Црна хроника
Група непознати лица го нападнале средношколецот
Неколкумина непознати лица го нападнале средношколецот Стефан Ф. попладнево во дворот на средното ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во скопско Драчево, соопштуваат од МВР
Осумнaесетгодишното момче бил ученик во четврта година во средното ветеринарно. Зошто момчето било нападнато сеуште се утврдува.Попладнево околу 13:30 часот, средношколецот беше прободен со нож во левата надколеница, а имал грeбнатини и рани и на главата.Од градската болница каде што е примено момчето, потврдуваат дека е примено осумнаесетгодишно момче „со убодна рана во ногата, поточно во левата бутна регија“.Ногата му била преврзана и сега се анализира дали се повредени некои крвни садови.Пред само два дена во средното хемиско училиште Марија Кири Склодовска маскирана вооружена група упадна на час и повреди неколкумина средношколци и еден професор.Полицијата веќе приведе шест, идентификуваше девет учесници во инцидентот и трага по останатите инволвирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

