Црна хроника
Силувана старица во Штип
Непознато машко лице за кое се знае дека е од ромска националност силувал 78 годишна старица и се обидел да ја ограби.
Настанот се случил во неделата по 21 часот. Непознатиот дошол на улицата “Дузлачки рид“ во куќата каде живеела жената. Насилникот влегол во дворот од куќата и побарал вода, а кога таа влегла во куќата, по неа влегол и тој. Почнал да и се заканува и да бара пари.Откако му рекла дека нема пари, разбојникот почнал да ја удира жената со тупаници во пределот на градите, по што ја турнал на кревет, ја соблекол и ја силувал. По настанот побегнал. Жената била пренесена во Клиничката болница во Штип, каде се констатирани телесни повреди, укажана и е лекарска помош и пуштена е на домашно лекување. Полициските инспектори и покажале фотографии на познати сторители на кривични дела, при што истата го препознала сторителот по кој полицијата трага. Увид на лице место извршила увидна екипа при што од нападната жена е земена облеката. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.крај/мф/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово.
На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко” со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат” управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје.
– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.
Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се преврте камион кај Желино
Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.
Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

