Европа
Ле Дријан: Путин направи четири грешки, ова ќе ја направи војната во Украина долга и тешка

Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дријан, зборувајќи за последиците од руската војна во Украина во интервју за француски канал, рече дека рускиот претседател Владимир Путин направил многу стратешки грешки, особено на почетокот на офанзивата, како што резимира „Ла Паризиен“.
Во изјава за ТВ БФМ, Ле Дријан предупредил дека војната ќе биде долга и тешка нагласувајќи дека говорот на Путин по повод годишнината од Денот на победата над фашизмот на 9 мај не донесе ништо ново, пренесува „Ал џезира“.
„Руската агресија продолжува, а војната продолжува со нејзините трагедии. Ќе биде долго и тешко бидејќи Путин е во состојба на негирање и се обидува да ги смени оправдувањата за војната и да ги префрли одговорностите“, рекол тој.
Според Ле Дријан, рускиот претседател направил четири стратешки грешки.
„Прво, а пред сè, кога мислеше дека Украина ќе падне без поголеми проблеми, што се покажа спротивно од реалноста. Народот на оваа земја се претвори во народ што храбро се бори“, рекол тој.
„Друга грешка беше што господарот на Кремљ мислеше дека реакцијата на Европа ќе биде слаба, но испадна спротивното“, додал францускиот министер пренесуваат медиумите во светот.
Според францускиот министер, третата грешка на Путин е поврзана со неговото уверување дека гледал слабости во Северноатлантскиот сојуз и дека НАТО, всушност, уште посилно се придржувал до своите принципи.
Што се однесува до четвртата грешка на Путин, според Ле Дријан, тој ја преценил силата на својата армија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП, повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши во сабота, на 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува на погребот да присуствуваат бројни светски лидери и стотици илјади верници.
Европа
Украина: Русите го зголемуваат военото присуство во Мариупол

Руските сили продолжуваат да го зголемуваат своето воено присуство во привремено окупираниот град Мариупол. Како што соопшти денеска на Телеграм градскиот совет на Мариупол, во градот веќе се формирани две воени бази.
„Руските окупатори го прошируваат своето воено присуство во Мариупол“, се вели во соопштението.
Според Центарот за проучување на окупацијата, во текот на март и април 2025 година се појавиле две нови воени бази: една во областа Калмиус на северозапад од градот и логистичка база во областа Ливобережњи, во станбената зона „Шхидни“. Втората база, како што се наведува, главно се користи за сместување на персонал и воена опрема.
„На овој начин руските окупатори постепено го зголемуваат своето присуство во Мариупол. Центарот за проучување на окупацијата нагласува дека ова е план за трансформирање на градот во главна и полноправна логистичка и воена база, не само за стоки, туку и за опрема и персонал. Со широка мрежа на паркинзи, бази за поправка и точки на трајно и привремено распоредување на персонал. Ова е олеснето и со развојот на железничките и пристанишните врски што ги спроведуваат окупаторските власти“, се вели во соопштението на градскиот совет на Мариупол.
Европа
Знамиња со кукасти крстови се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер, полицијата започна истрага

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска, на 20 април, на роденденот на Адолф Хитлер.
Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Матс Ериксон, изјави дека започнале истрага за злосторство од омраза.
Ериксон нагласи дека не е соодветно да се случуваат такви работи во Шведска. Тој посочи дека на влезовите на автопатите често се појавуваат транспаренти со политички пораки.
„Конкретно активистите споделуваат политички пораки бидејќи тука има густ сообраќај. Не е убаво да се споделуваат такви пораки“, рече Ериксон.
Тој додаде дека нацистичкото знаме најверојатно било поставено за да го одбележи роденденот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, кој е роден на 20 април.