Црна хроника
Малолетник за забава и се јавувал на директорката на „Шутка“ и и се заканувал
Малолетник заедно со своето друштво за забава се јавувале на повеќе телефонски броеви по случаен избор, се заканувале и ги навредувале соговорниците
Една од жртвите била директорката на истражниот затвор „Скопје“ Сузана Гавриловиќ, која случајот го пријавила во полиција.Полицијата, при увид во листингот утврдила дека бројот бил во сопственост на дваесетгодишно момче од Прилеп. Но од извршениот разговор констатирале дека бројот не бил негов, па било повикано уште едно лице од село Ропотово, Прилеп, кој кажал дека сопственик на бројот е четиринаесетгодишник од крушевското село Саждево.Малолетникот бил повикан во полициска станица, каде пред својата мајка признал дека пред еден месец, околу 23 часот, додека седел со неговите другари се договориле по случаен избор да се јавуваат на повеќе телефонски броеви со цел да се забавуваат.Тој рекол дека навистина свртел на бројот на директорката и дека и се заканувал и ја навредувал. Против него е поднесен посебен извештај кој е доставен до Јавното обвинителство за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

