Европа
Германска министерка: „Милиони ќе умрат од глад, ни се заканува најголемата криза од Втората светска војна“

Германската министерка за економска соработка и развој, Свења Шулц, во интервју за „Билд“ предупреди дека на светот му се заканува акутна криза поради вртоглавите цени на храната.
„Ситуацијата е многу драматична. Поради пандемијата на коронавирусот, екстремните суши и војната во Украина, светските цени на храната се зголемија за една третина и сега се на рекордно ниво. Светската програма за храна моментно проценува дека повеќе од 300 милиони луѓе страдаат од акутен глад и бројките мора постојано да се приспособуваат, процените се зголемуваат. Горливата порака е дека ни се заканува најголемата криза со глад по Втората светска војна, милиони луѓе ќе умрат“, рече Шулц.
Таа одговори на прашањето дали е во ред Германија да го претвори житото во зелено гориво кога луѓето во светот умираат од глад.
„Тоа не е во ред. Никој не сака да биде одговорен за зголемувањето на бројот на гладни луѓе во светот“, рече таа.
Ја коментира и улогата на рускиот лидер Владимир Путин во претстојната криза, пренесуваат медиумите во регионот.
„Путин го користи гладот за војна. Генералното собрание на ОН, 40 земји, половина од светското население, не ја осудува агресијата на Путин. Тоа е конкретен резултат на ранливоста на уцена со храна“, рече таа.
На прашањето дали Германија треба да ја намали помошта за развој на земјите што не му го свртеле грбот на Путин, изјави:
„Напротив, секоја земја што не сме ја освоиле, ја туркаме во прегратката на Русија. Не смееме да го избереме тој пат. Мора да направиме што повеќе земји независни од Путин. Поради таа причина, одобрив дополнителни 50 милиони евра за Молдавија и 27 милиони евра за Грузија, зависи од руската струја и гас, и двете земји со право стравуваат од руска агресија“.
На прашањето дали во иднина може да се очекува нормална соработка со Путин, таа одговори негативно.
„Никој не може сериозно да каже каков ќе биде односот со Русија во иднина. Едно е јасно: сè додека беснее оваа брутална агресија, соработката со Путин не доаѓа предвид“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон: Околу 20 земји едногласно го поддржуваат предлогот за прекин на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека постои единство меѓу околу дваесетина земји околу предлогот за 30-дневен прекин на огнот.
На прашањето дали се разговара за испраќање европски војници во Украина, тој одговори дека таквите теми се во надлежност на воените команди и дека разговорите веќе се започнати и ќе продолжат.
Тој потсети дека рускиот портпарол Дмитриј Песков претходно изјави дека прекин на огнот може да се разгледа само ако Западот престане да испраќа оружје во Украина.
„Чекаме руски одговор. Топката сега е на нивен терен“, рече Макрон.
Европа
Туск: Чекаме да видиме како ќе реагира Русија

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека одлуката за прогласување примирје од Киев е симболична, бидејќи станува збор за град кој претрпел бројни бомбардирања. „Одлуката за безусловно примирје беше донесена тука во Киев, што има посебна тежина со оглед на сè низ што помина овој град“, рече Туск.
Тој нагласи дека сега ќе се чека рускиот одговор. „Доколку Москва го отфрли овој предлог, ќе биде јасно кој е навистина посветен на мирот, а кој не“, додаде тој.
На прашањето на новинар колку брзо таканаречените „коалиции на добронамерните“ во земјата би можеле да воведат нови санкции доколку Русија го отфрли примирјето, Туск одговори дека постојните мерки веќе даваат резултати.
„Доколку немаше санкции, ситуацијата денес ќе беше многу полоша. Русија нетрпеливо чека нивно укинување – и тоа ви кажува сè“, рече тој.
Европа
Макрон се заканува со масовни санкции

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека Русија ќе се соочи со „масивни“ санкции заеднички координирани од Европа и САД доколку го прекрши 30-дневното примирје предложено од западните сојузници на Киев.
„Во случај на прекршување на ова примирје, беше договорено дека ќе бидат подготвени и координирани масивни санкции меѓу Европејците и Американците“, рече Макрон на прес-конференција во Киев.