Свет
Човекот кому му беше пресадено срце од свиња умре од свински грип

57-годишниот пациент, кој преживеа два месеца по подложувањето на трансплантација на свинско срце, почина од свински грип, изјави неговиот хирург минатиот месец, пренесува „Блиц.рс“.
Во јануари, Дејвид Бенет, мајстор што страдаше од срцева слабост, беше подложен на многу експериментална операција во Медицинскиот центар при Универзитетот во Мериленд, во која лекарите му го трансплантираа генетски модифицираното свинско срце.
Бенет почина во март. Од болницата, едноставно, соопштија дека неговата состојба се влошила за неколку дена, но не ја наведоа точната причина за смртта.
Минатиот месец хирургот за трансплантација на Бенет, Бартли Грифит, откри дека срцето на свињата било заразено со свински вирус познат како свински цитомегаловирус, кој можеби придонел за смртта на Бенет.
„Почнуваме да откриваме зошто почина“, рече Грифит додавајќи дека вирусот можеби е тој што ја почна целата работа.
Според експертите, трансплантацијата била главниот тест за ксенотрансплантација, процес што вклучува пренос на ткиво помеѓу разни видови вируси.
„Ако ова беше инфекција, веројатно можеме да ја спречиме во иднина“, рече Грифит.
Најголемиот предизвик во трансплантацијата на органи од животно на човек е еластичноста на човечкиот имунолошки систем бидејќи може да ги нападне туѓите клетки во процес наречен отфрлање и да предизвика одговор кој на крајот ќе го уништи трансплантираниот орган или ткиво.
Како резултат на тоа, компаниите имаат биолошки конструирани свињи со отстранување и додавање разни гени за да помогнат во скривање на ткивата од потенцијални имунолошки напади.
Срцето користено во случајот на Бенет доаѓа од свиња што била третирана со 10 генски модификации извршени од Revivikor, биотехнолошка компанија, пренесе „Блиц.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Генералниот секретар на ОН: Во Газа е жив пекол

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денес ја опиша ситуацијата во Појасот Газа како катастрофа предизвикана од човекот, откако Глобалната иницијатива за безбедност на храната официјално прогласи глад во дел од крајбрежната енклава.
Во извештај објавен денес, Интегрираната класификација за безбедност на снабдување со храната (IPC) соопшти дека има „убедливи докази“ дека гладот е распространет во административниот регион што го вклучува градот Газа од 15 август. Реагирајќи на соопштението на IPC, Гутереш ги опиша условите во Газа како „жив пекол“.
Just when it seems there are no words left to describe the living hell in Gaza, a new one has been added: “famine”.
This is not a mystery — it is a man-made disaster, a moral indictment and a failure of humanity itself. Famine is not only about food; it is the deliberate… pic.twitter.com/1MYaxhJl4Z
— António Guterres (@antonioguterres) August 22, 2025
Во објава на Икс, тој нагласи дека ситуацијата не е мистерија, туку „катастрофа предизвикана од човекот, морално обвинение и неуспех на самото човештво“: „Луѓето гладуваат. Деца умираат. А оние чија должност е да дејствуваат не го прават тоа“.
Генералниот секретар на ОН рече дека Израел, како окупаторска сила, е должен според меѓународното право да обезбеди храна и медицински материјали. „Не смееме да дозволиме оваа ситуација да продолжи неказнето“, додаде тој.
фото: принтскрин
Свет
ФБИ изврши претрес во домот на поранешен советник на Трамп, кој долго време е негов жесток критичар

ФБИ денеска упадна во домот на Џон Болтон во Мериленд и изврши претрес. Болтон беше советник за национална безбедност за време на првата администрација на Трамп.
Според Асошиејтед Прес, рацијата е дел од истрагата за ракување со класифицирани документи. Иако претресот беше потврден од анонимни извори, Болтон не беше уапсен, а извршната канцеларија на ФБИ и Белата куќа не издадоа никакви соопштенија.
По напуштањето на администрацијата на Трамп, Болтон се профилираше како жесток критичар на сегашниот претседател. Според Ројтерс, Трамп претходно му ја укинал заштитата од Тајната служба, а Болтон изразил „разочарување, но не и изненадување“ од потегот.
фото: принтскрин
Свет
Шефовите на „Адидас“ отидоа во мексикански град за да се извинат: Ја присвоивме идејата за сандалите

Шефовите на „Адидас“ вчера посетија град во домородните краеви во јужно Мексико за да се извинат за дизајнирањето обувки инспирирани од традиционални кожни сандали, откако мексиканската влада ја обвини компанијата за културно присвојување.
Германската компанија за спортски обувки и облека испрати претставници од својата мексиканска подружница во Вила Идалго Јалалаг, град во државата Оахака, за да се извинат лично, откако тоа го сторија писмено минатата недела.
Проблемот се појави откако чевлите „Oaxaca Slip On“, дизајнирани од мексиканско-американскиот дизајнер Вили Чаварија, предизвикаа негодување кај домородците бидејќи многу личеа на нивните традиционални рачно изработени сандали „huarache“.
„Длабоко жалам што чевлите беа присвоени во овој дизајн, а не развиени во директно и значајно партнерство со заедницата на Оахака“, рече Чаварија во изјава испратена до „Би-Би-Си“.
Тој рече дека намерата отсекогаш била да се оддаде почит на силниот културен и уметнички дух на Оахака и нејзините креативни заедници. Мексиканскиот претседател беше меѓу оние кои се спротивставија на обувките, кои наводно биле направени во Кина без консултации или признание на заедниците што ги создале дизајните.
„Разбираме дека оваа ситуација можеби предизвикала непријатност и затоа јавно се извинуваме“, рече Карен Гонзалез, раководител на правни работи во Адидас Мексико. Во градот Вила Идалго Јалалага, неколку десетици луѓе се собраа на отвореното спортско игралиште за да ги слушнат претставниците на Адидас. На настанот беше изведена традиционална музика, а луѓето носеа традиционални носии.
Гонзалез спомена дека во иднина Адидас ќе се обиде да соработува со Вила Идалго Јалалага со цел да се гарантира почитувањето на културното богатство. Таа заедница има нешто помалку од 2.000 луѓе. Градоначалникот Ерик Фабијан му се заблагодари на „Адидас“ за одржувањето на ветувањето.
На почетокот на месецот, мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум на прес-конференција изјави дека „големите компании често земаат производи, идеи и дизајни од домородните заедници“ и дека владата го разгледува правниот дел за да ги поддржи.
Културното присвојување се дефинира како непризнаено или несоодветно усвојување на обичаи, практики, идеи на една нација или општество од страна на членови на типично доминантна нација или општество.