Економија
Бектеши во Тирана: Со големи инвестиции во обновливи извори на енергија ги зголемуваме домашните капацитети и во услови на криза
Македонија има преземено низа мерки за справување со енергетската криза, било да се тоа времени мерки, кои имаат за цел да го намалат негативното влијание, особено за социјалните случаи на граѓаните, мерки за зголемување на производството на елекрична енергија од домашни извори, но и намалување на цената на струјата за домаќинствата, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на Тирана економскиот форум.
Бектеши, кој говореше на панел дискусијата насловена “Енергетската политика во Албанија-Постигнување на енергетска независност и издржливост во енергетската криза” истакна дека со цел да се стимулираат потрошувачите да штедат струја во време на криза во финална фаза се реформите во делот на тарифите за електрична енергија, со поставување тарифни блокови.
„ Направивме реформи во делот на тарифи за електрична енергија со што ќе се виведат блок тарифи со цел да ги стимулираме потрошувачите да штедат електрична енергија особено во услови на криза” рече тој.
Бектеши додаде дека Македонија започна процес на олеснување на процедурите за инвестиции во обновливи извори на енергија, вклучително и ветерна и сончева енергија.
„ Северна Македонија почна да ги олеснува процедурите за инвестиции во обновливи извори на енергија, вклучително и ветер и сончева енергија, така што обезбедивме дополнителни можности секое домаќинство да има можност да инвестира сопствени фотоволтаични панели со што секое домаќинство ќе може да се продава на пазарот по истата цена што ја купуваат од универзалниот снабдувач. Микро и малите компании ќе имаат можност да инсталираат до 40 kw со истиот модел”, кажа Бектеши.
Со олеснетите мерки, како што додаде министерот Бектеши, ќе се зголеми инсталациониот капацитет на електрична енергија од сонцето, дури и само кај домаќинствата и микро и малите компании во следните две години околу 150 до 180 мегавати, не земајќи ги предвид тековните инвестиции во Северна Македонија од 140 мегавати и од приватни инвеститори во фотоволтаични центри.
Меѓу другото, министерот Бектеши истакна дека треба да се насочат субвенциите, пред се на социјалните категории или домаќинства, семејства на кои тоа навистина им е потребно.
„ Треба да се насочи потребата од субвенции и помош, имајќи предвид дека треба да им се помогне на социјалните категории или на оние домаќинства, на семејствата на кои навистина им е потребна и не можат да си ја дозволат почетната инвестиција со сопствени средства, но и во стимулација или иницијатива за кредитни линии што ги имаме. како што имплементира Северна Македонија преку Банката за развој која е во состав на Министерството за финансии“ додаде Бектеши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Николоски-Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.
Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.
Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.
Тој упати честитки за избор на амбасадорката, притоа изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

