Европа
Мијатовиќ: Украинските власти треба да ја следат ранливоста на трансродовите лица
Комесарката за човекови права на Советот на Европа, по повод Меѓународниот ден против хомофобијата и трансфобијата, ги повика земјите членки да обрнат внимание на состојбата на ЛГБТ-заедницата во Украина, поточно на оние што бегаат од војната, пренесуваат медиумите во регионот.
И покрај тоа што ја поздрави работата на локалните и на меѓународните невладини организации во грижата за ЛГБТ, Дуња Мијатовиќ ги повика земјите членки на Советот на Европа да посветат особено внимание на пристапот на домување и вработување за овие групи поради негативните политики и ставови кон ЛГБТ-луѓето воопшто во голем број земји, во кои избегаа Украинците.
„Украинските власти, како и соседните земји, треба да обрнат внимание на специфичната ранливост на трансродовите луѓе, кои треба да ја напуштат земјата“, нагласи таа. Европската комисија поведе правни постапки против Полска и Унгарија за дискриминаторски мерки против ЛГБТ, пишуваат медиумите.
Мијатовиќ потсетила дека стравот од прогон поради сексуална ориентација, родов идентитет и сексуални карактеристики е валиден мотив за добивање статус на бегалец.
Таа изразила загриженост дека истополовите партнери, кои бегаат од Украина, се соочуваат со тешкотии поврзани со фактот дека нивниот пар или семеен статус не е признаен во некои од земјите што ги примиле.
Таа ја посети Украина на почетокот на мај и изрази загриженост и за ситуацијата на неколку трансродови жени, кои се блокирани во Украина, бидејќи ги задржале документите со машки идентитет, пренесуваат агенциите.
Поради воената состојба, Киев не дозволува мажи на возраст од 18 до 60 години да ја напуштат земјата. Причина за загриженост е и недостигот на лекови, кои им се потребни на некои ЛГБТ-лица, се наведува во извешатите на новинските агенции. Мијатовиќ предупредила дека ранливоста на ЛГБТ-луѓето е поголема во време на војна и прогон отколку во мир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украинците првпат објавија фотографии: Ова е новата ракета на Путин
Објавени се фотографии од остатоците од новата експериментална руска ракета која беше пробно лансирана во четвртокот, погодувајќи фабрика во Украина.
Украинските власти во четвртокот известија дека фабрика во централниот украински град Днепар била погодена од балистичка ракета со среден дострел. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека истрелувањето на експерименталната ракета Орешник е одговор на употребата на американски и британски ракети кои се способни да погодат подлабоко во руска територија.
Украинската безбедносна служба вчера на новинарите им ги покажа остатоците од новата експериментална балистичка ракета. Ракетата наречена Орешник (на руски значи лешник), наводно е базирана на интерконтиненталната балистичка ракета РС-26 Рубеж и може да носи нуклеарни или конвенционални боеви глави.
Остатоците, кои сè уште не се детално анализирани, открија јагленосани остатоци и уништени компоненти. Според безбедносните службеници, деловите им биле прикажани на медиумите пред истражителите да ги извлечат на непозната локација во Украина.
Европа
Се состануваат министрите за одбрана на Германија, Франција, Полска, Италија и Велика Британија
Министрите за одбрана на Германија, Франција, Полска, Италија и Обединетото Кралство денеска во Берлин разговараат за мерките за зајакнување на безбедноста и одбраната во Европа.
Руското истрелување на нова ракета со среден дострел кон Украина, за која се смета дека има импликации за цела Европа, најверојатно ќе биде главна тема на разговор.
Германецот Борис Писториус, Французинот Себастиен Лекорну, Британецот Џон Хили, Полјакот Владислав Косињак-Камиш и Италијанецот Гвидо Кросето исто така се состануваат пред враќањето на критичарот на НАТО, Доналд Трамп на функцијата претседател на САД.
Трамп, кој треба да биде инаугуриран на 20 јануари, побара од Европа да инвестира значително повеќе пари во сопствената безбедност и се очекува да ја намали воената помош за Украина.
По неодамнешното одобрение од Вашингтон, Украина почна да ги користи ракетите ATACMS од САД и британските крстосувачки ракети Storm Shadow за гаѓање воени локации во Русија.
Рускиот претседател Владимир Путин потоа нареди ракетен напад врз украинскиот град Днепар, кој има повеќе од еден милион жители, со нова ракета со среден дострел во четвртокот наутро.
Тој рече дека новата ракета Орешник е единствена и ќе оди во масовно производство. Москва вели дека проектилот лета со хиперсонична брзина, што го оневозможува пресретнувањето на противвоздушните системи. Експертите претпоставуваат дека проектилот технички би можел да биде опремен со нуклеарни боеви глави.
Европа
(Видео) Пожар во фабрика за воена опрема во Русија
Украински беспилотни летала ја нападнаа фабриката „Тајфун“, дел од рускиот воено-индустриски комплекс, во градот Калуга објави Андриј Коваленко, раководител на Центарот за борба против дезинформации на Советот за национална безбедност и одбрана.
Коваленко вели дека фабриката произведува комуникациски системи, електронска разузнавачка и радарска опрема и прави компоненти за системи за надзор и наведување за воена опрема.
In Kaluga, the Typhoon factory, which is part of the russian military-industrial complex TsPD, was also attacked
This plant is engaged in:
— Development and production of radio-electronic equipment
— Production of components for surveillance and control systems installed on… pic.twitter.com/m35xdilDsk
— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) November 25, 2024
„Тајфун“, исто така, произведува делови за системи за противвоздушна одбрана, авиони и ракетни системи и одржува опрема за руската војска.
Фабриката произведува и специјализирана опрема потребна за интеграција на различни воени системи.
Руските канали на Телеграм пишуваат дека беспилотните летала биле соборени во Калуга ноќта меѓу 24 и 25 ноември. Гувернерот на руската област Калуга изјави дека остатоците од едно од беспилотните летала паднале на подрачјето на индустриско претпријатие и предизвикале пожар.