во рубли, тврди „Фајненшл тајмс“

Британскиот весник, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, пишува дека големите дистрибутери на гас во Германија, Австрија, Унгарија и Словачка планираат да отворат сметки во рубли кај „Гаспромбанк“ во Швајцарија за да го задоволат барањето на Русија за плаќање на гасот во таа валута.

09:50 Лиз Трас: Треба да бидеме сигурни дека и Западен Балкан ќе има способност да ги одржи суверенитетот и слободата

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас на велигденскиот банкет зборуваше за војната во Украина. Таа ја истакна потребата од единство во светот што ја предизвика војната, со посебен акцент на состојбите во Западен Балкан.

09:40 Институтот за војна: Русите бавно напредуваат, можеби ќе сакаат да ја вклучат и Молдавија во војната

Во извештајот на Институтот за војна за состојбата на боиштето во Украина се вели дека Русите бележат мали, но постојани успеси во источна Украина.

09:30 Поранешен командант на НАТО: Западот мора да се подготви за војна

Се пoбројни се реакциите на вчерашната изјава на британската министерка за надворешни работи Лиз Трус која порача дека руските сили треба да бидат протерани од цела Украина, пренесуваат агенциите во светот.

09:00 Русија ја предупреди Јапонија: Ќе има одмазнички мерки ако поморските вежби со САД се прошират до границите на Русија

Русија ја предупреди Јапонија и се закани со одмазднички мерки доколку заедничките поморски вежби со САД се прошират во близина на источните граници на Русија, пишува Си-Ен-Ен.

08:15 Силна експлозија во Херсон

Силна експлозија одекна во центарот на окупираниот украински град Херсон. Според странските медиуми, експлозијата се случила во близина на голема ТВ кула.

08:05 Путин се заканува со одмазда

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди на молскавична одмазда доколку другите земји се вмешаат во конфликтот во Украина, додека европските лидери ја обвинија Русија за уцена поради нејзината одлука да го прекине снабдувањето со гас за Полска и Бугарија.

Европа

Јулија Тимошенко: Моите банкарски сметки се блокирани

Објавено пред

Лидерката на партијата Татковина и поранешна украинска премиерка Јулија Тимошенко, која од страна на истражителите е осомничена дека нудела мито на неколку пратеници, објави дека нејзините банкарски сметки се замрзнати.

dobivaj vesti na viber

Тимошенко го објави ова на Фејсбук, а нејзината реакција доаѓа откако беше објавено дека обвинителите ќе бараат кауција од околу еден милион евра и изрекување мерки на претпазливост. Според неа, дури тогаш дознала дека нејзините сметки се замрзнати.

„Што е надреализам? Ова е кога во отворено политички нарачан случај планирате да платите кауција со парите што сте ги добиле како компензација за политичкиот прогон на одреден кратковид „диктатор“. Но, не можете да го направите ова бидејќи вашите банкарски сметки беа блокирани дури и пред судската одлука.

Вака изгледа „антикорупциската правда“ на меѓународните измамници. Вие наивни луѓе веројатно мислите дека со такви примитивни потези ќе ме принудите да бегам или дека ќе престанам да се борам. Страшно грешите“, напиша Тимошенко на Фејсбук.

Украинските антикорупциски власти во вторник вечерта објавија дека откриле корупција поврзана со лидер на партија. Подоцна беше потврдено дека случајот се однесува на Јулија Тимошенко. Таа е осомничена за нудење нелегални бенефиции на пратеници од други партии во замена за гласање за или против одредени законски предлози.

Извори од политички кругови потврдија во среда наутро дека истражителите ѝ доставиле на Тимошенко известување за сомневање. Потоа, Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБО) објави аудио снимка во која, според истражителите, Тимошенко и неидентификуван пратеник разговараат за шема за плаќање за гласови во украинскиот парламент.

Тимошенко рече дека тоа била „голема ПР-шоу“ и „чистење на политичките конкуренти пред изборите“. Таа тврди дека истражителите „не пронашле ништо“, туку само ги заплениле нејзините „мобилни телефони, парламентарни документи и лични заштеди, кои се целосно наведени во нејзината имотна картичка“. Таа, исто така, изјави дека објавената аудио снимка „нема никаква врска“ со неа.

Прикажи повеќе...

Европа

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Објавено пред

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи ја можноста да повика на зајакнување на воената моќ на Франција.

dobivaj vesti na viber

Францускиот претседател го спореди својот проблем со очите со песната „Eye of the Tiger“, велејќи дека тоа е знак на решителност и предупредување дека Франција може да остане слободна во „брутален свет“ само ако другите се плашат од неа и ако е моќна.

epa12650914 French President Emmanuel Macron delivers a speech during a visit to the Istres Air Force Base in Istres, southern France, 15 January 2026. The French president travelled to the Istres airbase to present his New Year’s wishes to the armed forces. EPA/PHILIPPE MAGONI / POOL

Повикувањето на насловната песна од филнот „Роки III“ од 1980-тите години дојде откако Макрон ја прогласи француската армија за „најефикасна“ во Европа, додавајќи дека таа мора да стане посилна и побрза. Пред говорот, кој започна со објаснување за неговиот изглед, Макрон носеше очила за сонце додека ги прегледуваше војниците.

„Ве молам извинете за грдиот изглед на моето око. Тоа е, се разбира, нешто сосема безопасно“, рече Макрон. „Сфатете го како ненамерна референца на „Eye of the Tiger“… за оние кои ја разбираат референцата, тоа е знак на решителност.“

epa12651821 French President Emmanuel Macron delivers a speech as he visits the Istres military air force base, southern France, 15 January 2026. The French president travelled to the Istres airbase to present his New Year’s wishes to the armed forces. EPA/PHILIPPE MAGONI / POOL

Тој го искористи своето новогодишно обраќање до војниците во воената база во јужна Франција за да најави поголеми трошоци за одбрана. Тој рече дека сака да ги помести плановите за буџет за одбрана од 64 милијарди евра од 2030 на 2027 година, со 3,5 милијарди евра за забрзување на вооружувањето на Франција достапно оваа година.

Прикажи повеќе...

Европа

Герасимов: Во јануари окупиравме 300 квадратни километри во Украина

Објавено пред

Руските сили зазедоа повеќе од 300 квадратни километри украинска територија во првата половина на јануари, изјави началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов. Русија соопшти дека минатата година зазела 6.640 квадратни километри во Украина.

dobivaj vesti na viber

Украинскиот парламент во среда го назначи младиот технократ Михаил Федоров за министер за одбрана, додека владата се стреми да ги поттикне иновациите за да ја зајакне војската за време на тешката фаза од речиси четиригодишната војна.

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека му наредил на 34-годишниот Федоров да спроведе брзи одлуки за заштита на украинското небо, зајакнување на линиите за снабдување на фронтот и воведување други технолошки решенија за запирање на руското напредување.

Исцрпената украинска армија е побројна и пооружена на фронтовските линии откако започна руската инвазија во февруари 2022 година. Руските сили бавно напредуваат во источниот регион Донецк и се обидуваат да ги пробијат одбранбените линии на југ и североисток.

Бидејќи дипломатските напори за завршување на војната не даваат опипливи резултати, Киев се соочува со потребата да ги зајакне своите вооружени сили, кои бројат околу милион припадници.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Им се заканувал на сопругата и ќерките дека ќе ги убие и запали: откриено автоматско оружје по пријава за семејно насилство во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење,...

Македонија3 часа

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...

Македонија3 часа

Запленети пиштоли, едно лице е во притвор, спречен обид за сериозен меѓународен криминал, соопшти Царинската управа

Царинската управа соопшти дека е спречен обид за сериозен меѓународен криминал, при што биле запленети девет пиштоли од кои пет...

Македонија3 часа

Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и Струга

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска во 11 часот и 28 минути регистрира земјотрес со епицентар во соседна...

Македонија3 часа

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет4 часа

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...

Топ4 часа

Почината жена пронајдена во стан во Струга

Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското...

Европа7 часа

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет8 часа

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...

Свет8 часа

(Видео) Кенеди за исхраната на Трамп: Не знам како е сè уште жив, јаде навистина лоша храна

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп,...

Свет9 часа

Венецуела најавува „нова политика“ и отворање на нафтените полиња за странски инвеститори

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во четвртокот претстави законодавна иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат...

Свет9 часа

Нови израелски напади врз Газа: убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и милитант на Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во...

Свет21 час

Путин: Светот станува поопасен, ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека меѓународната ситуација се влошила и дека светот станува поопасен, но не ја спомена...

Македонија24 часа

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија1 ден

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија1 ден

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...

Македонија1 ден

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи....

Топ1 ден

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија1 ден

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...

Македонија1 ден

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија...