Регион
Бугарија ќе поправа украинска воена опрема, но нема да им испрати оружје
Бугарија ќе ја поправа украинската воена опрема, одлучи бугарското Национално собрание, кое, сепак, не даде согласност да испорака на оружје во Украина.
Парламентот ѝ дава дозвола на владата да преземе мерки за хуманитарна, финансиска и воено-техничка помош за Украина, објави претседателот на Народното собрание, Никола Минчев, наведувајќи ги видовите на поддршка вклучени во одлуката:
„Континуирана поддршка за членство на Украина во Европската Унија, помош за украинските граѓани што бегаат од војната, обезбедување можност за извоз на украинско жито во Варна, зајакнување на енергетската соработка, особено снабдувањето со електрична енергија од Украина и природен гас, работи за поправка на украинската воена опрема во воените претпријатија на Република Бугарија и продолжување на испораката на хуманитарна помош, особено лекови, облека и прехранбени производи“, рече Минчев.
На одлуката претходеше жестока расправа, која траеше повеќе од 6 часа.
Од трите поднесени предлог-резолуции, Народното собрание го усвои предлогот на Промената продолжува со гласови на 200 пратеници.
Во пракса, усвоениот текст ги содржеше барањата на украинскиот амбасадор во Бугарија, кој рано утринава испрати писмо до бугарскиот парламент. Така воената помош се трансформира во поправка на украинската воена опрема во фабриките во Бугарија, пишува „бнр.бг“.
Пред парламентот се одржаа протести и контрапротести. Додека едните повикуваа на неутралност и порачаа дека не треба Бугарија да учествува со каква било форма на воена помош, другите бараа да се поддржи одлуката за воена помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Јахорина: Детето кое падна од жичарата претрпе сериозни повреди
Детето, кое вчера падна од жичарницата на планината Јахорина, е надвор од животна опасност, соопштија утрово за „БН ТВ“ од болницата во Источно Сараево.
„Детето е згрижено, претрпе фрактура на бутната коска, што е сериозна физичка повреда, и е испратено во матичната установа во Нови Сад на понатамошно лекување“, изјавија од болницата за „БН ТВ“.
Медиумите потсетуваат дека вчера се случи непријатен настан на Јахорина, кога едно дете беше оставено да виси од жичарницата, а потоа падна на земја од висина од неколку метри.
Сето ова го забележаа скијачите кои случајно се најдоа таму.
Полициската управа Источно Сараево досега не го коментирала случајот, според медиумите во регионот.
Како што изјавија од Олимпискиот центар Јахорина, наскоро ќе биде објавено соопштение во врска со овој настан.
Регион
(Видео) Дете висеше од жичарата на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат
Вчера, дете падна од жичарата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето. Видеото од инцидентот покажува како другите скијачи се обиделе да помогнат, но детето на крајот паднало на земја.
Видеото го прикажува детето како виси од столчето неколку моменти пред падот. Скијачите кои случајно се нашле на падината под жичарата се обиделе да го фатат за да го ублажат падот.
Сè уште не е познато зошто детето паднало од седиштето.
Планинарската служба потврди за БН дека се случила несреќата. Повреденото дете е однесено во болницата „Србија“ во Источно Сараево, каде што е на лекување.
Лекарите сè уште не дале коментар за сериозноста на неговите повреди.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.

