Европа
Градоначалникот на Мариупол: Русите убија повеќе цивили овде отколку нацистите во Втората светска војна
Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко изјавил дека Русите убиле повеќе цивили во двата месеци од војната во Мариупол отколку нацистите кои за две години убија 10.000 цивили во Мариупол, пренесуваат медиумите во регионот.
Како што објави градскиот совет на Мариупол на својот канал „Телеграм“, градоначалникот Бојченко изјавил дека во градот биле убиени 20.000 цивили.
„За две години нацистите убија 10.000 цивили во Мариупол. Руските окупатори за два месеци убија над 20.000 граѓани. Над 40.000 луѓе беа насилно депортирани“, кажал Бојченко.
Дополнително, во соопштението се наведува дека Русите за време на окупацијата во Втората светска војна депортирале повеќе жители на Мариупол отколку нацистите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германската полиција уби навивач кој со секира влегол во фан-зоната на Европско првенство (ВИДЕО)
Германската полиција во Хамбург имаше полни раце работа. Во градот каде хрватската фудбалска репрезентација ќе го одигра следниот натпревар на ЕП, оној против Албанија, полицијата застрела и уби еден маж. Германските полицајци биле принудени на тоа, бидејќи мажот сакал со секира да нападне случајни минувачи во фан-зоната за време на Првенството.
Напаѓачот во Хамбург прво ги нападнал навивачите со секира, а потоа ги нападнал и обезбедувањето.
Полицијата прво употребила солзавец, а потоа пукала. Еден од истрелите на полицаецот бил предупредувачки, а вториот го погодил.
Наспроти првичните вести, нападот очигледно нема никаква врска со Европското фудбалско првенство.
„Местото на нападот е далеку од просторот каде се следат првенствените натпревари. Нема индиции дека напаѓачот има врски со некоја од навивачките групи“, соопштија од полицијата.
Денеска во Хамбург се игра натпреварот помеѓу Полска и Холандија и градот е преполн со навивачи на двата табора.
Европа
Четворица загинати во страшна сообраќајка во Грција, пожарникарите го сечеа возилото за да ги извадат телата (ВИДЕО)
Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во Грција, четири лица загинаа, а три се повредени.
Според првите информации, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило изгубило контрола и удрило во автобус што минувал.
Патниците загинале на лице место, а пожарникарите го сечеле возилото за да дојдат до телата на настраданите во автомобилот.
Европа
Без пратеници Роми остана Европскиот парламент
Со приближно 10 до 12 милиони жители во Европа, од кои околу шест милиони живеат во ЕУ, Ромите се едно од најбројните европски етнички малцинства. Сепак, во новиот состав на Европскиот парламент, избран минатата недела, првпат по 2004 година нема ниту еден европратеник припадник на ромската заедница.
Еден од најгласните застапници за правата на Ромите во Европскиот парламент досега беше Интергрупата за антирасизам и различности (АРДИ), чии цели се промовирање на расната еднаквост и информирање за проблемите со кои се соочуваат малцинствата. Без претставници на Ромите во ова тело, постои стравување од потенцијално поместување на приоритетите, како и намалување на сфаќањето на вистинските предизвици со кои се соочува ромската заедница.
Вклучувањето на претставниците на Ромите во процесот на одлучување би овозможил посеопфатно разбирање за потребите на заедницата, која има тешка историја низ целиот европски континент. Припадниците на ромската заедница се соочуваат со дискриминација низ цела Европа – 68 отсто од Ромите предвремено го напуштаат образовниот систем, а 80 проценти од нив живеат под прагот на сиромаштија.
Ваквите предизвици се вкоренети во стотиците години систематски предрасуди и социјална исклученост, кои продолжуваат да се одржуваат дури и до денес.
Една од земјите со процентуално најголема застапеност на Ромите во ЕУ е Романија. Според официјалните статистичките податоци 2,99 проценти од жителите на Романија се Роми, но според ромските организации реалната стапка на припадници на ромската заедница во земјата надминува осум отсто од вкупното население. Но, меѓу кандидатите за европратеници од Романија немаше ниту еден Ром, што е уште еден доказ за маргинализација на ромската заедница во земјата.
За споредба, унгарското малцинство кое сочинува 5,25 отсто од населението, освои два од вкупно 33-цата романски европратеници.
Отсуството на ромски кандидати за европратеници може да се припише на предизвиците со кои се соочуваат Ромите во политичкото мобилизирање, како поради систематското угнетување кое го одржува циклусот на сиромаштија во заедницата, така и поради бројните стереотипи кои ги спречуваат гласачите да се одлучат за ромските партии.