Европа
Кулеба: Киев подготвен за разговори, но без руски ултиматум

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитриј Кулеба, изјави дека Киев е подготвен за разговори со Русија, но ги отфрла руските ултиматуми.
Во интервјуто објавено од германски „Ди Велт“, а пренесено од ТАСС, Кулеба вели: „Ние сме подготвени за разговори. Сепак, не сме подготвени да прифатиме руски ултиматуми“.
Тој додаде дека доколку ситуацијата ескалира, Киев ќе возврати.
Кулеба изјави дека Русија не сака да седи на преговарачка маса и дека наместо тоа, планира да ги продолжи непријателствата.
„Вистинскиот проблем е што Русија не е подготвена да се вклучи во вистински и важни преговори“, рече украинскиот министер.
Тој исто така рече дека на Киев му требаат три работи за да победи: украинска издржливост, карактер и борбена моќ, снабдување со неопходно оружје и санкции против Русија.
„Ако се обединат сите три фактори, ќе ја добиеме оваа војна“, рече Кулеба.
Призна дека украинската економија претрпе повеќе од руската поради тоа што се случува, пренесуваат медиумите во светот.
„Иако санкциите се многу важни и имаат ефект, тие не може да ја сопрат руската воена машина сè додека Европа продолжува да купува руска нафта и гас“, предупреди Кулеба наведувајќи дека на краток рок Русија е економски во подобра позиција од Украина.
Затоа побара од пријателите и партнерите да им помогнат економски и да им овозможат да ја продолжат борбата.
Руско-украинските преговори траат од 28 февруари, а московската делегација ја предводи Владимир Медински, помошникот на рускиот претседател.
Во Белорусија беа одржани неколку состаноци, а потоа страните продолжија да комуницираат преку видеоврска по што на 29 март во Истанбул се одржа круг преговори лице в лице, потсетува ТАСС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Украинци: Русите извршија 500 напади врз Запорожје за еден ден

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили извршија 500 напади насочени кон 13 населени места во регионот Запорожје, објави на Телеграм Иван Федоров, началник на Воената администрација на Запорожје.
„Руските сили извршија четири воздушни напади врз Билохирија, Полтавка и Червони. Три напади со повеќекратен ракетен систем (MLRS) ги погодија Плавни и Мала Токмачка. Вкупно 327 беспилотни летала (главно дронови FPV) ги погодија Запорожје, Биленки, Плавни, Хулајпол, Шчербаки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно. Исто така, 166 артилериски напади се регистрирани во Плавни, Хулајпол, Орихив, Шчербаки, Преображенки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно“, се вели во соопштението.
Властите добија 19 пријави за штети на станбени згради и помошни згради. Немаше пријави за цивилни жртви.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Патниците врескаа од страв откако силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим, принудувајќи го пилотот итно да слета.
Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции на летот од Аликанте до аеродромот во Рим.
Turbulence caught on camera today on a Wizz Air flight from Alicante to Rome, forcing a diversion to Bologna.pic.twitter.com/sbLjXUp1DH
— The Age Of Genz (@TheAgeOfGenZ) August 21, 2025
Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.
Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.
Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.
По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Слетал таму во 3:53 часот наутро, речиси три часа откако требаше да пристигне во италијанската престолнина.
Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.
Европа
Русија уништи 21 украински дрон во текот на ноќта, два летаа кон Москва

Руските одбранбени единици уништија 21 украински дрон во текот на ноќта, објави руската државна новинска агенција, повикувајќи се на податоци од руското Министерство за одбрана.
Двата дрона што ги уништија руските противвоздушни единици летаа кон Москва, изјави градоначалникот на рускиот главен град, Сергеј Собјанин.
„Службите за итни случаи работат на местото каде што паднаа остатоците (од дроновите)“, напиша Собјанин во објава на Телеграм, пренесува Ројтерс.
фото: принтскрин