Спорт
Затворска казна од четири години за Санти Мина
Фудбалерот на Селта од Виго Санти Мина е осуден на затворска казна во време траење од четири години. Санти Мина заврши зад решетки поради сексуален напад. На нападната девојка тој ќе мора да и плати и оштета од 50.000 евра.
Нападот се случил на 18. јуни 2017 година, а по долго судење, судот во Алмерија го осуди 26-годишниот фудбалер на Селта на долгогодишна затворска казна.
Покрај овие казни, Мина доби забрана за приближување до својата жртва во радиус од 500 метри во период од 12 години.
Мина пред судот се бранеше со тврдењето дека добил согласност од девојката.
Фудбалерот се надеваше дека ќе добие казна затвор до две години, бидејќи според законот во Шпанија, осудените на две или помалку години затвор можат да платат отштета и воопшто да не одат зад решетки.
Заедно со Мина, за сексуален напад и обид за силување му се судеше и на фудбалерот на Ибица, Дејвид Голдар, но тој беше ослободен од обвиненијата.
Санти Мина е поранешен млад репрезентативец на Шпанија. Роден е во Виго, каде ја започна професионалната кариера. Во 2015 година за 10.000.000 евра се пресели во Валенсија. По четири солидни сезони на „Местаља“ се врати во својот матичен клуб.
Сезонава во Селта одигра 19 натпревари и постигна осум гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

