Спорт
Ѓоковиќ е „мајсторот“ во Рим – шеста италијанска титула по победата над Циципас

Новак Ѓоковиќ имаше фантастичен камбек во вториот сет, за со 6:0/7:6(5) да го совлада Стефанос Циципас во финалето на Мастерс 1000 турнирот во Рим, за да потврди дека полека ја враќа формата пред одбраната на титулата на Ролан Гарос во Париз.
Ова беше 1.001 победа во кариерата на светскиот број 1 и негов 87. АТП трофеј (од кои дури 38 на Мастерс турнирите), откако претходно го потврди првото место на АТП листата.
Во реприза на минатогодишното финале во Париз, Ѓоковиќ го „збриша“ Циципас во првиот сет, освојувајќи го само за половина час со 6:0. Грчкиот тенисер се стабилизираше на почетокот на вториот сет, кога повее со 2:1, а потоа со брејк стигна до 4:1 предност. Кога изгледаше дека тој ќе израмни на 1:1 по 5:2 водството, Ѓоковиќ врати со брејк, за да израмни на 5:5, пред во тај-брејкот да ги искористи сите грешки на противникот и да забележи победа.
DJOKO, SET E PARTITA ???
The moment @DjokerNole claimed a sixth title in Rome!#IBI22 pic.twitter.com/bbp4SDOmfM
— Tennis TV (@TennisTV) May 15, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“