Македонија
(Видео) Митрески: ВМРО-ДПМНЕ не знае што да направи во Собранието, блокада без компас на штета на државата
ВМРО-ДПМНЕ не знае ниту што да направи ниту каде тера со блокада во Собранието, ја напуштаат собраниската сала затоа што се затечени од тоа што им прифативме предлози, рече денеска координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.
„ Од 46 точки, имаат 37 предлози за дневен ред за дополнувања и измени. Очигледно ги збуни тоа што дел од предлозите им ги прифативме и пратениците мора да ја напуштаат седницата за да се договорат што да прават. Мора меѓу себе да се договорат кој која точка ќе ја предложи затоа што еве им ги прифативме предлозите. Ја напуштаат салата собраниска и не знаат што да направат веќе во Собранието“ рече Митрески.
За транспарентите на опозицијата координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, рече дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги однесат во белата палата.
„ Овој транспарент („За спас од сиромаштијата“) пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го однесат во Белата палата, во дувлото на криминалот, на криминалната банда којашто ги опљачка, ги згази граѓаните и државата. Во палатата во која има теписони од 100.000 евра, плочки од 120.000 евра, мермери од 200.000 евра и таму ова да го закачат “ рече Митрески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

