Економија
Само осум проценти од работниците се вратија на работа во канцелариите на Менхетн по коронавирусот

По пандемијата на коронавирусот, враќањето на Њујорк во вообичаениот ритам сè уште е бавно бидејќи само мал дел од канцелариските работници на Менхетн се врати физички на работа, покажа истражувањето.
Резултатите од истражувањето спроведено од Партнершип за Њујорк, кое ги претставува најголемите работодавци на Големото јаболко, покажуваат дека на крајот на април, дури 62 отсто од канцелариските работници работеле од дома во нормален работен ден, а само еден од дванаесет, или само осум проценти пет дена во неделата, и физички доаѓал во канцеларија.
„Колку подолго луѓето работеа од дома, толку подолго сакаа да продолжат да работат на тој начин“, рече Кети Вајлд, извршен директор на Партнершип за Њујорк Сити.
Таа додаде дека тоа се нарекува инерција.
„Колку подолго луѓето прават една работа, толку е потешко да ги натерате да ги променат своите навики подоцна“, рече таа.
Враќањето на работа е многу побавно отколку што предвидуваше организацијата пред омикрон-сојот првпат да го оневозможи нормалниот живот во Големото јаболко.
Истражувањето спроведено кон крајот на октомври покажа дека речиси половина од канцелариите на Менхетн физички ќе дојдат во своите канцеларии до крајот на јануари.
Пред една година се покажаа неточни предвидувањата за враќање во нормала.
Истражувањето од март 2021 година покажа дека работодавците очекуваат околу половина од работниците да се вратат во своите канцеларии до септември минатата година.
Околу 78 отсто од големите градски фирми и работодавци веруваат дека комбинацијата од далечински работи и присуство на физичка канцеларија ќе остане меѓу вработените, покажа истражувањето.
Многу њујорчани продолжуваат да ги наведуваат криминалот и вознемирувањето како една од причините зошто не сакаат да се вратат во канцелариите. Речиси две третини од испитаниците рекле дека подобрувањето на јавната безбедност и решавањето на кризата со бездомниците во мултимилионскиот град ќе придонесе долг пат кон враќање на работниците во канцелариите.
„Анкетата покажа дека луѓето се загрижени за криминалот, бездомништвото и менталното здравје, но во исто време чекаат колегите да се вратат во канцелариите. Всушност, сите чекаат Менхетн да се врати на она што беше во 2019 година“, изјави Вајлд.
„Кога њујорчани ќе забележат повеќе полицајци во метрото, тоа им го враќа чувството на сигурност и им дава одредено олеснување, но во исто време гледаат многу бездомници на улиците, кои страдаат од разни ментални нарушувања, а никој не се грижи за нив. Многумина се дрогираат среде улица. Тоа ги вознемирува и ги одвраќа да дојдат во канцелариите“, истакнува таа.
Во март стапката на невработеност во Њујорк беше 6,5 отсто, што е речиси двојно повеќе од националниот просек од 3,6 отсто. За речиси 40 отсто падна и бројот на патници во јавниот превоз во однос на 2019 година, а лошата вест е што овој процентен поен не се менува со месеци, пренесува „Хина“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати

Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), донесе три одлуки за едностран раскин на Договори за концесија за експлоатација на минерални суровини и една одлука за одбивање на ново барање за концесија. Одлуките се веќе објавени во Службен весник на Република Македонија.
Од формирањето на Министерството до денес, вкупно се донесени 34 одлуки за едностран раскин на концесии поради непочитување на законските одредби за експлоатација на минерални суровини, неплаќање на концесиски надоместоци согласно утврдениот тарифник, непочитување на мерките за заштита на животната средина, пренесување на концесијата на друг субјект без согласност и експлоатација надвор од одобрениот експлоатационен предел.
Од Министерството информираат дека во моментов се во тек и повеќе постапки за раскин или одбивање на продолжување на концесии по исти или слични причини. Во истиот период констатиран е и раскин на 11 дозволи за експлоатација поради истек на договорот за концесија.
МЕРМС води и регистар на одземени концесии и тој од следниот период поради поголема транспарентност ќе биде јавно објавен на сајтот на министерството.
Министерката Сања Божиновска истакна:
„Нашата цел е транспарентно и одговорно управување со природните ресурси. Со засилената контрола и примената на законските мерки, обезбедуваме фер и одржлива експлоатација, која носи економски придобивки за државата и поддршка за локалните заедници. Овие одлуки се директна последица на посветените активности и системската работа на Министерството за воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси, подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите. “
Економија
Мицкоски: Неколкукратно е зголемена бројката на апликанти за мерката млад земјоделец во вредност од 70 милиони денари

Поради изборните ограничувања, мерката млад земјоделец не можеме да ја промовираме, иако огласот е завршен, филтерот е направен, 117 корисници односно апликанти за околу 70 милиони денари, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот Мицкоски истакна дека за разлика од 2023 година кога имало само 44 апликанти, односно само 18 корисници, истата денеска е зголемена неколкукратно односно на 117 апликанти.
Можеби бројката 117 не значи многу грандиозно, но ако се има предвид дека во 2023 година од 44 апликанти, само 18 имаме корисници, тогаш станува збор за неколкукратно зголемување. Така што веднаш по завршување на локалните избори кога веќе ќе ги немаме оние законски ограничувања, и формално ќе биде ставена во функција оваа мерка за поддршка на младите земјоделци.
Економија
Во јули годишен раст од 13,0 отсто на вкупните депозити и од 13,0 отсто на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 13,0%, којшто во поголем дел се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор, извести Народната банка.
На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 13,0%, поради повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на линкот