Црна хроника
Двајца професори и вработен во МВР фалсификувале уверение за 4,000 евра
Двајца професори во средни училишта во Скопје и Тетово со помош на други лица меѓу кои и еден вработен во МВР фалсификувале уверение за 4,000 евра за потребите на наставник во основно училиште во Скопје кој сакал со лажното уверение да добие диплома од Државниот универзитет во Тетово.
На 22-ри овој месец во СВР Тетово било пријавено кривично дело “фалсификување на исправа“. Според пријавата, истиот ден околу 14 часот лицето А.И. (24), инаку вработен како наставник во ОУ.„Дрита“ во село Копаница Скопје, дошло во ДУТ Тетово и од референтите на студентската служба на отсекот Филозофски факултет побарало да му биде издадена диплома за завршено високо образование односно за завршен Филолошки факултет со стекнато звање „професор по англиски јазик“ за што истиот приложил уверение за завршено високо образование наводно издадено во 2013 година.
Референтката на студентската служба се посомневала во веродостојноста и оригиналноста на уверението приложено од страна на пријавениот по што го доставила до секретарот на наведената институција.
По проверките извршени во евиденциите, констатирано било дека наведеното уверение не евидира во ниту една од евиденциите на ДУТ Тетово.
Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници при СВР Тетово преземени се мерки и активности при што во ДУТ Тетово биле затекнати и приведени лицата А.И., М.А. (30) вработен во СГС Скопје приватно обезбедување и К.А. (33) вработен како професор во СГГУ „Здравко Цветковски“ во Скопје.
Од обавените разговори, истите признале дека кривичното дело го сториле во текот на октомври 2013 година кога М.А.му ветил на наставникот дека ќе му извади уверение за завршено високо образование за 4,000 евра.
Откако А.И. се согласил, во текот на ноември 2013 година повторно оствариле средба во село Копаница, но овојпат покрај М.А. на средбата бил и професорот од “Здравко Цветковски“. Во таа прилика А.И. им ја дал побараната сума пари од 4.000 евра како и индекс, фотокопии од извод на родени и од лична карта на негово име. Тие му ветиле дека уверението ќе му биде готово за еден месец.
По ова, откако ги зеле парите и документите, М.А. и К.А. се упатиле во Тетово каде требало да остварат средба со М.М.(43) вработен во МВР во Сектор за управно надзорни работи. По пристигнување, К.А. на паркингот во близина на „Културен Дом“ во Тетово на М.М. му го дал пликот со 4,000 евра како и документите на име на А.И. за што им било ветено дека уверението ќе биде готово за еден до два месеци.
Потоа наведените документи со парите М.М. му ги предал на петто лице, Е.Н. (66) професор во Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.
Во текот на полициските активности околу случајот од страна на ДУТ Тетово добиено е известување во кое е наведено дека уверението на име на првопријавениот А.И. е фалсификат. крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со закана со секира ограбил казино во Битола: уапсен 53-годишен маж
Вчера во 19:40 часот полициски службеници од СВР Битола во казино на улицата „Филип Втори Македонски“ во Битола го лишија од слобода 53-годишниот С.Р. од Битола, постапувајќи по добиена пријава околу 18:30 часот дека во казино лоцирано на улицата „Маршал Тито” во Битола, едно лице со закана со секира од вработената одзело околу 8600 денари, по што се дало во бегство.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителот е лоциран и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени
Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни ресурси“ по чл.265 од КЗ, ги лишија од слобода 61-годишниот И.А. и 63-годишниот С.А., двајцата од село Јакимово, виничко, 66-годишниот Д.Т. од Кочани, 62-годишниот М.И. и 30-годишниот Ј.М., двајцата од Виница.
Постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници на пат во атар на село Калиманци сопреле патничко возило „фиат браво“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А. со сопатници И.А. и Д.Т. и патничко возило „опел вектра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.И. од Виница со сопатник Ј.М., при што во двете возила биле пронајдени и одземени метален детектор и алат.
По насоки на надлежен јавен обвинител и по извршени проверки во содејство со кустоси од Музеј „Теракота“ Виница во село Калиманци било констатирано дека пријавените во временскиот период од 13 до 15.12.2025 извршиле ископ.
По наредба на Основен суд Виница, извршени се претреси во домовите на М.И., С.А. и И.А., при што биле пронајдени и одземени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети со различна големина и друг алат. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец: ограбил манастир во Неготино
Вчера во 12:30 часот во Неготино, од страна на полициски службеници од ОВР Неготино од слобода е лишен 44-годишниот М.А. од Прилеп, по добиена пријава дека истиот ден околу 09 часот, со употреба на сила, одзел пари од манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и М.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

