Спорт
Дибала се збогуваше со навивачите на Јуве: Мислев ќе бидеме заедно многу години

Пауло Дибала признава дека мислел дека ќе остане во Јувентус „уште многу години“, пред последниот домашен меч со клубот од Торино.
Аргентинецот го напушта клубот по седум години по истекот на договорот на 1 јули, и иако уште не е јасно каде ќе ја продолжи кариерата, тој се збогуваше со навивачите на клубот преку социјалните мрежи.
„Тешко е да се најдат вистинските зборови во ваков момент. Имавме заеднички години и многу емоции, мислев дека ќе останаме заедно, но судбината не однесе на поинакви патишта. Никогаш нема да го заборавам тоа што ми го дадовте, секој меч, секој гол. Пораснав и научив со вас, го живеев сонот. Ова беа магични 7 години со 12 трофеи и 115 гола, кои никој не може да ни одземе. Благодарност до сите кои беа со мене овие години, од првиот до послениот, од фановите до сите во клубот, до соиграчите и тренерите, директорите и сите вработени. Да се носи овој важен дрес заедно со капитенската лента беше еден од најгордите моменти во мојот живот, нешто што еден ден ќе го раскажувам на моите деца и внуци. Утре ќе го имаме последниот дрес во овој дрес, и ќе биде тешко да се збогуваме“, пишува Дибала, кој пристигна во Торино од Палермо во 2015 и беше дел од пет шампионски сезони со Јувентус.
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Македонија го петардира Лихтенштајн

EPA/GEORGI LICOVSKI
Фудбалската репрезентација на Македонија убедливо го победи аутсајдерот Лихтенштајн со 5:0. По мечот од петтата рунда од квалификациите за Светското првенство, Македонијаповторно се искачи на првото место во групата Ј.
На „Тодор Проески“ избраниците на Благоја Милевски од самиот почеток наметнаа доминација. Во 15. минута соло акција на Елиф Елмас, нанижа четворица противнички играчи и го постигна првиот гол на натпреварот.
Во вториот дел, македонските фудбалери спакуваа уште четири гола во мрежата на гостите.
Капитенот Енис Барди во 52. минута зголеми на 2:0, а само четири минути подоцна Дарко Чурлинов погоди за 3:0.
Лирим Ќамили постигна гол во 82.минута, а во последната минута серијата ја затвори Лука Станковски, За нег ова е прв гол во дресот на Македонија.
Македонија има 11 бода од пет натпревари, Велс еден помалку, Белгија од три натпревари има седум бода, Казахстан е на три бода од четири натпревари, а Лихтенштајн е без освоен бод.
Спорт
Брилијантниот Дончиќ ја растури Италија

Словенија се пласираше во четвртфиналето на Евробаскетот откако ја победи Италија во осминафиналето со резултат 84:77.
Апсолутен херој на триумфот на Словенија е Лука Дончиќ. Суперѕвездата на Лејкерси одигра натпревар за паметење, постигна 42 поени (611 за три), со 10 скока . Кај Словенците двоцифрен беше уште само Клемен Препелиќ со 11 поени.
Дончиќ стана првиот кошаркар во последните 36 години кој постигнал 30 или повеќе поени во едно полувреме, по грчката легенда Никос Галис.
Лука Дончиќ е третиот играч во последните 30 години кој постигнал 40 или повеќе поени и 10 или повеќе скока на натпревар од Евробаскетот, по Дирк Новицки во 2001 година против Шпанија (43 поени, 15 скока) и Пау Гасол во 2015 година против Франција (40 поени, 11 скока).
Словенија победата ја најави со извонредната прва четвртина која ја доби со 29:11. Италија во финишот успеа да се доближи на само поен негатива, но Дончиќ го одби налетот.
Италија ја предводеа Симоне Фонтекио со 22 поени и пет скока, додека Нианг постигна двоцифрен број поени со 12 поени и шест скока – иако го напушти теренот на половина од четвртата четвртина поради пет лични грешки. Данило Галинари заврши со 10 поени, ова беше негов последен натпревар во дресот на репрезентацијата.
Во четвртфиналето, Словенија ќе игра против Германија, која беше убедливо подобра од Португалците во осминафиналето.
Спорт
Ферстапен ја освои Монца пред возачите на Мекларен

Холанѓанецот Макс Ферстапен, четирикратен последователен светски шампион, убедливо триумфираше во трката за Големата награда на Италија по 53 круга на патеката во Монца.
Возачот на Ред Бул водеше од почетокот до крајот, откако ја започна трката од пол-позицијата, и ја забележа 66-тата победа во својата кариера и третата во оваа сезона.
Подиумот го пополнија возачите на Мекларен, Британецот Ландо Норис ја помина целта втор, а Австралиецот Оскар Пјастри трет.
Кулминацијата на нивниот дуел се случи помеѓу 47-от и 49-от круг – Пјастри го престигна Норис кој изгуби многу време во префрлањето на меки гуми, дури 5,9 секунди, што не беше план на тимот од Вокинг.
Пјастри, лидерот во генералниот пласман, направи предност од речиси две секунди, по што дојде наредба од тимот да го пропушти Норис.
Во целта и Шарл Леклер односни=о Џорџ расел ги задржаа позициите што ги имаа на стартот, четврти и петти. Зад нив следуваа Луис Хамилтон, Алекс Албон, Габриел Бортолето, Кими Антонели и Исак Хаџар.
Најбрзиот циркус во светот се сели во Азербејџан за две недели, а пред возачите во светското првенство е градска трка низ улиците на Баку.