Црна хроника
Ограбена експозитура на Алфа банка, крадецот познат на полицијата
Разбојник во четвртокот околу 13 часот ја ограбил експозитурата на „Алфа банка“ на булеварот „Партизански одреди“, соопшти МВР.
Крадецот украл 72.000 денари и 120 евра или околу 1.400 евра. Дел од пленот е најден , а крадецот кој е осомничен и за други кражби на банки и е познат на полицијата, но е во бегство.
Крадецот влегол во четвртокот во банката маскиран со шал преку носот, со ракавици и вооружен со пиштол. Почнал да им се заканува на четирите вработени и им дал пластична кеса за да ги стават парите во неа. Откако ги зел парите, веднаш избегал.
Но, граѓаните кои биле во близина виделе дека крадецот влегува во автомобил „Ровер“ –темно сина боја. Полицијата го нашла автомобилот во населбата хром, а внатре пронашле пиштол марка “берета“ калибар 7,65 мм со шест куршуми за истиот, една капа плетена црна со отвори на очите со натпис “fisher”, еден пар црни ракавици плетени, една црна најлон кеса со натпис “colins” во која имало 121 банкнота од по 50 денари, 56 банкноти од по 100 денари и еден дуксер сива боја.
Полицијата трага по разбојникот./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 34-годишник
Ноќеска во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода 34-годишниот Б.Б. од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории, сопственост на Б.Б. и при претресот, тој доброволно предал кутија во која имало марихуана.

Б.Б. е задржан во ПС Гостивар и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

