Македонија
Панчевски и Стојковска од „Алкалоид“ се нови државни шампиони во шах

Интернационалниот мајстор Филип Панчевски и Женски Фиде Мајстор Моника Стојковска, двајцата од ШК Алкалоид, се новите државни шампиони на Македонија во шах.
Панчевски триумфираше на Отвореното првенство на Македонија, на кое беше забрането учество на странски играчи и победникот беше посочен како нов државен првак.
„ Генерално сум задоволен од играта, иако имав еднадо две партии што сметам дека можев да одиграм подобро. На крајот, резултатот 8 поени од 9 партии е доста добар. Овогодинешниот шампионат донесе подмладена конкуренција, па главни ривали ми беа тројцата репрезентативци на Македонија: ИМ Тони Лазов, ИМ Никола Николовски и ФМ Емил Ристески. Во тие три клучни партии успеав да освојам 2,5 поени, што ми овозможи да имам еден поен повеќе од второпласираниот. Инаку, преферирам да играм на Затворен шампионат каде што треба да настапат сите најсилни македонски шахисти и турнирот би изгледал попрофесионално“,изјави Панчевски.
ФМ Емил Ристески и ФМ Роберт Велески, обајцата со по 7 поени, се најдоа веднаш зад победникот.
Женското првенство се организираше по истиот принцип, а на него се пријавија 12 учеснички. Победничката ЖФМ Моника Стојковска освои 6 од 7 можни поени.
„ Сакам да ја поздравам иницијативата за одржување на женското првенство на Македонија кое недостасуваше изминативе години. Шахистките покажаа волја за игра и сметам дека бројот на пријавени учеснички е исто така за поздрав. Нешто што сметам дека треба да се корегира во иднина е дискриминирачкиот награден фонд на женскиот турнир, кој беше двојно помал од наградниот фонд на машкиот турнир. Во однос на конкуренцијата, беа пријавени најсилните шахистки и перспективните младинки. Задоволна сум од мојата игра, иако сметам дека можев и подобро. Ме радува крајниот резултат и мојата прва официјална шампионска титула. Се надевам дека овој турнир ќе продолжи да се одржува и во следните години, со поголема масовност и со порамноправен награден фонд во однос на мажите“, рече Стојковска.
За неа на второто место се најде ЖИМ Габриела Коскоска со 5 поени, додека Ивана Манова е трета со 4,5 поени.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Се виде кој вистински управува со СДС, тоа е Зоран Заев, а Венко Филипче е само нем послушник“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Се докажа дека Заев ја води СДС, додека Филипче е само статист во целата приказна. Иако формално Филипче има водечка улога, реалноста покажува дека сите клучни одлуки и насоки доаѓаат од Заев. Со јавувањето на Заев се гледа кој е вистинскиот лидер на СДС и кој ја има контролата врз партијата и кој ги влече конците во партијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и СДС, по наредба на Заев, направија резолуција со која промовираат некакви црвени линии, кои тие веќе ги имаа прегазено и поминато изминативе години, на штета на македонскиот народ.
Како што Заев земаше куферчиња од Бугарија, Филипче да одговори какви куферчиња зема тој сега за да им удоволи на Бугарите, со што ќе си направи уште еден бонбона бизнис.
А, тоа што Заев вели дека не земал куферче пари од Бугарија не значи дека таа изјава е вистинита. Самиот негов обид да се оправда пред јавноста создава сомнеж и отвора прашања за вистинитоста на неговите тврдења.
Неговата акција за потпишување на бугарскиот договор, не е резултат на политичка волја, туку на финансиски интерес.
За сопствени интереси, како што Заев ја продаде државата, така и Филипче е спремен да ги продаде македонските интереси и идентитет за едно полно куферче.
Затоа, Филипче молчи за Заев, за неговите криминали, бидејќи и тој е поврзан со истите.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, нема да дозволи уште еден бонбона бизнис, со цел богатење на Заев и Филипче, а распродажба на македонскиот народ“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.