Европа
СЗО: Нулта толеранција кон Ковид-19 не е одржлива; Кина: Не се откажуваме
Кинеските мерки во борбата против Ковид-19 се цел на критики од лидерите на СЗО, пренесуваат медиумите во светот.
Кинеското Министерство за надворешни работи го повика генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, да избегне неодговорни забелешки.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан, реагира на изјавата на Гебрејсус, кој рече дека кинеската политика на нулта толеранција кон Ковид-19 не е одржлива, пренесува „Ројтерс“.
На редовната прес-конференција Жао ги бранеше кинеските мерки во борбата против пандемијата на коронавирусот и рече дека Кина се надева оти генералниот директор на СЗО може објективно да ја набљудува кинеската политика во борбата против вирусот.
Двата најголеми кинески града, Пекинг и Шангај, деновиве ги заострија мерките за заштита од коронавирусот за своите жители.
Додека кинеските власти се борат со најлошиот бран на епидемии на коронавирусот во земјата од неговото избувнување, властите во најнаселениот град Шангај почнаа нови напори за ставање крај на инфекциите надвор од карантинските зони до крајот на мај, велат извори запознаени со ова прашање.
Кина е категорична дека ќе се придржува до својата политика на нулта толеранција кон Ковид-19 и покрај растечкото влијание врз нејзината економија, наведува британската агенција.
„Мораме да инсистираме да го регулираме протокот и да го контролираме движењето на луѓето“, се вели во соопштението на владата во Шангај одговарајќи на прашањата на „Ројтерс“ за најновите мерки.
Во Пекинг на жителите на неговите најтешко погодени области им беше кажано да работат од дома, а неколку патишта, комплекси и паркови беа затворени денеска бидејќи градот со 22 милиона жители се бори со најтешката епидемија од 2020 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Се состануваат министрите за одбрана на Германија, Франција, Полска, Италија и Велика Британија
Министрите за одбрана на Германија, Франција, Полска, Италија и Обединетото Кралство денеска во Берлин разговараат за мерките за зајакнување на безбедноста и одбраната во Европа.
Руското истрелување на нова ракета со среден дострел кон Украина, за која се смета дека има импликации за цела Европа, најверојатно ќе биде главна тема на разговор.
Германецот Борис Писториус, Французинот Себастиен Лекорну, Британецот Џон Хили, Полјакот Владислав Косињак-Камиш и Италијанецот Гвидо Кросето исто така се состануваат пред враќањето на критичарот на НАТО, Доналд Трамп на функцијата претседател на САД.
Трамп, кој треба да биде инаугуриран на 20 јануари, побара од Европа да инвестира значително повеќе пари во сопствената безбедност и се очекува да ја намали воената помош за Украина.
По неодамнешното одобрение од Вашингтон, Украина почна да ги користи ракетите ATACMS од САД и британските крстосувачки ракети Storm Shadow за гаѓање воени локации во Русија.
Рускиот претседател Владимир Путин потоа нареди ракетен напад врз украинскиот град Днепар, кој има повеќе од еден милион жители, со нова ракета со среден дострел во четвртокот наутро.
Тој рече дека новата ракета Орешник е единствена и ќе оди во масовно производство. Москва вели дека проектилот лета со хиперсонична брзина, што го оневозможува пресретнувањето на противвоздушните системи. Експертите претпоставуваат дека проектилот технички би можел да биде опремен со нуклеарни боеви глави.
Европа
(Видео) Пожар во фабрика за воена опрема во Русија
Украински беспилотни летала ја нападнаа фабриката „Тајфун“, дел од рускиот воено-индустриски комплекс, во градот Калуга објави Андриј Коваленко, раководител на Центарот за борба против дезинформации на Советот за национална безбедност и одбрана.
Коваленко вели дека фабриката произведува комуникациски системи, електронска разузнавачка и радарска опрема и прави компоненти за системи за надзор и наведување за воена опрема.
In Kaluga, the Typhoon factory, which is part of the russian military-industrial complex TsPD, was also attacked
This plant is engaged in:
— Development and production of radio-electronic equipment
— Production of components for surveillance and control systems installed on… pic.twitter.com/m35xdilDsk
— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) November 25, 2024
„Тајфун“, исто така, произведува делови за системи за противвоздушна одбрана, авиони и ракетни системи и одржува опрема за руската војска.
Фабриката произведува и специјализирана опрема потребна за интеграција на различни воени системи.
Руските канали на Телеграм пишуваат дека беспилотните летала биле соборени во Калуга ноќта меѓу 24 и 25 ноември. Гувернерот на руската област Калуга изјави дека остатоците од едно од беспилотните летала паднале на подрачјето на индустриско претпријатие и предизвикале пожар.
Европа
(Видео) Товарен авион се урна во близина на аеродромот во Вилнус: едно лице загина, неколку се повредени
Рано утринава товарен авион се урна во близина на аеродромот во Вилнус, во областа Липкалнис, јавија литванските медиуми. Според официјалните информации, пилотот – кој се освестил – бил извлечен од урнатините и предаден на медицинскиот персонал.
Претставник на Одделот за противпожарна заштита и спасување за ЛРТ Радио изјави дека најмалку едно лице загинало, а неколку се повредени.
Live Video of DHL Boeing Crash
A DHL Boeing 737 freighter travelling from Leipzig, #Germany, to #Vilnius Airport (VNO), has crashed near Liepkalnis Hill, located along the approach path to the airport's runway.
#Lithuania #Update #planecrashpic.twitter.com/fHu4Knqshu
— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) November 25, 2024
Според првичните информации, товарниот авион летал од Лајпциг, а се вели дека паднал врз куќата. Ова за ЛРТ Радио го потврдија претставници на аеродромот. Спасувачките служби се на местото на настанот. Претставникот на аеродромот Мариус Зелениус за ЛРТ Радио изјави дека на местото на несреќата работат голем број спасувачки екипи. Според него, авионот од Лајпциг се урнал околу 5:30 часот по литванско време во Липкалнис.
🚨 #BREAKING . DHL cargo plane crashes near Vilnius airport (Lithuania)
Preliminary reports indicate it crashed near a residential building.
via . Reuters
video . DELFI pic.twitter.com/95UXKAH6BK— United Alerts (@unitedalerts) November 25, 2024
Според прелиминарните податоци на Одделот за противпожарна заштита и спасување, во 5 часот и 28 минути е добиена информација дека товарен авион паднал врз куќа. Пилотот бил извлечен од авионот откако се освестил, но нема информации за останатите луѓе во куќата. „Двокатницата гори во отворен пламен“, изјави претставник на Одделот за противпожарна заштита и спасување за ЛРТ Радио.
Одделот за противпожарна заштита и спасување извести и дека едно лице загинало, а едно е повредено.
„Двајца се пренесени со брза помош во болница, додека едно лице е констатирано починато. Според првичните податоци, тоа се лицата кои се наоѓале во авионот“, изјави Саулиус Рашевскис, претставник на Одделот за координација на состојбите на Одделот за противпожарна заштита и спасување.