Спорт
Познат е патот на Македонија за ЕВРО 2024, може и преку Лигата на нации

УЕФА денеска го објави патот кон ЕВРО 2024 во Германија. Фудбалската репрезентација на Македонија повторно ќе има можност преку Лигата на нации, и дополнителен бараж, да обезбеди место на Европско првенство.
Сите селекции на кои нема да им успее да се пласираат на Европското првенство во 2024 година преку главните кваликации, ќе можат тоа да го сторат со успешен настап во Лигата на нации, во дивизиите А, Б и Ц.
Преку европските квалификации 20 селекции ќе обезбедат директен пласман на ЕП во Германија, првите две селекции од десет групи, додека последните три патници ќе бидат познати преку Лигата на нации и тоа со бараж-фајналфор во дивизиите А, Б и Ц.
Квалификацискиот систем за ЕВРО 2024 останува ист како и досега. Ќе има десет групи, пет со по пет селекции и шест со по шест селекции, а натпреварите почнуваат идната 2023 година.
Македонија сега се наоѓа во дивизијата Ц од Лигата на нации и ќе игра против Бугарија, Грузија и против Гибралтар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пјастри му ја подари победата на Норис, Хулкенберг е херојот во Британија

Ландо Норис го искористи подароот од тимскиот колега Оскар Пјастри и победи на трката за Големата награда на Велика Британија. Тркањето на култната патека во Силверстоун ја обележа безбедносното возило, кое шест пати излезе на патеката и брилијантниот Нико Хулкенберг кој го комплетираше подиумот.
Трката која се возеше по тешки услови, требаше, но не ја доби Пјастри. Австраиецот направи глупава греша додека безбедносното возило беше на патеката, поради што доби казна од 10 секунди, што му овозможи на Норис да ја забележи осмата победа во кариерата.
Херој на денот е Хулкенберг од Заубер, во 239 настап во Ф1 трка прв пат се искачи на подиумот. Германецот трката ја започна од 19. позиција.
Бодови во Британија освоија Хамилтон, Ферстапен, Гасли, Строл, Алонсо, Албон и Расел.
Во првенството сега следува пауза од три недели. Следната трка ќе се вози во Белгија на Спа Франкошамп.
Foto/ EPA/PETER POWELL
Спорт
Осимен реши да остане во Истанбул

Виктор Осимен донесе (не) очекувана одлука каде ќе ја продолжи кариерата.
Нигерискиот напаѓач имаше бројни понуди од клубови ширум светот, но сепак, одлучи да остане во Галатасарај.
Осимен одби многу попрофитабилни понуди, како оние од Саудиска Арабија. Тој сакаше да остане во Европа и на крајот ќе го стори тоа, но не во најголемите европски лиги.
Осимен и Галатасарај постигнаа договор за условите, но турскиот клуб сега има уште еден проблем.
Галата треба да му плати на Наполи 75.000.000 евра и тоа е проблем. Турскиот клуб сега се обрати до разни компании низ целата земја за да собере пари за Нигериецот.
Foto/ EPA-EFE/ERDEM SAHIN
Спорт
(Видео) Зубименди во Арсенал

Арсенал во неделата објави дека потпишал договор со шпанскиот фудбалер Мартин Зубименди.
Дефанзивниот играч од средниот ред, кој играше 19 пати за шпанската репрезентација, е производ на младинската академија на Реал Сосиедад, а е член на првиот тим на баскискиот тим од 2018 година.
За тимот од Аноета одигра 236 натпревари и постигна десет голови. Од неговиот трансфер, Сосиедад ќе заработи над 50 милиони фунти.
Со Зубименди, Арсенал ја продолжи традицијата на доведување шпански фудбалери, пред него дресот на лондонскиот клуб го носеа Сеск Фабрегас, Хозе Антонио Рејес, Хектор Белерин, Санто Казорла, Дани Себаљос, Микел Артета (сега тренер), Начо Монреал, Мануел Алмунија, Давид Раја, Микел Мерино…
Foto/ EPA-EFE/RONALD WITTEK
Controlling the tempo.
Martin Zubimendi is a Gunner ✊
Original music by Ezra Collective's Femi Koleoso. pic.twitter.com/sYbDanRUnT
— Arsenal (@Arsenal) July 6, 2025