Македонија
Османи-Ландсбергис: Неопходни се геостратешки одлуки за стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес беше домаќин на министерот за надворешни работи на Република Литванија, Габриелиус Ландсбергис, кој престојува во работна посета на нашата земја.
Османи порача дека неопходно е Европската Унија да направи итен исчекор за ефектуирање на одлуката за отпочнување на пристапните преговори со Северна Македонија од март 2020 година, со што ќе го зајакне европскиот курс на регионот, ќе ја консолидира регионалната и европската стабилност и безбедности ќе ги одврати влијанијата на останатите геополитички центри на моќ.
„Со министерот Ландсбергис се согласивме дека денес се неопходни геостратешки одлуки налик на оние од 2004 или 2007 година, кои ќе придонесат во зацврстувањето на стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот, но ќе го задржат и кредибилитетот на Унијата во регионот. Забрзувањето на евроинтегративниот процес на Северна Македонија и на Албанија преку почеток на преговорите е најдобриот начин за тоа и сакам да изразам благодарност што за ова ја имаме целосната литванска поддршка.“
Министерот Ландсбергис истакна дека Литванија високо ја цени целосната усогласеност на нашата држава со Заедничката и надворешна безбедносна политика на ЕУ, преку воведување на сите рестриктивни мерки кои произлегуваат од воената агресија на Русија врз Украина, хуманитарната помош која ја обезбедува кон Украина и подготвеноста на Северна Македонија за прием на бегалци од Украина.
Голем дел од разговорите беа посветени и на соработката во рамки на НАТО, каде двете држави се сојузници, кои заеднички активно придонесуваат во сочувувањето на мирот и стабилноста на тлото на европскиот континент. Двајцата министри, осврнувајќи се на нарушената безбедносна архитектура во Европа, разговараа за придонесот на Северна Македонија во зацврстувањето на одбраната на Источното крило на НАТО алијансата, како и за подготовките за претстојниот НАТО Самит во Мадрид.
На средбата стана збор и за соработката во рамки на ОБСЕ, при што министерот Османи информира за досегашните преземени чекори на Владата и на Министерството за надворешни работи со цел успешно претседавање со ОБСЕ во 2023 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

