Спорт
Уникатен подвиг на фудбалерите на Ливерпул
Фудбалерите на Ливерпул со пласманот во финалето на Лигата на шампионите направија уникатен подвиг, ќе ги одиграат сите можни натпревари во сезоната, вкупно 63, ќе имаат можност да освојат четири трофеи.
Избраниците на Јирген Клоп одиграа 12 натпревари во Лигата на шампионите, а 13. ги чека во Париз на 28.мај против Реал Мадрид или Манчестер сити.
Исто така, одиграа пет натпревари во ФА Купот, шести ќе им биде финалето со Челзи, веќе го освоија трофејот во Лига купот во кој одиграа шест натпревари, а во Премиер лигата ќе одиграат уште три од можните 38.
Моментално се втори на табелата со бод помалку од Манчестер Сити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Симеоне ќе остане во Атлетико до 2023 година
Џулијано Симеоне, заслужи и доби нов договор од Атлетико Мадрид. 22-годишникот и понатаму ќе соработува со својот татко Диего Чоло Сименоне, кој од декември 2013 година ги предводи „јорганџиите“.
Првата задача што новиот спортски директор на Атлетико Мадрид, Матеу Алемани, сакаше да ја заврши веднаш по преземањето на функцијата беше иднината на Џулијано Симеоне.
Младиот аргентински напаѓач и клубот веќе некое време преговараат за продолжување на соработката, а за време на репрезентативната пауза, договорот е финализиран.
Според информациите на „Марка“,Симеоне доби подолг договор, поголема плата и значително повисока откупна клаузула.
Наместо неговиот сегашен договор да истекува во 2028 година, Џулијано сега ќе биде врзан до летото 2030 година, што значи продолжување за уште две сезони.
Финансиски, новиот договор вклучува зголемување на платата и зголемување на клаузулата од 50 на 100 милиони евра, што е јасен сигнал дека клубот има намера цврсто да го задржи својот млад крилен напаѓач и да спречи секаков обид тој да замине од „Метрополитано“.
Овој потег совршено се вклопува во желбите на тренерот Диего Симеоне, таткото на Џулијано, кој постојано нагласува колку му значи напредокот и професионалниот став на неговиот син кон играта.
По натпреварот од Лигата на шампионите против Унион Сен Жилоа, популарниот Чоло рече.
„Џулијано се снаоѓа одлично. Тој сака повеќе. За да стигне таму каде што сака, мора да ја задржи својата скромност и желба за напредок.“
Џулијано Симеоне има 3 гола и 5 асистенции на 16 официјални натпревари оваа сезона, а на само 22 години стана сериозна опција во офанзивниот систем на Атлетико.
Спорт
Барселона има нов тренер
Шпанецот Чави Пасквал е новиот тренер на Барселона, ексклузивно објавува „Мундо депортиво“.
Пасквал се враќа во „Блауграна“, со која ја освои Евролигата во 2010 година и на чија клупа го помина периодот од 2008 до 2016 година како главен тренер, а претходно беше дел од тренерскиот штаб.
По Барселона, 53-годишниот Пасквал ги тренираше Панатинаикос и рускиот Зенит во последните пет години.
Пасквал го наследи Жоан Пењароха на клупата на Барселона и ќе потпише тригодишен договор, ќе го преземе тимот следниот понеделник, а претходно Каталонците ќе го играат натпреварот од 11-то коло од Евролигата против Виртус во петок и натпреварот од шпанската АЦБ лига против Басконија во недела.
Спорт
Манчестер јунајтед ја следи ситуацијата со Карем Адејеми
Иднината на германскиот напаѓач Карим Адејеми во Борусија Дортмунд е под знак прашалник, а според германските медиуми, Манчестер Јунајтед внимателно ја следи ситуацијата. Главната причина за неизвесноста е нарушениот однос меѓу 23-годишникот и тренерот Нико Ковач, што би можело да го забрза неговото заминување од клубот, пишува „Дејли Мејл“.
Проблемите се натрупуваат за младиот напаѓач и на теренот и надвор од него. Адејеми не постигнал гол, ниту асистенција од крајот на септември, а тензиите со хрватскиот тренер Нико Ковач кулминираа во јавена расправа.
Инцидентот се случи на 25 октомври за време на победата од 1:0 против Келн, кога Адејеми фрли шише со вода кон клупата додека го напушташе теренот. Ковач јавно го осуди таквото однесување.
Фрустрациите продолжија и во текот на викендот во драматичното реми со Хамбург (1:1), кога Ковач беше видливо незадоволен од одлуките на Адејеми на теренот, поради што го замени во 66-та минута.
Според „Билд“, шпекулациите за иднината на Адејеми веќе се започнати. Иако неговиот договор истекува во 2027 година, неговиот тим инсистира на долгорочно продолжување кое би вклучувало клаузула за откуп проценета на околу 80 милиони евра.
Клучна улога во евентуален трансфер би можел да игра супер агентот Жорге Мендес, кого Адејеми неодамна го ангажираше. Мендес има одлични односи со раководството на „Олд Трафорд“, каде што веќе посредуваше за доаѓањето на Лени Јоро и Мануел Угарте.
На 121 настап за тимот од Дортмунд, Адејеми постигна 29 гола и запиша 22 асистенции.

