Спорт
Трагедија на трка во Италија – велосипедист усмрти човек! (вознемирувачко видео)
Велосипедската трка Трофео Кастелфидардо во Италија заврши со трагедија во неделата, откако спортскиот директор на тимот Вирис Вигевано, Стефано Мартолини почина откако беше удрен од 23-годишниот велосипедист Никола Венкјарути (Ворк сервис).
Венкјарути ја загубил контролата на велосипедот на 400 метри пред крајот кога се удри со брзина од околу 60 км/ч во Мартолини, кој ја следел трката на тротоарот. 41-годишниот Мартолини паднл на раката и починал веднаш, додека Венкјарути завршил во болница со скршен ‘рбет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гобер повторно е најдобар дефанзивец во НБА
Руди Гобер (31) по четврти пат во кариерата, а првпат во дресот на Минесота Тимбервулвс, е избран за најдобар одбранбен кошаркар во НБА.
Французинот се израмни со Дикембе Мутомба и Бен Валас на вечната листа. Доколку уште еднаш ја добие престижната индивидуална награда, ќе стане апсолутен рекордер.
Како и досега, мислењата и овојпат беа поделени околу тоа дали центарот на Минесота ја заслужил наградата. Недолго откако НБА ја објави оваа вест, се појавија статистички споредби, според кои помладиот соиграч на Гобер од француската репрезентација и прв пик од минатогодишниот драфт, Виктор Вембањама, сезонава е подобар во сите релевантни статистички категории кои ги дефинираат дефанзивните перформанси, но младиот ас на Сан Антонио Спарс ќе мора оваа сезона да се здоволи само со наградата дебитант на годината.
Во својата втора сезона откако беше трејдуван од Јута Џез, Гобер им помогна на Тимбервулфс да станат најдобриот одбранбен тим во лигата, дозволувајќи им на противниците најмалку поени и најниските проценти на шут во НБА.
Гобер, регуларниот дел од сезоната го заврши со просек од 14 поени (66,1% шут), 12,9 скока и 2,1 блокади по натпревар.
Спорт
(Видео) Оклахома го доби Далас, Кливленд без шанси во Бостон
Кошаркарите на Оклахома поведоа против Далас во полуфиналето од плеј-офот на Западната конференција, откако го добија првиот натпревар со 117:95.
Оклахома ја предводеше Шеј Гилџес-Александер со 29 поени, девет скока и девет асистенции. Чет Холмгрен постигна 19 поени, седум скока, три блокади и две украдени топки, а Џејлен Вилијамс имаше 18 поени со пет скока и пет асистенции.
Во тимот на Далас Кајри Ирвинг постигна 20 поени, Лука Дончиќ имаше 19 поени, девет асистенции и шест скока, (шут 6/19), а Даниел Гафорд додаде 16 поени, 11 скока и пет блокади.
Селтикси во првиот натпревар ги победија Кавалирс со 120:95, а победничкиот тим го предводеа Џејлен Браун со 32 поени и шест скока и Дерик Вајт со 25 поени и пет асистенции, постигна седум тројки во 12 обиди.
Во победата придонесоа Џејсон Тејтум со 18 поени и 11 скока, Пејтон Причард со 16 поени, а Џру Холидеј со 14 поени и шест скока.
Во тимот на Кливленд најефикасен беше Донован Мичел со 33 поени со шест скока и пет асистенции.
Спорт
Англиски тренер доживотно исфрлен од фудбалот, 27 години работел во Челси
Гвин Вилијамс (76), човек кој 27 години работел на различни позиции во Челзи, добил доживотна забрана за тренерска работа, откри Атлетик. ФА, забраната за Вилијамс ја вовеле уште во 2019 година, но таа не била објавена во јавноста бидејќи англиската ФА нема пракса да објавува такви информации.
Вилијамс бил казнет поради расизам и малтретирање играчи. Атлетик пишува дека тој секојдневно на расна основа злоставувал момчиња на возраст од 12 години.
„Јазикот што понекогаш го користел кога разговарал со црните играчи бил суров, шокантен“, изјавил еден неименуван играч во истрагата.
Против Вилијамс биле поднесени и две пријави до полицијата, вклучително и обвиненија за сексуална злоупотреба на играч од младинскиот тим на Челзи. Сепак, полициските истраги не доведоа до обвиненија. Вилијамс ја негираше вината и во двата случаи, а врз основа на тие информации ФА одлучи дека тој не претставува сексуална опасност за децата.
Вилијамс имал различни улоги за време на неговите 27 години во Челзи. Покрај работата со помладите категории, тој бил и главен скаут и помошник тренер во штабот на Клаудио Раниери.
Тој го напушти Челзи во 2006 година, по што седум години беше технички директор во Лидс Јунајтед. Таму добил отказ откако испратил порнографски слики на колегите по електронска пошта.